
добриот збор златни врати отвара? или во случајов слаткоречивоста ..........

хехехехе, мене ли најде да ме навлекуваш? али за атер еве ќе пробам да дискутирам, иако знам каде и како ќе завршиме.
како прво, ако се држиме до примерот, каква врска има тоа дали атеист или верник му објаснува на слеп човек за сонцето? сонце е сонце, и за него може да се објаснува и дускутира на милиЈон и еден начин. од тоа дека дава топлина, нешто што веќе и слепиот може да го осети, пошто е слеп нели, не е неосетлив (NUMB на англиски), така да со тој почеток би било и доволно да биде крај на објаснувањето.
како второ, пошто знам дека целта не е да се држиме до примеров, пак ќе ја искористам истата паралела. ако на некој човек некој верник пробува да му го објасни концептот на бог, тогаш верникот ја утнал работата. тој човек не ја чуствува топлината!!!
е сега, ако ги споредиме двете дискусии, ќе дојдеме до заклучок дека во првиот пример СИТЕ ја чуствуваат топлината, а во вториот случај само оној кој решил да верува.
така да сега само ме интересира како ќе пробаш да ја однесеш водата на твојата воденица