Филозофија или Философија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.433
Поени од реакции
35.161
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Некои велат дека е правилно „Филозофија“, како што е во сите книги до сега што ги имам погледнато, а другите пак велат дека вистинскиот збор е „Философија“.

Лично, мислам дека нашите направиле огромна грешка во преводот. Правилно треба да е „Философија“. Нели, љубов кон мудроста, од „фолос“ и „софија“.

Какво е вашето мислење, и ако е правилно така (философија), зошто сеуште се применува стариот збор?
 
Oва е одамна решена полемика од страна..
Гарфилд, објасна тоа што треба, уште ко се караше еден членн со Мистичен..
Треба да е филоСофија, ѕаради Софија/

Така да нема наше ваше мислење, правилно е со С, али како шо кажа Гарфилд, од Х причини не било тоа досеа средено.... Тој нека објасни подобро
 
Оф
Филозофија би било правилно кога би било правилно филосоматиката, филозоматика да се вика. Ама ај, да не филозофирам за џабе. :)
 
Ја си стојам на своето ФилоЗофија
 
ФилоСофија.

Она „З” се појавило со годините заради звучењето на буквата С меѓу двете „О”. Доаѓа од термините "phillos" и "sophos", кои споени даваат - љубов кон мудроста.
 
Го знаете вицот може и со Ф, а може и со В....ај не ви го кажувам сега не ме бидува за вицеви, ова сега вака ке испадне дека џабе професорката по македонски ми давала подолни отценки...наместо со з јас пишував со с...е сега вие како сакате пишувајте...таа ме научи дека правилно е со з...професорка па мора да и се верува..сега ке испадне како можел некој диплома да и даде...пууу мајката неправда.:kafe:
 
Тогаш некои водечки личности од областа на високото школство во државава треба да си ја признаат грешката и под итно да го преименуваат „Филозофскиот” факултет во ФИЛОСОФСКИ!
 
Треба, а и на едно друго место реков, админситративно логистичките заебанции и немукаетот не дозволуваат сеуште да биде коригирана грешката.
 
Исти курац - разно паковање. Кога гледам дека луѓето ја црпат нивната филос/зофија од веќе постоечките - ми се иди да повратам. Како филос/зофијата да била Copy-Paste процес ебаве... :pov:
 
Добро, а зошто тогаш велиме „фудбал” кога зборот потекнува од зборовите Foot (нога) и Ball (топка) (ко божем не знаете...)?

Зошто не се вели „Футбал”, туку фудбал?

Немора се да се преведе „буквално”, така да... се повеќе мислам дека треба да си остане „по старо”, затоа што ако продолжиме вака - ќе имаме едне куп зборови за исправување.
 
Acid напиша:
Добро, а зошто тогаш велиме „фудбал” кога зборот потекнува од зборовите Foot (нога) и Ball (топка) (ко божем не знаете...)?

Зошто не се вели „Футбал”, туку фудбал?

Заради правилото за едначење на согласки во македонскиот јазик. Кое не може да се примени кај „философија“.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom