Добро, не секогаш лошото момче потфрла во животот, иако момаков на сликава неколку пати беше на работ на пропаста. Вие жени едноставно мешате некои поими кои означуваат одредени социјални групи т.е. категоризации кај мажите.Иако на крајот, да, сите можат да се сврстаат во групата говеда(фала ти Лангелина, баш си "фина" но сепак реална

) На пример, Чарли ти е типичен badass motherfucker, идол на секое момче кое барем на месец дена би сакало да го изживее неговиот промискуитетен и со алкохол и дрога збогатен живот, но е далеку од алфа мушкарчина. Де, не седевме заедно па да го проценам дали е алфа или бета, можеби и омега, но самата положба и финансиска ситуираност му го овозможија комфорот и му ги платија лудостите поради кои скоро и си го уништи животот. Тој нема проблем со тоа да има проблеми со законот, да купи кило кокаин и за една вечер магично да му испари, да плати две порно глумици кои коштаат колку една животна просечна македонска плата за една вечер кои, ете, едноставно му го праеле кејфот. Го заболе за моралниот кодекс, законите не се граница и никако не го ограничуваат. Можеби не учествувал во тепачки, не рипнал кога во локалниот бар го исшутирале неговиот другар бидејќи бил дрво пијан и не можел да го дигне газот од конопојот, но затоа џигерот го истрпе куроболието на Чарли и неговата склоност кон автодеструкција.
Чарли си е Чарли благодарение на веќе споменатиот фактор-пари, но обичниот лош момак е тотално на маргините на општеството, обично завршува бедно и потпросечно со цироза на јетра или ако е среќен, во најдобар случај во затвор. Дури, во нашето ни селско Скопје, лошо момче ме асоцира на типови како Жули и Зафир. Нека не ми се пише грев што трошам интернет простор за вакви имиња. Сепак, повеќе обрасци на однесување го одредуваат момакот како лош, не е само алкохолот или тепачките, но сигурно тоа не е успехот кај жените.
Жени, за вас ова ли се алфа-момци? Тотални отпадници и ѓубриња со тажна судбина? Ова ли се бунтовници без, или со причина? Зарем навистина сакате да бидете заведени и да се шмугнете во постелата на вакви пропалитети?
Алфа е нешто друго, тој заслужува секаква почит, да тој е сон на секоја жена поради други причина поврзани со еволуцијата и биологијата. Имало пост за алфа, а толку многу е рано, ме мрзи да пишувам и уште не сум си го испил кафето
