Наргиз Закирова

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Локација
На Венера
Веб-сајт
www.facebook.com
Пејачка која дефинитивно заслужува да има тема. После едно изгледано нејзино видео никогаш до сега не сум се изненадил толку многу како некој пее во живо. Вечерва се обидов да побарам на интернет околу нејзе и навистина наидов на доста одлични песни кои верувам на вас ќе ви се допаднат посебно нејзниот настап на "The Voice" со песната "Still loving you"

Наргиз Закирова е по потекло од Узбекистан, родена е во градот Ташкент 6.10.1971 (42 год.) Која сега живее во САД. Потекнува од музичко семејство . Мајка Каримовна Закирова поп пејачка од 60,70тите. Татко Полат Сионовицх Мордокају - Бубњар. Баба Схоиста Саидов била фолк пејачка. Дедо Карим Закиров (1912-1977) Бил оперски пејач за време на ССР. Вујко Батјр Закиров , (1936 - 1985) Бил уметник,глумец,пејач,текстописец. Вујко Фарук Закиров бил пејач. Вујко Јамсхид Закиров (1949-2012), узбекистански глумец,режисер, тв водител. Почитуван од народот во Узбикистан.
На своите 4 години на својот прв настап ја има испејано песната "I, you, he, she ..." од Софиа Ротару. На своите 15 години ја добива својата прва награда на фестивалот Ормала 86' со песната "Remember Me"

Наргиз Закирова во 2013 поминала низ три фази во американскиот X-Factor каде што добила "golden ticket" до конечната аудија но таа сепак избрала да учествува во руската тв програма "The Voice"
Наргиз Закирова е омажена за Италијанскиот музичар Филип Болцано. Наргиз Закирова има три деца Сабина (24 години), Лејла (13 години) и синот Ауел (18 години).

VK
VK GROUP
SOUNDCLOUD
WEBSITE
FACEBOOK
INSTAGRAM
TWITTER

Морам да цитирам нешто кое Леандра го имаше вчера постирано. Патем од нејзиниот пост вчера прв пат ја слушнав женава како пее феноменално.

Буквално останав со подзината уста. Оваа изведба е десет пати подобра од оргиналот на Шкорпионс. Женава е феноменално нешто што имам видено како ја износи цела песна, каков глас, какви емоции, став. Мој длабок поклон, многу реномирани пеачи може да и позавидат, а она учествува во некакво си Руско шоу на таленти.

Жанр: Рок, Фолк рок, Поп музика.

Еве го тој одличен настап на Наргиз Закирова


Останати нејзини песни кои мене ми се допаднаа


Слушнете ги останатите најдобри песни од неа Клик тука
 
Уште еден оргинал замина во неповрат од Наргиз. Ова е оргиналната верзија прво неа слушнете ја, преубава руска песна.

После слушнете ја Наргиз сама и во дует, колку е тоа моќно, колку е тоа само совршено, неверојатна е иззведбава.
 
ооооо не знаев дека сте отвориле тема за неа
тек сега ја видов (y) одлично .Sky.
полн погодок:icon_lol:

 
Гласов и е зарипнат на настапов, оваа песна може *100 да ја отпее. Важно помина во финале нели?
 
Гласов и е зарипнат на настапов, оваа песна може *100 да ја отпее. Важно помина во финале нели?



Да еве ја Наргиз во финалето
 
Одлично отпеано!
Дали по коментариве што читам она не победила? @cool@?
Изгледа нема победено.Тоа е кога се чека на гласови по тел. победникот никогаш нема врска со реалноста.

Мене оваа ми е омилена.

Оваа исто е од финалето.

Полуфинале.

Со мажот и.

Многу фанови сме се собрале тука, една рака.:D
 
Сега видов, победил тој оперскиот пејач. Преку таквото од овие оперистиве на вакви натпревари. Ајт гитла таму у опера пеј, што туку се бутаат во вакви шоуа. Тие треба да се избркаат, ако ми стало до опера и оперски гласови ќе идев на опера!
 
Сега видов, победил тој оперскиот пејач. Преку таквото од овие оперистиве на вакви натпревари. Ајт гитла таму у опера пеј, што туку се бутаат во вакви шоуа. Тие треба да се избркаат, ако ми стало до опера и оперски гласови ќе идев на опера!
И русиве не се тоа што беа, глумат американци.Демек го најдоа човекот нешколован, прост, може и на улица спие и оп оперско пеење, па во несвест сите.Ептен мразам вакви шоуа, никогаш не ги гледам едино добро од нив е што ќе отскокне по некој талент кој народот ќе го прифати а нема да победи.
 
Многу мие жал што Наргиз не победи во финалето но ок има и друга добра страна барем се промовираше и доста фанови собра преку шоуто само не мие јасно како може една ваква жена со ваков талент на пеење да не победи на вакво шоу. Оперскиот пејач што победи го слушав баш да видам како пее далеку полошо има пеење од Наргиз има голема разлика помеѓу нив но очигледно граѓаните на Русија многу, многу не се разбираат од музика... Мое мислење не би требала Наргиз да учествува понатака во некои си вакви шоуа бидејќи навистина жената си има квалитети да стане позната пејачка.
 
Не знаев за темава ебате, мислев дека сам сум у државава што го прати Голос ради Наргиз :)

И русиве не се тоа што беа, глумат американци.Демек го најдоа човекот нешколован, прост, може и на улица спие и оп оперско пеење, па во несвест сите.Ептен мразам вакви шоуа, никогаш не ги гледам едино добро од нив е што ќе отскокне по некој талент кој народот ќе го прифати а нема да победи.



Нема врска, типот имаше гласиште, да бидемо реални..
Затоа и шоуто се вика Глас.. Жирито не ги гледа, не ги суди ни по изглед, ни по стил, туку само по нивните гласовни способности... Нема врска што бил од улица или такво нешто...

Наргиз беше најкомплетен пеач од сите четворица финалисти но не победи затоа што е од Ташкент, и живи и плаќа данок у Америка !!
А оперскиот пеач беше најдобар од последните четворица, иако после Наргиз, Антон Белјев ми беше фаворит, али он на крај не ни влезе у големото финале мислим...

Ни жирито не ја сакаше многу, освен Леонид Агутин !!

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom