Приватни автобуси ( Скопје ) - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Темава е пандан на ЈСП - случки, прашања, дискусии, за да не ме караат како пак пишувам за Приватнине автобуси во тема за ЈСП. Па уствари што има везе, слобода на пазар доста промовиравме државни автобуси.. ј**ига!

Прво мора да ги пофалам, никогаш нема потреба да се трча по нив, кога и да кренам рака ќе ми застане. Не за друго, тоа е за и ние шупаците со помалце пари да се почустуваме како господа ( демек TAXI ). Поминување на црвено и спасени од пензинери. Овие од ЈСП ако имаат клима, кога си ги имаат пензионерите џабе им е. Имало дешавки ама да се сетам, некако времево е...:sleep:
 
У приватните автобуси, ко студирав Скопје, најмногу ми фалеа прераспределувачите шо ги има у ЈСП.

- Ајде малку назад де4ки!
- Нема место.
- Како нема, има. Сеа ќе видиш. Де4ко ајде симни тај ранец од грбот и застани на глава на него. Ти госпожа застани на прсти или седни у скутот на оној дедо со штака. Ти средношколецу шо м' зееш, обеси се на шипката и остани така да висиш неколку станици, оти ко јунак со античка крв ми стоиш. Те така. Немало место, пфффф. Виеш како се направи место, како дупка у државен буџет.
 
Подобро да тргнеш пешки него со приватен автобус,
- Застанува на автобуска.
- Отвара врати - се качуваат патници
- Полека си враќа кусур
- Нема веќе патници
-Гледа лево десно да не улета уште некој ... не улетува
- Број пари
- Завршува со броење пари и уште еднаш се осигурува дали има некој да влезе, нема.
-Глеа у мењач... се мисли која беше прва брзина.
- Трга со 1ва брзина до следните семафори.. зашто некој може да улета па да го сопре на сред пат, ке застане не е проблем.

Е тоа ми смета
 
У едно возење со јсп има више дешавки него у 10 со приватен. Иначе и ваму има интересни случки но ретко, углавном зошто се вози поцивилизиран народ и е приватен нормално, сакале нејкеле мораат да бидат ок и да не прават глупости. У задњо време ми се деси да видам пакет со кокошки во средина, втора случка кога возачот му откорна ретровизор еднаш со задницата на едно полициско комбе паркирано покрај автобуската кога тргна. Па не бркаа и на овој му беше њтф што се дешава, прашалници му летаа кога не запреа.
За приватњаците жолто светло не постои на семафор, увек има место иако крцка и си набиен и неможеш да земеш воздух. Дечки, ајде поназад. Се дешаваат некогаш интересни трки со конкуренцијата итн. Има уште но ова ми се најсвежи сеќавања:icon_lol:
 
Подобро да тргнеш пешки него со приватен автобус,
- Застанува на автобуска.
- Отвара врати - се качуваат патници
- Полека си враќа кусур
- Нема веќе патници
-Гледа лево десно да не улета уште некој ... не улетува
- Број пари
- Завршува со броење пари и уште еднаш се осигурува дали има некој да влезе, нема.
-Глеа у мењач... се мисли која беше прва брзина.
- Трга со 1ва брзина до следните семафори.. зашто некој може да улета па да го сопре на сред пат, ке застане не е проблем.

Е тоа ми смета
ама вторник и петок ко такси е како што рекоа погоре :)
 
новиве автобуси на приватнициве сеа се ок.....ем затоплени,ем чисти.ем мнооггуууу повеќе место за седење...
после секој трет приватен има по еен на ЈСП,(што не мора да биде правило)
немаат возен ред....поагааат коа сакаат..највеке ги има во шпицот,но затоа после 19 20 часот се мн поретки
 
Стара случка во 23-ка пред скоро 10 години.
Знам дека не е за верување ама here it goes:

Си чекам јас 23-ка во Ново лисиче и приметувам дека на автобусот предната врата му е затворена а задната отворена. Ова многу не ме зачуди бидејки си помислив дека можеби се работи за некаков дефект на вратата. Ме зачуди тоа што сите што влегуваа на задна врата не му плаќаа на шоферот и си се возеа гратис, а шоферов го болеше увце што сите му се возеа гага. Знам дека ова не е за верување ама ова стварно се деси. Мислам беше негде 2002-2004 година.
 
Од кога ги земаа овие Данскиве/Германски или од кај и да се автобуси, стварно е мерачки да се возиш во нив. Плус речиси секогаш стигам побрзо со приватен отколку со државен автобус, само што штета ги нема навечер...
 
Тоа што требаше да направи владата е да земе вакви автобуси а не некои двокатни каде пак проблемот со гужви не може да биде решен. Згора на тоа воведува бесплатни денови за пензионерите.
 
незнам зошто нема на сите линиии и приватен....
и зошто напрмер 45,20 се само приватни..
и мислам дека 22,23 се најредовни и највеќе ги има...чинам дека на 6 или 7 мин има автобус
 
Тоа што требаше да направи владата е да земе вакви автобуси а не некои двокатни каде пак проблемот со гужви не може да биде решен. Згора на тоа воведува бесплатни денови за пензионерите.

Не јади бурек, кај мене тој во 6 и 55 автобусот двокатен цел се пуни до даска и на втора станица луѓево неможат место да најдат. Коа ги немаше двокатниве немаа место ни за стоење. :D
 
Не јади бурек, кај мене тој во 6 и 55 автобусот двокатен цел се пуни до даска и на втора станица луѓево неможат место да најдат. Коа ги немаше двокатниве немаа место ни за стоење. :D


Во двокатен автобус имаш место за 80 лица вкупно (официјална бројка). Да речеме дека ќе собере 100 до 110 максимум, а после тоа е попара (не знам ни дали овие бројки можат да се достигнат). Во старите имаш 110 вкупно... така да не ти држи место филозофијава :D
 
Тој што не се возел во полноќна 23ка од 12 и 15 што трга од капиштец петок и сабота, ништо не видел во живот. :pos: Знам дека на форумов има дечки од маџари и ченто, ќе им текне за што зборам. Автобусот буквално вака изгледа , a внатре од пијаници, разголени тинејџерки, работници што одат трета смена со до браќата на стимулативни супсатнци :vozbud: , освен пензионери буквално све друго има. :D Ама за шоферите немам збор срцки се, вршат работа, еднаш во центар кога ми се дупна гумата на точакот го подмитував со 50 ден. шоферот на 23ка да ме префрли до маџари. :tapp: Ме качи со точак во автобус кутриот. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom