Да се биде Германец

  • Креатор на темата Креатор на темата arakenx
  • Време на започнување Време на започнување
....според мене секој систем има и позитивни и негативни компоненти....намената на темата е повеќе споредба на германскиот и македонскиот систем

1. Германецот 95% од работното време го поминува во ефективна работа....македонецот според мене максимум 30% останатото отпаѓа на комуникација со колеги, сурфање, бркање приватни обврски и слично

2. Германецот е опшествено свесен и претпочита производи произведени во Германија....тука сме слични бидејќи и македонецот претпочита производи произведени во Германија, но завршува купувајќи производи од Кина

3.Германецот се обидува да го оправда брендот Направено во Германија, додека македонецот за многу ситен еднократен профит е подготвен да ги уништи сите потенцијални зделки

4. Доколку повеќето градинки во Германија функционираат на принципот на прикажаната во документарецот за мене е позитивно бидејќи децата го јакнат имунолошкиот систем, развиваат чувство за рамнотежа и учат да се грижат за себе, намалена е можноста за пренос на болести бидејќи се на отворено, физички се активни и кога ќе се вратат дома немаат потреба да бидат деструктивни

5. Германецот своето образование го стекнува во фабриката (фирмата) во која што работи, македонецот 5-7 години учи теорија, ги оптеретува родителите финансиски, жртвува дел од својата мадост за да земе диплома, да нема ни ден пратктично искуство и веднаш по дипломирањето да биде статистика во заводот за НеВработување

6. Седењето под кирија е меч со две оштрици, од една страна те прави повеќе мобилен и ти овозможува подобар избор на работа, но од друга страна при финансиски бродолом те прави доста ранлив

7. Германците се фокусирани на мали семејни претпријатија со традиција, кои се грижат за своите вработени и за имиџот што го имаат кај потрошувачите и ја претпочитаат сигурноста пред профитот, македонските фирми се фокусирани само на профит (вработените се само крави за молзење, а потрошувачот златен рудник од кој треба да украдеме што повеќе).

.....ќе продожам кога ќе бидам послободен

Ајде и мое мислење да кажам, иако како што гледате поради недостаток на модератор во општи муабети неможе човек муабет да направи, али игнорирајте за сега додека не се најде соодветна замена за неактивните модератори. Фала на разбирање.

1. Она што се гледа на видеово е систематизацијата на работата која многу се разликува од кај нас. Англичанецов како што се гледа треба да работи надгледување на производствен процес на три линии. Односно да ги поднамести моливчињата и да ги зачисти машината и подот. Да е оваа фабрика кај нас, истиот тој Англичанец би работел сам на сите машини, а и секако нема да е уморен вака од око гледано па сигурно би го ставиле и на пакување и испорака на пратката вклучувајќи и товарање во камион. Искрено јас ако се прашувам неможам да им се изначудам, бидејќи ние доаѓаме од трет свет, каде мене работни обврски ми се сите процеси во една канцеларија. Плата му е 2800 бруто, со две деца значи нето му е околу 2000 според видеово. Они работат само она што им е во задача, ние работиме се што треба да се сработи. Затоа они се продуктивни, ние од се сакајќи да завршиме, ќе згрешиме пола, пола незавршено, остаток лошо завршено, нешто добро и така. Ете ја разликата зошто имаат поголема продуктивност, за разлика од сите нас.

2. Германија има доволен пазар и сама себе си да си носи профит. Али таква силна економија мора да биде конкурентна и надвор нормално секој за профит работи. Она што Наташа го спомена во овој дел е дека фабриките ги пренесуваат во Кина, Индија, Полска ја заборави и Македонија и Бугарија каде работната сила е без пари. Јас би им рекла зошто да не кога можат. Општествено одговорни се и во тоа нема никаков сомнеж. Сите овие кои префрлија фирми настрана за намалување на трошоци, нивните матични фирми односно мајки фирми се во Германија. Така да они ги трансферираат средствата од земјиве за греови кон матичната земја. И интересен беше делот во видеото, вели Германија го нема ејпл, амазон. Да, зошто им се такви бумови, кога вака добро заработуваат. Интересен дел е и она што се истакна индивидуалност нема, сите работат за колективот. Јас им велам браво. Додека нашиот систем ме учеше дека најдобро можеш да успееш ако газиш преку други луѓе, ако цело време ти даваш идеи во присуство на шефот, ако на секој настан стоиш најблиску до сопствениците, ако извадиш партиска книшка и најмногу од сите мафташ знамиња ќе успееш, овде системот ги учи дека колективното добро е најдобро и најбезбедно за нив. Можеби во мал дел тоа делува дека ја убива мотивацијата за личен напредок, али време ни е да сфатиме дека менаџерите на големите корпорации се децата на сопствениците. И затоа не забегувајте во незнам какви соништа за успешни менаџери додека немате свој бизнис.
Во делот на купување домашни производи им нема рамен. Јас ретко можам да здогледам туѓ производ. Има некои врсти на грчки сирења, имаш италијански тестенини, некои турскси производи али едно 90% се Германски во целиот центар па што сака нека биде. Лиценци за оние производи чипсови, пепси и слични ствари имаат откупено, производството секако се одвива на нивна територија исто како и секаде во светот нели. За козметика да не ни почнувам.

3. На оваа точка само една блиц споредба да речам со спорт. Дали постои спорт во кој Германците не играат до последниот свиреж на судијата давајќи се од себе до победа? Тоа е тоа, нема тука муабет за менталитет.

4. Во врска со градинките и цените не сум запознаена, али еве пребарав по нет да не испадне дека зборам на памет. Еве два форуми во кои родителите разменуваат информации за државни и приватни градинки:
http://www.erziehung-online.de/forum/allgemein/wie-viel-zahlt-ihr-fur-die-kita/
http://www.urbia.de/archiv/forum/th...lt-ihr-fuer-den-Kindergarten-Kita.html?page=1

Државните во зависност од републиката во која живеат им одат од 70 евра најефтино како што можам да видам е Берлин, па се до 350 евра плус храна 50 евра. Државните ете Наташа ги објасни како функционираат, незнам не сум видела да зборам. Во врска со ценава за градинкиве јас навистина сметам дека ова е ефтина цена во однос на платите. Е сега за државни си има невработени, еден вработен, двајца вработени, до 2год, две деца, три деца и такви попусти. Имам впечаток, не дека ми е тоа впечаток туку јас сум наполно убедена дека сите оние на кои им е скапо ова во нивната фамилија работи само еден, а имаат повеќе деца. На друга точка ќе зборам за ова.
Приватните се од 400 до 700 целодневни, со био храна и нели англиски учители плус и така натаму. Како што и прилега на приватна градинка. И за овие цени мислам дека двајца вработени можат да си го припуштат за своето дете бидејќи тоа се само 4 години. Зошто да не, јас би ја бирала оваа опција. Има приватни и со 1350 евра од месец се разбира најлуксузни. Ако некој има, а има доста зошто да не нели. Секој за себе.

5. Она што и од видеото се гледа е дека имаш фактички тутор за почеток или одреден период кој ти го даваат за ти да се адаптираш и ја научиш својата работа. Плус овде работат после средно бидејќи имаат избор, кај нас сакал нејќел или шивачка или факс. После факс потрчко, па искуство, па нормална работа. Мислам дека ова поле неможе да се споредува, тука само со Тунгузија можеме нели вработувањето кај нас иде и на наградна игра на тв.

6. Мислам дека фазата е секаде иста, прво работиш и уживаш во парите, после иде период на штедење и после во инвестиции. Некако му е како нормален процес. Со таа разлика што овде можеш да планираш дали ќе живееш на тој дел или ќе идеш во друг дел поради ете нешто што не ти одговара во опкружување. И инвестиции од тип на куќа и стан незнам колку се исправни одлуки. Вака економски гледано мислам дека не се. Али кога некаде ќе се пронајдеш би требало и да вложиш во вакво нешто.

7. Незнам дали се грижат, али има принципи кои се почитуваат. Не оти он сака да ти дава толкава плата, едноставно конкуренцијата и можностите да најдеш друга работа веднаш го приморуваат да игра со тие цифри. Во бизнис нема љубов, се е тоа илузија :)

Она во видеоно што е истакнато, а е голема разлика е односот со колегите. Убаво вели на видеово овие овде не трачарат. Не ги интересира со кога и каде беше викендов, колку пати имаше секс, до колку саат остана и слични глупави прашања кои во МКД се редовна процедура понеделнички. Поштуваат интима, не ги занима дали си паднал и во шахта и си излегол. Значи се збори само она што е официјално, работа, претходно работно искуство, статус, времето, планови за патување, некои ефтини понуди и претежно е тишина.
Спомена Англичанецот за цената на храната дека е ефтина, за карти за фудбал итн. Значи во однос на плата е навистина ефтина.

И делот кој ми беше најинтересен е кога им се качи во Недела да не галамат имам слично искуство со косалка за трева ми свикаа комшиите во недела. Јас немав поим и сфатив дека сум јас крива, не они што ми рекле. И така доста убав систем на живеење, мир, тишина, без прашања и глупости. Предлог Нирнберг да го посетите најубавиот град во Германија :love:

И веќе ме мрзи да пишувам целосно се согласувам со видеово. И делот дека жените се домаќинки и седат дома и живеат со една плата би го објаснувала во следен пост. Вистина. Или идат на пола работно време. Се разбира младината се разликува од постариве, долга и широка тема.
 
Темата не е за Хитлер, тоа е минато, исто како и минатото на Александар. Изумрени се тие работи одамна.

Да се вратиме на темата


Видеото е направено од фамилија која има доста солиден живот, каде децата посетуваат приватни градинки, приватни школиња, се исхрануваат био, и не одат да чекаат на ред пред народната кујна. Тоа е исто како холивудските филмови и серии каде ни го сервираат богаташкиот живот на младите од Беверли Хилс, Френдс (каде никој не работи, а секој вози дебела кола, и Рејчел од плата на конобарица купува секој ден гардероба која можеме да ја сонуваме) додека реалната слика на Америка изгледа далеку поинаку, семејства живеат во автомобили, пола од нив се здравствено неосигурани, за да опстои едно семејство работат двајца по 4 работи итн...
Не треба една таква богата држава да ја споредуваме со Македонија која знаеме како стои на економски план, ама јас мислам дека такви фамилии кои можат да си приуштат таков луксуз има и во Македонија, само не се многубројни. Така полека станува и во богатата Германија. Баталете серии, филмови, идили, реалната слика е многу поинаква и секојдневно се полоша и полоша.
Не сме излегле од темаата.Кај виде,спомнати се во контекс на неа
Ако си била ти во германија јас во херфлик ќе се прекрстам,а ни во америка не е целосно така како што си напишала.
Каде работат по 32 саати кажи ми или да напишаш нешто колку да ти се билдаат мислењата
Ако не си информирана и овде има луѓе кои живеаат многу убаво и луѓе кои одат во народни кујни и по контејнери
 
Не сме излегле од темаата.Кај виде,спомнати се во контекс на неа
Ако си била ти во германија јас во херфлик ќе се прекрстам,а ни во америка не е целосно така како што си напишала.
Каде работат по 32 саати кажи ми или да напишаш нешто колку да ти се билдаат мислењата
Ако не си информирана и овде има луѓе кои живеаат многу убаво и луѓе кои одат во народни кујни и по контејнери



Е да, баш така е имаш право. Кај сум ја видела јас Германија па да зборам за неа :(
Се извинувам Херфлике, љуби те Адолф у .... :(
 
Мораше да се пофалиш дека имаш долг нокт на малиот прст.

сите мои прсти се долги, јас свирам харфа уште од најраната возраст за виенскиот камерен оркестар
 
Te издадоа испуканите петици во гумени опинци и црнилото под нокти!

Море стари, не се чепкај за петата моја да не ти кренам мишка, солзавец не е равен :icon_lol:
Каде можам јас со вас градските испиени подгрбавени, ситни ранливи души, јас сум селско дете, насабајле наместо еспресо и кроасан јадам 10ка со кромид и свинско со праз :icon_lol:
 
Како се осмелуваш да спориш со чоек кој живее од Hartz IV, за нив Германија е рај :pos:
Да не си таму и се препозна во реформите
 
Море стари, не се чепкај за петата моја да не ти кренам мишка, солзавец не е равен :icon_lol:
Каде можам јас со вас градските испиени подгрбавени, ситни ранливи души, јас сум селско дете, насабајле наместо еспресо и кроасан јадам 10ка со кромид и свинско со праз :icon_lol:

Неесто, ако сакаш да се добереш до немачка, ти треба некој ко мене, лепо васпитано, паметно, убаво, елоквентно, начитано, секси, духовито, ентелигентно, бистро градско дете. Ќе те научам на тајните на виљушката, па како на Вие се обраќа, па како нос се секне у шамивче, и се вечера чај (не чајна кобасица) уз Шопенова соната (не Шопска салата). Ти пратив мои слики (анфаст профил и акт) на ПП и резиме со препораки, па види размисли......
 
Точно. Германецот, а и секој кој работи во Германија мора да ја изврши својата работа 100%. Се знае време за пауза и време кога се работи. Тие две работи не смеат да се помешат, дека брзо ќе се најдеш пред вратите на Arbeitsamt :)

За жал не е така. 80% од фирмите кои ги носат познатите германски марки се заминати во Кина, Индија... Помина времето кога Made in Germany значеше квалитет. Останаа мал број на фирми (најмногу се ситни фирми со по неколку вработени) кои сеуште им е поважен квалитетот од квантитетот.

Опишаните градинки се градинки каде што посетуваат деца чии родители се со високи примања, а тоа се приватни градинки каде се плаќа доста голема сума. Таму се пази на исхрана, се посветува внимание на секое дете посебно, се дава известување за развојот на детето секојдневно. Пак за жал неможам истото да го кажам за државните и црковните градинки каде се собрани најмалку 30 деца во една група, каде има само две воспитувачки од кои едната е болна, не се замараат кое дете има јадење на сабајле, и какво. Ручекот е една третина од тоа што може едно активно дете да го најаде. Кога се зима детето се бутаат 30 родители, и никакво известување не добиваш што и како било со твоето дете тој пола ден.

Факултетот си е факултет, додека да си го финансираат децата одат викендите ги работат во ресторани, кафиќи каде наравно нема врска со нивното образование...

Така, за да купиш куќа во Германија треба да имаш сигурна работа (а во последно време и тука се бркаат сума народ) така да ништо не е сигурно. Плус, да земеш куќа во Германија треба секоја модернизација да ја пратиш и применуваш дека следуваат големи казни. Кај нас сакаш стави парно сакаш греј се на дрва, никој не ти се меша, а тука мора да менуваш, те парна, те покриви, те фасади зависи како ќе ти наредат :)

Хммм, помина тоа каде во Германија се ценеше работникот, може пред 20 години било така. Не е се така розево, се повеќе владее сивило...


Инаку да не испадне дека само мрчам против Германија, има и убави страни (понекогаш :icon_lol:)

Многу сте црно-бело:

- За работата се согласуваме сите. Продуктивноста на Германецот е на врвен ниво и поред мене го постигна максимумот на човечката можност. Секоја поголема продуктивност ги прави луѓето болни, тоа и веќе се дешава но добро е што има јавна свест за тоа и политиката се обидува да става граници.

- Многу фирми што заминале од Германија пак се вратија и покрај поголемите трошоци. Германија едноставно нуди повеќе други поволности од самиот трошок на персонал. Во тој смисол Германија не може да конкурира никогаш со држави како Кина, но може да понуди одлична инфраструктура, квалификуван персонал, стабилна земја, трговски олеснувајна итн. па и работната сила не е повеќе толку скапа во споредба. Во Германија едноставно се бара квалификувана работна сила, за обични работи доволна е и Кина. Значи висококвалификувана работа има во Германија колку сакаш а и можеш да бидеш сигурен дека ако пишува Маде ин Германи на некој производ тој е со Германски квалитет иако можеби делумно не е тука произведен. Едноставно не се исплаќа секоја штрафче да се прави во Германија.

- За градинките многу лоша слика даваш. Има разлики во квалитет од градинка до градинка ама ја одев во градинка со црковен покровител и можам да кажам дека беше врвен. Мали групи, повеќе дадилки, редовно јадејне, играјне, шетајне, ништо не ни фалеше.

- За факс во право си но и не мора да работиш за да си ги финансираш студиите, има државна помош за деца кој се од финансиски послаби фамилии.

- За стан и куќа убо викаш има и негативни и позитивни страни: Ако купиш нешто никојпат 100% не можеш да правиш што сакаш, убав ти е примерот со куќите. Сега носат закон за отфрлајне на старите парна и како соптвеник на куќа мора таа инвестиција да ја правиш. Исто така за стан одлучуваат сите станари на пример за обнова на фасада итн. и можат да те задолжат да учествуваш. Исто така не секојпат (барем порано) се исплаќаше да кушиш стан во споредба со кириите, но доста кренаа и сега веќе и се исплаќа ако знаеш дека ќе останеш на тоа место да живееш.

- Исто така си во право дека на работниците се повеќе притисок им се врши од порано но сепак се тие заштитени, посебно каде што има синдикати. Имаше судови за бунејне итн. не може да те третира некој ко роб, ако имаш храброст да се одбраниш нели. Посебно средните компании кој се клучни и моторот на Германската економија се доста коректни спрема својот персонал. Исклучоци сепак има што е сосема нормално.

Иначе во Германија или кај Германецот моментално најмногу ми пречи таа политичка коректност што ја покажуваат: голем дел од нив одбегнуваат јасни и директни изјави дане навредат некого и само се ограничуваат. И ми пречи што премногу толерираат некој дојденици да си прават што сакаат и да не се интегрираат во општеството. Тој комплекс со Хитлер им е впечен генетски и неможат да се ослободат од него: реков ја и пак ќе речам, дека доселениците кој се интегрирани и кој претежно потекнуваат од Европа некој ден ќе ја преземат иницијативата за одбрана на општеството према тие групи поради тоа што Германецот се плаши од тоа. Германија ја крепи цела Европа и пола Европа ја обвинува за нацизам а и замите се задумани поради тоа и одредени групи во Германија (Германци) дури и се согласуваат со тоа. Несфатливо. Франција или други Европски држави да беа место Германија на оваа позиција ќе си вршеја како сакаат со континентот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom