bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.330
- Поени од реакции
- 7.799
Состанок на иницијативниот одбор за стабилизација на ФК „Победа Прилеп“
На иницијатива на приватниот сектор и Општина Прилеп, ќе се поддржува развојот на фудбалскиот спорт во градот под Марковите Кули.
По тој повод иницијативниот одбор за стабилизација на ФК „Победа Прилеп“, одржа работен состанок на кој беше разговарано за превземање на клубот, кој досега го носеше името „Победа Јуниор“ и неговиот опстанок. На состанокот исто така беше истакнато дека ќе настане преименување на клубот во пролетната полуетапа во ФК „Победа Прилеп“.
Целта е оваа година да се обезбеди опстанок на фудбалскиот клуб „Победа Прилеп“, а до година и влез во првата лига. Според она што беше изјавено пред медиумите се очекува за три до пет години тимот да се стабилизира, да се ангажираат професионални тренери и да се зајакне неговиот состав, како и тоа да започне да се работи со млади категории и да си обезеди влез на меѓународна сцена. Со ова страсните навивачи ќе имаат можност повторно од трибините да ги бодрат своите фаворити.
Прилепските компании Прилепска Пивара, Кабелнет, Комфи Ангел, Жито Прилеп и Локалната самоуправа стојат позади иницијативата за реализација на овој долгорочен проект, со што повторно прилепскиот бренд ФК „Победа Прилеп“ ќе го добие заслуженото место во македонскиот фудбал.
http://10bez10.com/vesti/opshtina/1...ot-odbor-za-stabilizacija-na-fk-pobeda-prilep