Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.915
Поени од реакции
84.325

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Излезе солидна снимка од лезбејскиот
Blue.Is.the.Warmest.Color.2013.SUBBED.WORKPRiNT.X264.AC3-PLAYNOW

RELEASE SIZE.. 1.62 GiB
RESOLUTION.... 718 x 300 pixels

Нешо ко скринер е. Е сеа, има залепен англиски превод на сликата а горе и доле има доста црнила и малце тапа е тоа. Исто така и горе на екранот има некое времетраење.
Шо ви објаснувам уствари
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Кој е подобар The Past или A Separation ?

Јас првиот го гледав убав беше ама речиси ништо екстра сега се мислам дали да го гледам Разделба иако знам дека доби Оскар
--- надополнето: 15 декември 2013 во 15:17 ---
Хахаха Up Speed 0 а торентите ти стојат во програмот
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
КОј го бараше Дон Џон , @Blondie мислам беше ,ете го искочи на убава слика. Ако не го најдеш пиши ПП ке ти пратам линк
 
G

grande-juve

Гостин
Кој е подобар The Past или A Separation ?

Јас првиот го гледав убав беше ама речиси ништо екстра сега се мислам дали да го гледам Разделба иако знам дека доби Оскар
A Separation е ремек дело, другиов само солидна драма
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.647
The Hunger Games (2012) и
The Hunger Games: Catching Fire (2013)



Прво, ме фаќа некоја тага кога гледам колку многу луѓе не разбираат што значи дистописки филм и со тоа комплетно ја промашуваат суштината и пораките на филмот и го сведуваат на гола акција. Затоа најдобронамерно ќе почнам со неколку кратки дефиниции:

1. Утопија
Имагинарно место (општество) во кое се е перфектно. Поинаку: премногу добро да биде вистинито.

2. Дистопија
Имагинарно место (општество) во кое работите се лоши, луѓето живеат бедно, во страв и во терор (најчесто тоталитарен систем). Поинаку: премногу лошо да биде вистинито.

3. Дистописки филм
Обично со дејство сместено во иднината, во општество во кое владее терор. Најчесто, дистописките филмови имаат за цел да предупредат на можни темни сценарија и последици.


Сега да почнеме околу филмовите:

Општо
Се работи за трилогија која се снима според Sci-fi новелите на Сузан Колинс. Третиот филм ќе излезе во 2015 и со тоа ќе се комплетира целата трилогија. За авторот на новелите кои се разбира не ми се читани, секоја чест на имагинацијата и креативноста, како и на оние заслужни за пренесувањето на оваа приказна на филмското платно. Прочитав дека книгите се многу понасилни а филмот е повеќе софт-верзија. Двата филмови кои излегоа до сега имаа различни режисери. Првиот дел има 78 милиони $ буџет, а вториот 130, што се забележува и кај ефектите. Оцените на IMDB 7,2 и 8,1. Мои оцени 9.0 и 8.5.

Дејство
Во некоја подалечна иднина постои земја наречена Панем во која има 12 области и главен град. 74 години порано сиромашните луѓе од областите се дигнале на востание кое било загушено. Со цел да ја прославува победата но и да го одржува стравот помеѓу луѓето, владата секоја година одржува игри наречени Hunger Games во кои секој од овие области дава по две деца кои учествуваат во игрите, борејќи се до смрт пред очите на целата јавност. Кога ќе ја изберат малата Прим, нејзината повозрасна сестра Кетнис (Џенифер Лоренс :love: ) се пријавува да ја замени. И така натаму.

Актерска екипа и глума
Ф-а-н-т-а-с-т-и-ч-н-а.
Сериозно, ако некој гледал блокбастери со ваква глума нека ме потсети зошто ништо не ми паѓа на памет. Прво, Џенифер Лоренс си гази, станува се подобра и подобра и ми се чини дека во моментов нема никаква конкуренција (дека Ане :love::love::love: е на заслужен одмор). Во двата филма видов вистинско внесување во улогата, нештедење емоции и конечно, не било срамота да се глуми во блокбастер - само требало да се глуми. Веројатно од многу кеш забораваат луѓето па мислат дека во блокбастер треба само да се трча и да се пука. Овој за среќа е различен, не само поради Џенифер туку и останатите: Вуди Харелсон, легенда, во улога на поранешен победник на игрите а сега алкохоличар и ментор на Кетнис и Пита, Елизабет Банкс која навидум глупава шмизла има емоции кои од страв ги притиска во себе, Стенли Тучи како тв водител во системот задолжен за перење мозоци и одвлекување внимание, Доналд Сатерленд во улогата на претседателот па дури и Лени Кравиц... и да не набројувам.

Визуелни ефекти:
Во првиот дел добри, во вториот дел фантастични, посебно ми се допаднаа сцените во вториот дел во вежбалната со тие жолтите ликови што симулираат напад, многу креативно и оригинално.

Саундтрак
Еве го од саундтракот од првиот дел, со lyrics: http://www.youtube.com/watch?v=7TYpy-24NdY&list=PL5ADB3847562D3784

Сценографија, костимографија
Одлично направено. Од луксузот во главниот град, до бедотијата во областите. Извалканите работници и блескаво чистите војници во бело, фустаните на обичните жени и оние на богатите. Арената во вториот дел но она што беше епско и што ќе го паметам како флешбек: сцените кога пристигнуваат со кочиите кои се на нивото на Бен Хур, топ квалитет за моменталните услови, ја доловуваат грандиозноста на игрите, и секако Mockingjay моментот:

Мал спојлер во форма на скриншот:

Впечатоци:
На мојата скала на дистописки филмови оваа трилогија оди во самиот врв. Едноставно не можам да му најдам сериозни маани и комплетно уживав во двата дела. Во вториот повеќе зошто го гледав на кино и зошто визуелно е подобар, но сепак сметам дека првиот филм е подобар поради приказната. Во првиот филм оној момент во кој се насетува отпор и револуција е во преден план низ целиот филм, додека во вториот филмот премногу свртува на акција и се занемарува во некој мера суштината, а тоа е како игрите имаат ефект врз јавноста и како го инспирираат отпорот. Имаме изгледано доста вакви филмови како на пример The Running Man(1987) но сите вакви филмови беа со фокус на акцијата. Овде глумата ја направи разликата, ликовите се добро обработени, актерите одглумија за сите пари, имаше плачење, гушкање, бакнување, Џенифер има двајца дечковци :) и сето тоа функционира. Во некоја споредба може да се каже дека Hunger Games е всушност The Running Man meets The Truman Show.

Оставам за во темата без спојлери (кога повеќе луѓе ќе го изгледаат вториот дел) да подискутираме колку филмов е исмевање на денешното општество и медиуми, од креирање на безначајни приказни (Кардашијанс, Хилтонс) за замајување на јавноста од вистинските проблеми, до гламурот (кој неодоливо потсетува на Ноќта на Оскарите) итн...

Кој може во кино нека не жали пари за карта. Штета што ќе се чека многу за третиот дел за кој имам високи очекувања со оглед на содржината.

Препорака за сите.

И за тебе @Pluh
WOW! А јас се плашев дека сум единствен на кој му се допаѓа серијалов, па не пишав ништо тука ко го изгледав Catching Fire на премиерата во Cineplexx пред околу недела дена. Сега барем можам да се тешам дека нема да треба да се бранам сам кога ќе почнат да ме зафркаваат. :cautious:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
Шо ги тркалаш, кој им е крив што немаат појма? :)

Патем, сум направил грешка, нема да биде трилогија бидејќи последната книга ќе оди во два филма. Уште подобро! Првиот во 2014.
--- надополнето: 15 декември 2013 во 16:34 ---
последната рецензија на Ио овде најдобра напишана на форумов, одлична!
Форест пишува најдобри рецензии само срам му е да ги објави да не го прогласат за следниот Дарко Лешовски :)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Форест пишува најдобри рецензии само срам му е да ги објави да не го прогласат за следниот Дарко Лешовски :)


ја многу ретко го гледам форест да постира мислење во подфорумов, ама како и да е засега си без конкуренција :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.647
Патем, сум направил грешка, нема да биде трилогија бидејќи последната книга ќе оди во два филма. Уште подобро! Првиот во 2014.
YESSssssss! Според мене, вториов беше некако набиен со дејства и се одвиваше некако брзо. Можеа комотно и за втората книга да снимат два филма. Инаку книгите ги има и на македонски, во издание на „Сакам книги“ ама некако ми се „солени“ за мој џеб - 1200 денари за цела трилогија.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
во електронски изданија на македонски ги нема?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
Не е фер тоа, воопшто не мислам дека ми се нешто посебно рецензиите. Ова можеби дека е подолга и поинформативна. Имавме една тема „Сите наши рецензии“ побарај ја ќе се изначиташ. Дури и wot знае да напише добра рецензија кога не пишува за инает. :coffee:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

На врв Bottom