Сите разбираат освен ти што одиш оф-топик на темава.
Ти немаш знаење. Прочитај си ги постовите по форумов (од прв до последен) малку подобро и ќе видиш и самиот. Се е „бла бла ти врска немаш, бла бла секташ, бла бла атеисти глупави, бла бла ти си ваков онаков...“ и слични глупости ако некој не се сложува со твоите размисли или ако ти каже дека не така како што ти зборуваш.
Така да, твоето знаење, чувај си го за себе си, доста е смеење.
Ти си секташ по тоа што го кажа самиот за себе си - сите го знаевме тоа од самиот почеток дека ти не си христијанин, ниту пак се бориш за некаква религија! Ти се бориш верувањето да биде над знаењето - бидејќи не можеш да имаш знаење!
Не така!
Комбинирање на верување, не на знаење (религиите не нудат знаење, нудат вера, надеж и љубов само за оние кои се од иста религиозна групација) правиш ти!
И тоа е всушност секташкото оправдување кое гласи: јас комбинирајќи од секоја религија сешто, направив свој бог кој што е над сите (или поточно секташот вели: јас го разбрав богот и сум над сите припадници на оделни религии, кои се ограничени и слепи). Си создадов сваќање на нештата кои се точни за мене и ќе ви дрдорам сега на вас за тоа и вие сте прости и никакви бидејќи не го разбирате големиот бог!
Не така Гурџич... не така...
Ти одговорив на прашањето! Види погоре. Иако нема врска со темава твоето дрдорење! Ако тебе некој бог те пратил тука, тешко и на богот и на верниците во тој бог! Ако твојата волја ја управува Исус, лошо! Ако имаш судбина - уф
Од лошо полошо. Сакаш уште да ти одговарам?
Препрочитај си ги размислите по форумов. Доста беше сите да ги нарекуваш секташи - кога ти си токму тоа и неспособен да одговориш на ниедно прашање, ниту философско ниту религиозно!
Не знаеш ниту да поставиш прашање всушност и со тоа си офтопик! Ти не знаеш кое прашање е религиозно? А трчаш да даваш одговори? Чудно!
Ајде доста за твоето неблагодарно жалење од сите и твоите проклети навреди кон сите и повели ти кажи ми на мене за текстот со наслов
„Улогата на јогата и трансцеденталната медитација“, напишана на официјален портал на МПЦ-ОА (Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија, непризнаена од ниту една друга православна Црква) како може да бидат толку негативно настроени овие свештени лица кон источните школи и пракси?
Како може да објават текст кој што за јогините велат дека се под палката на „нечестивиот“?
Која тоа љубов тие ја шират - мудрите ни свештени лица кои се преставници на една религија која би требало нели по канонот да е вистинската христијанска љубов, разбирање,итн итн.. (не би сакал да користам како тебе простачки изрази како „бла бла“ во говорот)?
Прочитајте го текстот на тој портал и ми кажете: што свештени лица се тоа штом така ги буткаат сите во еден кош без никаков срам? И нивната волја ја бутка Исус, а Гурџич? Богот им ја управува волјата? Нивните писанија се божествен збор кон неверниците? Тоа ќе ми кажеш?
Оди да учиш за христијанството! Оди разговарај со свештени лица, оди види кој ти ја води црквата за која сите ги навредуваш тука (а не си ни кој знае каков верник ти во секој случај, самиот рече: комбинираш сешто за да не ти се најде крајот на твоето непознавање на материјата).