Делови за Мерцедес ќе се произведуваат во Македонија

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Кавадаречките пожарникари добија униформи од фабриката „ДрекслМаер”

Кавадаречките пожарникари денеска добија униформи од германската фабрика „ДрекслМаер”.
- Свесни сме дека ќе бидеме голем работодавач во овој град за долго и имаме намера многу да инвестираме во заштита, здравје и безбедност на луѓето кои понатаму ќе бидат наши партнери, рече менаџерот во фабриката, Кристијан Харлт.
Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов, најави изградба на нов објект за противпожарната служба. - По завршувањето на формалностите со урбаничстичкиот план ќе изградиме совренема зграда за противпожарна. Чест ми е што и германската компанија се вклучува во редот на оние кои се покажаа како општетсвено одговорни. Очекуваме донација од нив и во детската градинка, рече Панов.
- Се надеваме дека соработката ќе продолжи и понатаму. Побаравме и едно помало возило за да можеме да интервенираме во случај на пожар во тесните улици, изјави Илчо Богевски, командир на противпожарната единица.
http://www.press24.mk/kavadarechkite-pozharnikari-dobija-uniformi-od-fabrikata-drekslmaer
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
И уште една кога ке отворат во Велес
ке правиме доброволно ПП друштво.
 
Член од
18 октомври 2013
Мислења
30
Поени од реакции
0
Дали некој може да каже колку плата зимаат во фабриката Делови за Мерцедес во Кавадарци??
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
330
Поени од реакции
159
Околу 10 илјади денари со 20 работни денови во месецот а ако одат и во сабота околу 12 илјади денари
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
330
Поени од реакции
159
Работат но имаат договор неделно да работат 40 часа па затоа и работат од понеделник до петок од кој сабота ако одат им се плаќа плус пари околу 2000 денари ако одат 4 саботи во месецот
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
ДРЕKСЛМАЕР“ ВО KАВАДАРЦИ E ЕДНА ОД НАJГОЛЕМИТЕ ФАБРИКИ НА ГРУПАЦИJАТА ВО СВЕТОТ
ГРАДОТ НА ВИНОТО СТАНУВА И ГРАД НА КАБЛИТЕ

Машинскиот инженер Александар Пемов (25) од Kавадарци е само еден од две илјади луѓе што вработувањето го најдоа во германската компанија „Дрекслмаер”, која неодамна изгради фабрика за кабли во Тиквешијата. Го запознавме деновиве кога ја посетивме фабриката во која околу 15 проценти од вработените се факултетлии, а до 2015 година вкупниот број ангажирани лица ќе изнесува над 4 илјади.

- Сонот на секој млад човек е да се вработи веднаш штом ќе заврши образование. Имав среќа. Работам, а истовремено се спремам за магистерски студии. Задоволен сум од работата бидејќи се чувствувам корисен. Радува и фактот што можам да напредувам во однос на работните позиции - рече Пемов.

Инвестиција од 30 милиони евра
Дека градот на виното полека станува и град на каблите се уверивме кога ја видовме масата од луѓе што иташе кон работните места. Наспроти сивата боја на огромната фабричка хала внатре н` пречекаа љубезни домаќини. Топлата и гостопримлива насмевка на генералниот директор Kристијан Хартл ни покажа дека не се сите Германци студени како што вообичаено се мисли за нив. Тој ни го потврди она што веќе го знаевме кога тргнавме на гости, дека постојано и постојано вработуваат нови работници.

- Се изненадивме од тоа колку луѓе имаат добро мислење за нас и сакаат да работат овде. Задоволни сме од квалитетот на производството. Обуките што ги спроведуваме за вработените даваат резултати - ни рече тој.

Има доволно кадри што одговараат на нивните барања.

- Мораме да признаеме дека стручното знаење за нашиот производ не постои никаде во светот, туку само во нашата централа. Но затоа е многу битно за нас да имаме луѓе што ќе бидат стручно оспособени да ги научат новите работи и да ги применат. Тоа ни успева овде. Досега вработувавме кавадарчани и неготинци, но со текот на времето с` повеќе вработуваме и од другите градови. На крај ќе го прошириме нашиот опсег на вработувања до Велес и Прилеп или целиот овој регион. Росоман, Демир Kапија, Возарци - вели генералниот директор за „Дневник“.

Инвестицијата во фабриката во Kавадарци тежи над 30 милиони евра од кои половината се веќе инвестирани. Многу брзо ќе биде дозаокружен целиот капацитет.

Kвалитетни социјални услови

Платите во фабриката се согласно стручноста и соодветните работни позиции и македонските закони.

- Она што е многу битно, ние нудиме екстра квалитетни социјални услови. Врвна топла исхрана, превоз, други социјални бенефиции по кои сме познати во целиот свет. Ќе ги зголемиме социјалните услуги, баш сега размислуваме за медицинска екипа во склоп на фабриката - нагласи директорот.

Побаравме да направи споредба со работењето на друг крај од светот.

- Бев три години во Америка. Добро го познавам и работењето во Романија и во Унгарија. Работењето во една земја не е лесно кога не го познаваш јазикот на луѓето. Мора многу да се работи со нив и да се стекне нивната доверба. Мора да се прифати културата на соодветната земја. Ние не можеме да промениме ничија култура, туку треба да се приспособиме на неа за да имаме ефикасни работници. За нашиот производ ова е нова земја и нова култура. Овде ја градиме една од најголемите фабрики на групацијата „Дрекслмаер“ во светот. Според мене, Македонија има една голема предност, што е многу мала земја. Оти во помала земја работите многу побрзо се имплементираат. Во некои области како, на пример, царината, Македонија е мошне напредната. Тоа, меѓу другото, беше една од причините зошто ја избравме Македонија -призна нашиот соговорник.

Предизвици има постојано во текот на работењето. Соработката со градоначалникот на Kавадарци, Александар Панов, и со Министерството за странски инвестиции е извонредна.

Особено поддршката од министерот Веле Самак била многу битна за нив. Тој многу помогнал за да се реализира оваа инвестиција.

ФАБРИКАТА КАКО ДЕТЕ
Работењето во Македонија му претставува големо задоволство и радост на Хартл.

- Фабриката ја чувствувам како едно дете, кое го гледам како расте. Многу ги почитувам луѓето овде. Во Kавадарци се чувствувам многу добро. Извонредна област е ова, ме потсетува на Баварија, од каде што доаѓам. Планините ме потсетуваат на Алпите - беше искрен тој.

Разговаравме и за обични теми. Дали пробал тиквешко вино и домашна ж’та.

- Имате многу добро вино во кое може човек да ужива. Ми се допадна и тиквешката домашна ж’та - ни рече човекот, кој скијал на Маврово, а сака пеш или со велосипед да ги освои планинските врвови во Тиквешијата.

Има цел да ја сознае природата во Македонија. Планира да ги види Охрид и Kожуф. Жали само што нема многу време, оти истовремено бил надлежен и за фабриките во Унгарија и во Египет.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=95CC4651A841ED40BBBAB8E8A64BA281
 
Член од
26 ноември 2012
Мислења
57
Поени од реакции
27

Колку е само прекрасно кога ќе прочиташ вака сето убаво скоцкано, средено изнапишано леле, леле.
Демек сето е супер абе само за фалење, а оти пак случајно не застанавте некој од намачените жени кои стојат по 8 саати на ден да ги прашатае како се задоволни, како е платата и како оди напредувањето да добиете реален одговор.Ех народе да беше се убаво внатре вака како што изгледа од надвор ќе помислиш дека Македонија е број 1 земја во светот.
п.с немој некој да ме свати дека ова го кажувам само за оваа фабрика ова е вака за цела Македонија.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Започна процесот на вработување во „Дрекслермаер“

Наредната година Велес сигурно ќе ја започне со 200 невработени помалку. Толку лица во средината на јануари ќе започнат да работат во Дрекслермаер.

Со денешното тестирање на првите 45 апликанти започна процесот на првото групно вработување. Во Агенцијата за вработување во Велес на повикот за вработување апликации доставиле 750 лица.
-Денешниов ден е неработен, но тој треба да биде првиот работен за оние невработени кои аплицирале за вработување во Дрекслермаер. Велес за прв пат ќе почне да вработува луѓе во поголема група и тоа на граѓани кои имаат проблеми со егзистенцијата, рече Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување.
Работодавачот не побарал исполнување на посебни услови за вработување. Жените се во предност, посебно оние кои работеле во конфекциската индустрија. За невработените тестовите биле лесни, со условите за работа и самата работа се запознале од презентацијата, сега очекуваат само позитивен одговор, дека го добиле работното место.
-Очекувам искрено конечно да се вработам, немам рабоно искуство, ама мислам дека лесно ќе научам и добро ќе се вклопам во работата, сакам да работам, сум аплицирал на многу конкурси ама ајде може среќата ми е во Кавадарци да работам.
-Јас сум самохрана мајка и сакам да се вработам, две години сум без работа, тешко е, сакам да бидам во тие 200 што од 15-ти јануари ќе почне со работа.
-Осум години сум невработен има завршено средно електро во Коле Неделковски, очекувам и сакам да се вработам, велат случајно анкетираните велешани.
За локалната самоупрва ова е потврда дека економски Велес заживува. Во моментов покрај овие 200 вработувања активни се огласи за уште 65 слободни места.
-Апелирам до велешани да конкурираат за сите објавени работни места од овој проект но и од сите наредни и кон крајот на наредната година заедно да констатираме дека бројката на невработени во Велес е намалена за 10 проценти, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.
http://kurir.mk/republika/opstini/141903-Zapocna-procesot-na-vrabotuvanje-vo-Drekslermaer
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Да не прифакате почетна плата под 18000 денари мој совет.
 
Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.300
Поени од реакции
7.026
Да не прифакате почетна плата под 18000 денари мој совет.
Твојот совет би бил успешен кога у Македонија би имало невработеност помала од 5% ...Вака,тешко :)
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Германски Дрекселмајер во Кавадарци ќе го натфрли првично предвидениот број вработени. Сè поизвесно е дека до крајот на годинава во компанијата ќе работат околу 4.500 луѓе.

Во моментов таму се вработени 3.531 лице. Се работи во три смени, а превозот е обезбеден. Ангажирана е работна сила од Кавадарци, но и од околните места: Велес, Неготино, Градско, Росоман, Демир Капија. За да го обезбеди потребниот профил работници, Дрекселмајер соработува со Агенцијата за вработување.

Раководителот на подрачната единица на Агенцијата за вработување во Кавадарци вели дека компанијата бара најразлични кадри, од општи работници на лента, преку сметководители и администратори, па сè до повисоките работни позиции.

-Нема ограничувања. Се бара кадар и со основно и со средно училиште, а има пријавено и со виша, со факултет, но и магистри на науки. Најпрвин се заснова работен однос на 3 месеци, а ако работникот се покаже како добар договорот се продолжува. Сакам сите да слушнат дека секое лице има право и можност да се пријави на огласите – вели Благојчо Борисов, раководител на Агенцијата за вработување Кавадарци.

Метежот пред Агенцијата за вработување е секојдневна слика. Се решаваат тестови, се оди на интервју за работа во новата фабрика на Дрекселмајер.

-Не беа тешки прашањата. Ова е убава можност за младите, зашто нам ни треба работен стаж. Очекувам да ме повикаат, бев на интервју
-Ни покажаа снимки од начинот на работа во Дрекселмајер, јас имам некое претходно искуство, добро е!
-Оваа фабрика за градот значи напредок, се вработува младината. Колку повеќе вработени, толку поарно.
-Се нудат добри поволности, работата е во затворен простор и затоа сакам да работам. Имам завршено средно училиште, машински техничар – ни рекоа дел од апликантите за работа во Дрекселмајер.

Силвија Ѓорѓиева е вработена во Дрекселмајер уште од почетокот, а поминала обука во Романија. Таму работи и нејзината ќерка.

-Дрекселмајер многу ни помогна за нашиот семеен буџет. Ни се отвори вратата за да оствариме дел од нашите соништа. Сега имаме здравствено осигурување, личниот доход го добиваме навреме и можеме да планираме – вели Силвија, која работи како тим лидер во Дрекселмајер.

И од Општина Кавадарци велат дека инвестицијата на Дрекселмајер е од големо значење за градот. Се влеваат повеќе пари во општинската каса.

-На Дрекселмајер се гледа како златна кокошка за Кавадарци. Не само поради финансискиот ефект за општината, туку пред сè поради зголемувањето на куповната моќ на граѓаните. Во моментов компанијата не користи никакви субвенции од Општината, напротив, ние имаме бенефит од нивната општествена одговорност – ни кажа градоначалникот Александар Панов.

Инвестицијата на Дрекселмајер изнесува 35 милиони евра. Компанијата во Кавадарци произведува кабелски инсталации за автомобилската индустрија.

Нивната фабрика е најголема во Македонија и се протега на површина од 50.000 квадратни метри. Дрекселмајер е присутен во повеќе од 20 земји на четири континенти, и вработува околу 50 илјади луѓе.
http://lider.mk/2014/02/19/drekselmajer-go-voskresna-kavadarci/
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
ВО „ДРЕКСЛМАЕР“ ВРАБОТЕНИ 4 ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ

Фабриката на германската компанија „Дрекслмаер“ е еден од проектите со кои како влада се гордееме, изјави вчера во Kавадарци вицепремиерот Владимир Пешевски, кој кажа дека досега овде се вработени околу 4 илјади работници.

Пешевски и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Веле Самак се сретнаа со претставници на германската компанија.

- Преку 50 милиони евра изнесува вкупната инвестиција од која дел е на локални доставувачи кои ја изградија фабриката. Моментно вработува околу 4.000 лица, а се очекува таа бројка да оди до 4.500 и повеќе. Тоа претставува голем чекор за намалување на невработеноста и за отворање нови работни места - рече Пешевски.

Според министерот Самак, станува збор за стратегиска фабрика која зафаќа над 50.000 квадратни метри површина. Покрај кавадарчани, во „Дрекслмаер“ има и 800 вработени од Велес, но и од Градско, Неготино, Валандово. Следната недела треба да дојдат и првите 200 вработени од Прилеп.

Задоволство од инвестирањето во Македонија изрази и Kарл Валнер, член на Одборот на директори на групацијата „Дрекслмаер“, која вработува околу 40.000 вработени во повеќе од 21 земја во светот. Има 56 капацитети во светот, а во Kавадарци произведува кабелски инсталации за новата серија „мерцедес Ц класа“.
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=6B24C951AECFC041AA2DEC45BC48D51A

Има две теми за фабрикава,па да се спојат не ќе да е лошо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom