Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Што беше причината да не може да се извршат измени во законот, и за одредена сума некој да може да купи лиценца за локал во којшто ќе може да се пуши?
Демек народот ќе се залетал во тие локали и нема никој да доаѓа во непушачките локали и следствено на тоа непушачите ќе немаат достап до пиче? :icon_lol:

И според оваа логика, пушачите се себични и инаетливи?

токму така :icon_lol:
1796640939a846569fb8d154.jpg
 
Само да те поздравам и немој да заборавиш да вдишиш длабоко пошто сега секако воздухот е каде каде почист пошто нема чад од цигари. Има додуша се друго ама битно чад од цигари нема ;)
 
Баш се прашував кога ќе се јави некој... :)

Јас пак од ум не те извадив, си реков тој мака имаше од цигара, а не пак сега. Ни ојде чоекот:).
Сега како што е вака чист воздухот дали не си помислуваш на момент дека чадот од цигари и не звучи така лошо?
 
Змија да те апне, или магаре да ти го бапне... па и не е баш некој избор, а? ;)

Не би рекол дека споредбата ти е на место.
Воздухот со боен отров е поздрав од тој што го дишиш моментално. Ама на момент заборавив дека ти само дома седиш така да немаш гајле:).
Ќе дувни некој ветер или ке падни снег порано или покасно, не се секирајте.
 
Таман си е споредбата. Воздухот тука е за никаде, но со тутунски чад не ќе е дека ќе го прочистиме.
 
Не беше тоа муабетот, а ти тоа многу добро го знаеш, само што ете егото не ти дозволува да признаеш дека си згрешил и дека законот е жива глупост и тоа на квадрат. И сам знаеш дека воздухот што сега го дишеш е каде каде поштетен од самиот чад од цигари и дека најверојатно само во овие неколку дена( кои најверојатно ке се претворат во недели) ке вдишиш многу повеќе штетни материи во многу поголеми количини кои најверојатно ке ти направат многу поголема штета отколку некој по цел ден цела година да ти дише во фаца. И затоа на крај испаѓа дека тебе ти го украдија цело магаре, ти за самарот се фати. Ајде ние пушачите сега ке се тешиме или ајде ке ни биде полесно дека сами си се труевме, ама како ке се утешите вие што се испењавивте за чадот од цигари а сега вдишивте доволно реални отровни материи, честици и што ли уште не како да сте пушеле 300 години а смрдените алишта ви идат како бонус.
Само видиш јас не сум толку себичен како што милувате да не наречете и дури сум помалце себичен од просечен непушач па ете посакувам набрзо да дувни ветер или да заврни снег па состојбата да се нормализира. Дали и вие истото ке го посакате за вашите неистомисленици или уште ке пукате од среќа што конечно бил донесен закон со кој некој се грижел за вашето здравје, пошто тој некој очигледно ептен е “загрижен“ за вашето здравје. Сети се на овој муабет секогаш кога ќе го отвориш прозорот за да влезе чист свеж воздух дома, секогаш кога ке излезеш надвор и кога длабоко ке вдишиш чист свеж градски воздух.
Поздрав и секое добро.
 
Не беше тоа муабетот, а ти тоа многу добро го знаеш, само што ете егото не ти дозволува да признаеш дека си згрешил и дека законот е жива глупост и тоа на квадрат.

Баш никако не ми е јасно зошто мислиш дека овој закон е „жива глупост„ затоа што вториот дел од цитатот (доле) е вистинит. Овде загадувањето е ужасно, но не чуствувам никаква желба да ме дотепаат со тутунски чад. Треба да се запре загадувањето од другите загадувачи, но тоа нема врска со овој закон.

И сам знаеш дека воздухот што сега го дишеш е каде каде поштетен од самиот чад од цигари и дека најверојатно само во овие неколку дена( кои најверојатно ке се претворат во недели) ке вдишиш многу повеќе штетни материи во многу поголеми количини кои најверојатно ке ти направат многу поголема штета...
 
Баш никако не ми е јасно зошто мислиш дека овој закон е „жива глупост„ затоа што вториот дел од цитатот (доле) е вистинит. Овде загадувањето е ужасно, но не чуствувам никаква желба да ме дотепаат со тутунски чад. Треба да се запре загадувањето од другите загадувачи, но тоа нема врска со овој закон.
па баш затоа што многууууу побитни работи треба да се забранат, ама се почна од најмалку битното. во тоа е глупоста на законот за пушачи.
тоа исто му доаѓа како прво го градиш кровот, па после тоа правиш темели ...... уствари “треба“ да правиш темели, ама никако да ги направиш. важно си го направил кровот и си дреме некаде во некој хангар.
 
па баш затоа што многууууу побитни работи треба да се забранат, ама се почна од најмалку битното. во тоа е глупоста на законот за пушачи.
Во тоа можеме да се согласиме, глупост е да се реши еден проблем а да се игнорираат другите проблеми. Тоа е како на еден резервоар за вода да затнеш само една дупка, ако ги игнорираш другите дупки водата сепак ќе истече.
 
Во Писмото, пушењето цигари e именувано како "демонско кадење". За Боговерните, ова е доволно за да се држат настрана од овој порок, штетен не само по здравјето на физичкото, овоземно тело кое ни е дадено од нашиот Творец на привремено користење, ами и по нашата душевна чистота, а неверниците ќе си пронајдат изговор за својата порочност и огревовеност.
 
:pos: мики1 хахахахахахах
 
Ако Бог - До Ре Ми Фа Сол Ла Си До, Бог = До, 1 (Отец) +1 (Син) + 1 (Светиот Дух) = 1 (Бог) Бог =1 Бог = Јас, го создал човекот да пуши цигари, ќе му создадел орган преку кој ќе излегува чадот (ова мислам го имаше кажано некој од владициве) :ROFLMAO:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom