Многу луѓе се плашат од соновите и тоа е нормално. Иако се само сонови, кошмарите знаат да те "ловат" подолг период.
"Времето ќе излечи се" - едноставно не пасува за нив. И не можеш да ги заборавиш соновите, не можеш да се ослободиш од било каква меморија, но можеш да не мислиш на нив на моменти. Се што треба да направиш е да ги пролонгираш тие моменти. Тоа ќе го направиш со извршување било какви активности, хоби-моби, цртање, возење велосипед, дружби, лудости и тн.
А кога не си во можност да ги правиш горе наведениве работи (или немаш желба од било која причина), можеш да пробаш нешто друго. Пред спиење читај некоја добра книга или слушај некои добри и квалитетни песни. Предлог: Pink Floyd, Balmorhea или чисто некое релаксирачко долго видео од јутуб. Исто така, комуницирај со некого за рандом муабети пред да легнеш.
И храната има големо значење. Не како да ги заборавиш, туку како да ги спречиш. Не треба некој посебен третман или диета, само избегнувај да јадеш пица, чоколади и се од шеќерен калибар, пред да легнеш да спиеш. Барем 3 часа пред да легнеш не конзумирај ништо.
Уште нешто, што ти гарантирам дека нема шанси да сонуваш, а камо ли да се сеќаваш. Т.е ќе сонуваш, ама второво е побитно. Помалце спиј. Максимум 4 часа лежење на перница. Така ќе ја прескокнеш фазата на сонови. Пренаспаноста бетер го дразни мозокот да "композира" сонови. Е сега, има друг проблем. Ќе бидеш презаморена, па за еден скапан сон ќе ги изоставиш реалните навики и задачи. Еве јас ти го кажав и ова, но не ти го препорачувам.
И не читај никакви соновници и се што е поврзано со сонови. Ова нека е последен пат на темава.
Се надевам колку толку ти се разјазнија некои работи. А ако се будиш сред ноќ, парализирана си, имаме друг проблем. Тогаш повторно пиши, ќе пробам и за ова да објаснам.