Колку Македонци станале Бугари?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Испаѓа дека повеќе имаат извадено казахстански пасоши, него Бугарски.

Којзнае кој е критериумот, и врз што и како се пресметува сето тоа. И воопшто, козјае како е добиена бројкава.

Ама тоа е: ако веста ни одговара, и банална да е, точна е. На глава застани ако сакаш.

тв Seattle сподели линк
ШОКАНТНО ВИДЕО: Надвор врне снег, ама не берете гајле, топло е.
 
Македонско - бугарска акција против фалсификатори на лични документи и евра
Акција „Студент": Фатени фалсификатори на евра и лични документи, бугарски пасоши за 300 евра. петок, 29 ноември 2013 МРТ1, ТВ Канал 5, ТВ 24 Вести, ТВ Алфа
 
Кога на официјален документ пишуваш дека си Бугарин и сакаш бугарско државјанство врз основа на тоа, тоа значи дека:
1. Јасно си се изjаснил за етнички Бугарин.
2. Бугарин си по националност (државјанство).
3. Кога тој се декларирал како Бугарин, напишал дека неговата мајка или татко му, или и двајцата се Бугари. Во документот се пишуваат имињата на родителите, кои се Бугари.

За пишување на лажни податоци во документот се лежи во затвор.

Кога Петре отиде во ЕУ со бугарскиот пасош, за нив тој е Бугарин и толку. Тоа каков се чувствува е ирелевантно. Најважно е како се пишувал дека се чувствува. Јас може да се чувствувам Џада, ама сум се пишувал Бугарин.

Океј..
Да речеме дека некаде во Европа прават попис или Петре треба да извади некој документ и таму треба да внесе ethnicity и mother tongue/first language... Петре , жена му, децата, мајка му, татко му, брат му си пишуваат Македонец/Македонски.
Што е Петре??
Можеби Македонец од Бугарија..;)
 
Пописот е само статистика. Тоа не служи за идентификација.

Темата не е како се чувствуваат македонските граѓани кои станува Бугари, а колку се.
 
Колку убав поклон за македонска внатреполитичка примена дал Бојко. И после не го почитувај. :D
 
Пописот е само статистика. Тоа не служи за идентификација.
За идентификација служат документите.
Ама документот за идентификација има рок на траење..
Дали и идентификацијата има таков рок и дали е ист со рокот на документот.

Не ми кажувај за што е темата, разбирам подобро од тебе. На темата не може да се даде дефинитивен одговор оти сте лажговци.
 
Пописот е само статистика. Тоа не служи за идентификација.

Темата не е како се чувствуваат македонските граѓани кои станува Бугари, а колку се.

Уште чекам одговор како тоа 150.000 гласови во Бугарија се потребни за пратеник. Одговори или во спротивно си најголемиот манипулатор и преварант на форумов.
 
Уште чекам одговор како тоа 150.000 гласови во Бугарија се потребни за пратеник. Одговори или во спротивно си најголемиот манипулатор и преварант на форумов.

Очигледно по нивните математики.100 пратеници по 150000 гласови ,па нели они имаа 15 милиони гласачи а 8 милиони народ:vozbud:
 
Уште чекам одговор како тоа 150.000 гласови во Бугарија се потребни за пратеник. Одговори или во спротивно си најголемиот манипулатор и преварант на форумов.

Бугарскиот изборен систем има праг. Ако партијата не го пројде прагот на државно ниво, џабе и е и убедливо да победи во некоја изборна единица. Прагот е 4% или околу 150.000 гласачи.
 
Уште чекам одговор како тоа 150.000 гласови во Бугарија се потребни за пратеник. Одговори или во спротивно си најголемиот манипулатор и преварант на форумов.

150 000 гласови за пратеник не е точно но бројката е блиску :

-за да влезе во парламентот една партија мора да помине 4% од гласовите, ако помине 4% ќе има 10 претставници-за еден мандат се потребни меѓу 17 000 и 20 000 гласа-значи за да има една партија претставници се потребни од 170 000 до 200 000 луѓе гласале за неа!!!!!
 
Очигледно по нивните математики.100 пратеници по 150000 гласови ,па нели они имаа 15 милиони гласачи а 8 милиони народ:vozbud:

Грешка си имаат 240 пратеника пута 150 000 гласачи тоа ти е 36 милиони гласачи КОИ ИЗЛЕГЛЕ да гласаат. Ако излезноста им е 50% тоа значи дека има 72 милиони бугари со право на глас. Затоа го повикувам Крстета наш да ни објасни.
--- надополнето: 30 ноември 2013 во 17:11 ---
150 000 гласови за пратеник не е точно но бројката е блиску :

-за да влезе во парламентот една партија мора да помине 4% од гласовите, ако помине 4% ќе има 10 претставници-за еден мандат се потребни меѓу 17 000 и 20 000 гласа-значи за да има една партија претставници се потребни од 170 000 до 200 000 луѓе гласале за неа!!!!!

А значи така една европска демократска држава се штити од малцинствата.
 
Луѓе, не си прајте бајрам со умот. Оние бројките од воведниот пост се смешни. Имам пријател посредник во вадењето пасоши, само тој има извадено повеќе пасоши од тие бројки таму.

Јас познавам барем 200 лица кои имаат бугарски пасош.

Знаеш што е најтрагичното, нашата политика а и голем дел од народот се теши со тоа дека ако Македонија влезе во ЕУ, сите оние што земале бугарски пасош ќе го вратат.Јас тврдам дека многу граѓани на оваа држава нема да ги вратат тие пасоши.И да, крајно е апсурдно и смешно да се правиме слепи пред вистината, треба да се нафатиме да го решиме проблемот за да спречиме ваков одлив на луѓе од државава.Со манипулации и симулации на некои работи нема ништо да постигнеме.

Но, ако кажеш нешто против едните, тогаш си комуњар, ако кажеш нешто против другите, тогаш си бугараш, ако кажеш трето решение односно алтернатива некоја тогаш си предавник.На овој принцип работат нашите примитивни мозоци, затоа и си останавме семкари.
 
За идентификација служат документите.
Ама документот за идентификација има рок на траење..
Дали и идентификацијата има таков рок и дали е ист со рокот на документот.

Не ми кажувај за што е темата, разбирам подобро од тебе. На темата не може да се даде дефинитивен одговор оти сте лажговци.

Документот за идентификација има рок на траење, но ако не го обновиш едноставно немаш таков документ и должиш казна - ако си во друга држава ќе бидеш депортиран во Бугарија.

На темата може да се даде дефинитивен отговор - има офииjална информациjа - се друго се лажи и пропаганда.
--- надополнето: 30 ноември 2013 во 20:06 ---
Уште чекам одговор како тоа 150.000 гласови во Бугарија се потребни за пратеник. Одговори или во спротивно си најголемиот манипулатор и преварант на форумов.

За да влезе една партија во парламентот т.е. да има пратеници таму и требаат најмалку 4%. Имајќи предвид резултатите од изборите во 2013 година, тоа се околу 150 000 луѓе.

https://bg.wikipedia.org/wiki/Парламентарни_избори_в_Б'лгарија_(2013)
 
Ништо, тогаш сепак ќе мора да се подржи турската партија.

Фала на одговорот.
 
Документот за идентификација има рок на траење, но ако не го обновиш едноставно немаш таков документ и должиш казна - ако си во друга држава ќе бидеш депортиран во Бугарија.
Тоа сите ти го кажуваат дека Македонците ги интересира бугарското државјанство а не бугарската "принадлежност".
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom