Конечно сфатив дека сепак било возможно човек да се смени, иако секогаш го тврдев спротивното. И тоа не само неговите навики, туку и неговата суштина, неговата природа, едноставно да му се случи тотална метаморфоза на личноста поради сплет на околности кои потоа имаат последица заради која одлучуваме да се смениме. За наше добро, за да не патиме повеќе и да не се самоповредуваме. Не се познаваме доволно себеси и нашите можности, се дотогаш дур не се најдеме гледајќи се во огледалото со рогови на главата, смешкајќи се, онака иронично. Или дур не не притиснат во ќошето.
Оваа година ќе ја паметам по тоа што го изгубив најдобриот "другар" во мојот живот.Долго време го влечкав како црево покрај себеси, во име на старите добри времиња и идеалот наречен другарство. Но сфатив дека понекогаш се соочуваме со такви моменти, преобразби и крстопати во животот после кои ништо повеќе не може да биде исто и секој мора да си го избере својот пат и да продолжи да чекори по него. Луѓето се менуваат, се менуваат нивните интереси, јас лично решив да расчистам со непотребниот мазохистички романтизам и да кажам- доста е. Се колебав долго време, но со секој изминат ден мојата одлука само зајакнува и повеќе не чувствувам грижа на совеста и проклето каење поради кое би страдал. Зашто едноставно, не вреди, такви се правилата на ебаната игра наречена живот и конечно беше време да се продолжи напред, по својот пат. Трагично е, но сепак мораме да ги прифатиме фактите во корист на нашата среќа. Да, таа е најважна, сепак.
Решив да се откачам од детските пороци, да се откажам од цигарите, почнав да посветувам повеќе внимание на здравата исхрана, почнав повеќе да се грижам за своето здавје иако немам никакви здравствени проблеми.
2013 најмногу ќе ја паметам по тоа што конечно собрав храброст, после 6 години љубов, караници, среќа, раскини, очај, екстаза, нерви во неповрат, идими-дојдими, ти реков ми рече, соочување со фактот- времето лета и не те прашува ич- да клекнам. Мислев лесно ќе биде, но знам дека рацете ми трепереа и нозете ми се отсекоа, гласот ми прерипна, срцето ќе ми експлодираше од возбуда, но сепак преживеав. И се смеам, се смеам зашто сум среќен и зашто ми кажа-ДА. Сите тие лоши работи кои ги набројав- се исплатеа. И не жалам поради тоа, не очекувам од животот перфекција, затоа е и љубовта толку многу убава, баш поради тој спектар на емоции и доживувања(позитивни и негативни).
Оваа година го вкусив и медот и горчината на заедничкиот живот, на тоа да решиш и допуштиш некој скоро целосно да влезе во твојот живот, иако секогаш ќе има дел за кој само ти лично ќе знаеш и сам ќе си уживаш во него. Научив што е компромис, научив што е меѓусебна почит, научив отприлика горе-доле што е всушност жената, научив што е вистинска љубов(не како оваа на филмовите и не како кога си тинејџ). Ме плашеа, ме кудеа, ми велеа немој, ќе се заебеш.На крај јас ги заебав сите, јас не се чувствувам заебано, напротив, среќен сум, посреќен од било кога. Научив и дека е невозможно тешка мисија да задоволиш жена во било кој поглед, дали емотивно дали сексуално. И сега им се смеам на мажињата кои се прават ебачи и растураат од ебење после кое сиротата не можела да оди
Како последица на ова, планот за наредната година е веќе официјално да се рипне во тавче, се надевам само дека нема да изгорам, туку ќе ме стаат на тивко барем. Тоа ќе биде летово, една недела после мојот роденден. Сеуште размислуваме каде би патувале, но има уште време и тоа е најмалиот проблем, а ветувам дека ќе пратам слика од местото посебно за вас кајганџии. Би сакал да си купам едно ново количе,толку. Веќе сум изгорен за деца, можеби и сум пишувал дека очајно сакам едно девојче, невестава ја толерирав до пред една недела со нејзините муабети дека не сакала да биде трудна невеста, како ќе играла, бла бла, клишеа од кои почна да ми се повраќа. И и реков- кој те врти,феминистко проклета, ако не сакаш нема ни да добиеш до свадба, така да почнав веќе и на случајот да работам
Сакам наредната година да не запалам ниедна цигара, конечно да се ослободам од тој порок кој ме прати толку долго време. Сакам да се направам 100 кила со 15 посто бодифет, сакам да грмам кога ќе се појавам(некогаш сељачкото во мене испливува на површина,знам). Сакам да запознаам нови личности, да почнам да им давам повеќе шанси на луѓето кои не ми се толку блиски а кои пројавиле почит, да проширам круг на пријатели. Сакам да си ставам тетоважа жена полуанѓел-полудемон, сакам да си купам точак. Сакам да му се посветам поинтензивно на читањето, сакам на курс по германски да се запишам.
Отприлика ова а,ако ми текне нешто во меѓувреме ќе едитирам дополнително
Не постојат новогодишни планови, постојат идеи кои се раѓаат во нас, созреваат и конечно експодираат. Новата година е само изговор и стимул, но ако, само за арно нека е.