Во право си во врска со двете прашања, во случај на развод на брак, имотот на партнерите со кој се стекнале пред склучувањето на бракот е посебен имот и тој имот не се дели, без оглед на времетраењето на бракот! А заеднички стекнатиот имот за време на брак, вообичаено се дели по пола, освен во случаите кога ќе се докаже во судска постапка дека едниот брачен другар има значително поголем учинок во сткнувањето на заедничкиот имот (на пример несразмерно повисока плата, дар од значително поголема вредност, наследство кое го добил за време на траење на брачната заедница и сл што претставува посебен имот). Меѓутоа, овие правила не важат и во случај на смрт на едниот брачен партнер. Тогаш целокупниот имот (вкучувајќи го и посебниот имот кој не е стекнат за време на брак) претставува оставина на починатиот и се дели според правилата погоре опишани.