- Член од
- 7 јануари 2012
- Мислења
- 816
- Поени од реакции
- 1.208
Иако доцниме половина сезона со отворањето на темава, сепак сметам дека заради интересот на голем број членови на форумов , меѓу кои спаѓам и јас, кои учествуваат во креирањето на содржините во одделот Ракомет , потребно е ставовите, дискусиите, прашањата и сите информации кои се попврзани со натпреварите од Бундес лигата, од Лига Асобал и француската ЛНХ лига, да добијаат поинаков и соодветен третман. Се надевам дека од овој аспект, отворањето на оваа тема ќе наиде на одобровуање кај сите ракометни фанови на овој форум.
За почеток еве еден сосема краток вовед во сезонава 2013/14 во германската Бундес лига.
47 издание на Германската ракометна лига (DKB Handball-Bundesliga)
Моменталната состојба на табелата по 17 одиграни кола е следнава
Flensburg Handewitt 29
THW Kiel 28 (- 1)
Füchse Berlin 26
RNL 25 (- 1)
HSV 25 (- 1)
MT Melsungen 21
SC Magdeburg 19
Hannover 18
TuS N Lübbecke 16
Lemgo 15 (- 1)
.
.
.
Бранител на титулата е тимот на Кил кој истовремено е рекордер по бројот на освоени титули во германската прва ракометна лига. По реформирањето од 1965-та година, Кил има освоено 17 титули, а зад него се тимовите на Гумерсбах со 12 и на Гросвелштад со 6 титули.
--- надополнето: 13 декември 2013 во 01:41 ---
На врвот од листата на најдобри стрелци во лигата, до ова 17 коло, се левото крило на Мелзунген, Михаел Алендорф, кој патем игра брилијантна сезона, Робер Вебер од Магдебург и Марко Вујин од тимот на Кил со по 117 гола.
Инаку рекордер во конкуренцијата “најголем број постигнати голови во една бундеслигашка сезона” е секако легендарниот јужно-корејски десен бек, Кјун-Шин Јон (Yoon Kyung-shin), кој во сезоната 2001/2 постигна 324 гола во дресот на Гумерсбах. Истиот играч е рекордер и по бројот на освоени “титули” најдобар стрелец на Бундеслигата, дури 8 пати и тоа шест пати последователно во периодот од 1997-2002 како играч на Гумерсбах. Кјун-Шин Јон е прв и на вечната листа на најдобри стрелци во Бундес Лигата со 2905 гола во 406 одиграни средби. За жал, никогаш не успеа да ја освои Бундес лигата.
--- надополнето: 13 декември 2013 во 01:42 ---
Лигата исто така ги организира и Купот (DHB Pokal) и Супер Купот (DHB-Supercup) на Германија. Освојувач на минатогодишниот куп беше тимот на Кил, кој во финалето на Lufthansa final four турнирот во Хамбург го победи тимот на Фленсбург Хандевит. На овогодинешниот пак Супер куп Фленсбург се реваншираше, совладувајќи го Кил во Бремен, пред самиот почеток на овогодинешната лигашка сезона.
Покрај лигата и куповите , од 2000-та година се организира и ALL-STAR натпревар , вообичаено во првата недела на февруари, на кој од 2005-та година играат Германската национална селекција против дрим тимот од лигата. Во периодот од 2000 – 2005 година натпреварот го играа дрим тимот на северот наспроти оној на југот. На крајот од натпреварот се доделува и признанието за најкорисен играч во сезоната. Ова признание досега по два пати го добиле само Никола Карабатиќ (2007, 2008) и Олафур Стефансон (2001, 2002), додека за MVP на минатата сезона беше прогласен Домагој Дувњак.
Изборот на играчи за овогодинешниот ALL STAR натпревар заврши вчера. На долниот линк има видео каде може да ги видите играчите кои ќе настапат за дрим тимот на лигата.
http://www.handball.de/artikel/das-all-star-team-der-dkb-handball-bundesliga-steht-fest-1386849933.html
Преноси од натпреварите кои ги реализира Sport1, може да се најдат на еден куп сајтови, а некои ги пренесува и Arena sport.