SHANE
Др.Акула
- Член од
- 30 април 2008
- Мислења
- 1.453
- Поени од реакции
- 853
Не си во право, зашто секоја војна светска давала и антихрист кој ја водел, наполеон, хитлер, и сега треба да дојде третиот кој ќе биде последен антихрист, кој ќе завладее со цел свет пред да дојде гопсаод исус христос по втор пат.
Пред 100 години се живеело со повеќе морал и правда и не можел антихристот да се појави да дејствува, сега кога луѓето 99% се надвор од правиот пат на верата и начинот на живот е многу лесно некој да ги излаже и да ги манипулира а тоа е лукавиот. така да времето е блиску, а колку е тоа блиску тоа никој не знае.
Хитлер и Наполеон биле луѓе со различна идеологија и немаат ама баш никаква допирна точка со религијата.
Наполеон и Хитлер многу веројатно биле окултисти(како и многу други до ден денес).
Ако одиме по таа логика секој владетел во некоја земја е Антихрист.
--- надополнето: 15 декември 2013 во 20:17 ---
дали антихрист е исто што и во куранот со лажниот исус?
Во исламот е наречен Деџал(големиот заведувач).
Суштество со посебни моќи(читање мисли,“оживување мртви“,силен,едноок(т.е ќе има две очи но на едното слеп),на неговото чело ќе пишува Ка,Фа,Ра(кој ќе може да го прочита секој писмен и неписмен верник),ќе влезе во секое место освен Мека и Медина(према нарациите од пратеникот,ќе дојде до Медина која тогаш ќе има седум патишта кои ќе влегуваат во Медина,но не ќе може да влезе таму бидејќи Медина ќе ја чуваат Ангели),ќе се прокламира себеси прво како божји пратеник а подоцна како бог.
Ќе владее на земја 40 дена,еден ден како една година,еден ден како еден месец,еден ден како една недела а другите нормални денови(во наше време).
Друго,никој жив човек нема да може да го уништи освен Иса а.с(Исус).
И многу други работи, али вака на кратко.
Да,може да се рече лажниот Исус.