Анархија

Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Постои еднаквост ама на онаа страна т.е. пред да почни групирањето на атомите и распределбата на енергија т.е. потенцијалот од кој започнала динамиката/енергијата која ги придвижила сите работи ама тоа е веќе метафизика, така нешто :unsure:

Океј, човечкото тело е напраено од


Апропо, дали треба све што е напраено од овие елементи и нивните изотопи да ги внесеме во равенкава? Мината на моливот? :)

Пред да почнело групирањето на атомите (???). Многу индијански ми делуеш. :D
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Успешните луѓе имаат огромно его. И капитализмот им го стимулира истото со пари. И баш тоа прашувам, што би им го стимулирало егото на успешните во анархистичко општество?

Љубовта кон нешто не е никаков стимул. Самиот факт што најголемиот дел од најуспешните спортисти доаѓаат од екстремно сиромашни семејства го докажува тоа. Да немало пари од спорт, прашање дали воопшто би пробале да се бават со него.
Пак ми ја поставуваш работата од капиталистички агол. Ти реков дека од таков агол, мое мислење нема да чуеш. Џабе се цитираме само.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Пак ми ја поставуваш работата од капиталистички агол. Ти реков дека од таков агол, мое мислење нема да чуеш. Џабе се цитираме само.
Егото нема врска со капитализам. Не е срамота да напишеш дека анархизмот нема решение за тоа.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
:D Ај така нека е. Не ми го разбра прашањето или немаш одговор?
И Петре Трајановски (некој си хипотетички анонимус) има љубов кон кошарката ама ни 5% го нема ни тој талент ни знаење ни упорност како Леброн. И сега ти кажи ми каква кошарка сакаш да гледаш повеќе. со 10 души ко нашиов анонимус или со 10 души ко Леброн, Кобе.....?

Koшаркава е супер пример за лаичка деконструкција.

-Во тоа хипотетичко првенство не смее да постои прва лига, втора лига, трета лига(вертикала, пирамида) на љубовта кон кошарката. Треба да има едно првенство со сите тимови кои имаат желба да се докажат. Ако не се направи ова у старт, ќе го сигнализира почетокот на нерамноправноста.
Понатаму може да се определи системот на натпреварување, да не им се соберат по 8000 натпревари во сезона.
-Сите да бидат подеднакво компензирани. И Павле Шутогрбов и Леброн Џејмс.
-Стадионите ќе треба да се срушат, сите до последен, затоа што заговараат селективност и создаваат проблем. Секогаш има повеќе обожаватели надвор од стадионот од тие внатре. Зошто Трпе да го гледа натпреварот во живо, а јас не? Дури и да не се наплаќа влезница, пак некој ќе остане надвор оти ќе нема место. Ќе биде обесправен.
Тие што ќе ги рушат стадионите ќе бидат луѓе со голема љубов кон деструкцијата, па кога ќе завршат работа, ќе можеме на купче да ги собереме и обезглавиме, за утре да не им текне на своја рака да уништуваат колективен имот.
-Кога Леброн преку тројца ќе забие, никако аплауз. Аплаузот ќе му даде кураж да мисли дека е подобар од останатите, ќе почне и тој да крека дека е обесправен и дека заслужува најмалку десет пати повеќе од Павле Шутогрбов. Значи, штама.

Не знам што да правиме со бодувањето. Ако натпреварите не се ревијални и постои бодување, некој ќе треба да освои прво место. Тој некој тим да биде победник, а останатите губитници. Тоа, понатаму, од колективниот момент може да се рефлектира на индивидуално поле, па желбата за победа на еден врз друг да се радикализира.

Ќе се среди, чекор по чекор. Ако има желба и љубов, ќе има и начин.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Јас знам многу добро што е хулиган и што е анархист,и тенка е линијата меѓу анархијата и хулиганството,
Ти знаеш само како мозила да упалиш, и да ломотиш овде глупости кои не ги разбираш, нити сакаш да ги разбереш, што е пострашно. Ја би рекол тенка е линијата меѓу еден идиот, и идиот со интернет пристап. Едниот од време на време ќе се појави на ТВ доколку некој го снимал, бидејќи бисерите нема на кој друг начин да добијат поширок спектар на внимание, а другиов со интернет и на тие што сакаат, и тие што нејќат да чујат, ќе ги тресне истите зелени па оставени се да се чудат дали човеков трола или е стварно толку ментално ограничен. Сумњав дека си трол, ама ова прејде секакви граници на хумор твоево. Ќе да е другава претпоставка.
--- надополнето: 27 ноември 2013 во 19:00 ---
:D Ај така нека е. Не ми го разбра прашањето или немаш одговор?
И Петре Трајановски (некој си хипотетички анонимус) има љубов кон кошарката ама ни 5% го нема ни тој талент ни знаење ни упорност како Леброн. И сега ти кажи ми каква кошарка сакаш да гледаш повеќе. со 10 души ко нашиов анонимус или со 10 души ко Леброн, Кобе.....?
Лошо си го поставил прашањето тогаш. Претходно анонимусиве не ги спомна. Нормално дека тие со талент би им било пружена шанса да се градат во кошаркари, не сфаќам каде проблемот го гледаш? Не си ама ич јасен.
--- надополнето: 27 ноември 2013 во 19:02 ---
Не смее да се негира војлата за моќ.
Цитат:
Кога човек ќе постигне одредена независност, тој се повеќе тежнее за уште поголема: се создава издвојување во однос на степенот на сила; поединецот повеќе не се смета себеси еднаков со другите, туку ги бара еднаквите на себе - тој ги издвојува другите од себе.
Луѓето бараат слобода додека уште немаат моќ. Кога ќе стекнат моќ, тогаш се стремат кон надмоќност, ако не дојдат до неа (ако се уште преслаби за неа), тогаш бараат "правда", односно еднаквост во моќта.
Завршен цитат.

Моќен, природно/космички нагон за кого е потребно повеќе од мафтање со транспаренти за да се заузда.
Затоа реков дали се нуди некаков начин за постигнување на таква возвишено - космичка состојба на висока самосвест кај секој поединец. Ако не, тогаш се се сведува на неконтролирана меѓуигра на комплекси злоупотребена од оние кои постигнале или се стремат кон моќ и надмоќност.
Ова воопшто не е никаков космички закон или правило, туку цитираш метафизика. Или да искористам твој термин - научна фантастика.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Ти знаеш само како мозила да упалиш, и да ломотиш овде глупости кои не ги разбираш, нити сакаш да ги разбереш, што е пострашно. Ја би рекол тенка е линијата меѓу еден идиот, и идиот со интернет пристап. Едниот од време на време ќе се појави на ТВ доколку некој го снимал, бидејќи бисерите нема на кој друг начин да добијат поширок спектар на внимание, а другиов со интернет и на тие што сакаат, и тие што нејќат да чујат, ќе ги тресне истите зелени па оставени се да се чудат дали човеков трола или е стварно толку ментално ограничен. Сумњав дека си трол, ама ова прејде секакви граници на хумор твоево. Ќе да е другава претпоставка.
--- надополнето: 27 ноември 2013 во 19:00 ---


Лошо си го поставил прашањето тогаш. Претходно анонимусиве не ги спомна. Нормално дека тие со талент би им било пружена шанса да се градат во кошаркари, не сфаќам каде проблемот го гледаш? Не си ама ич јасен.
ти си опседнат со мене,и имаш големи комплекси од мене,but why shkorpionsko ? дека не сум педер и не сакав да имам ништо со некој како тебе дури ни да видим како изгледаш ? немој сеа за тоа што јас не сум педер и не успеа ништо ти кај мене сега да ме навредуваш со дека сум идиот,некој си трол и слични работи.Своите комплекси зачувај ги за себе.Воздржи се да ја покажеш слабоста на твојот карактер со тоа што ме навредуваш и споредуваш во негативна конотација. :DShow must go on shkorpionsko..
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Зашо форсирате еднаквост? Не постои еднаквост меѓу луѓето.
Можат да се намалат разликите. Доволно доблесно.
--- надополнето: 27 ноември 2013 во 19:06 ---
Егото нема врска со капитализам. Не е срамота да напишеш дека анархизмот нема решение за тоа.
Ако мотивацијата за се е пари, нека дојде нека не лупне некој астероид. Не заслужуваме да постоиме. А и не сфаќаш што значи објективна критика за нешто, а што критика од капиталистички агол. Па ајде, его е во прашање. Его де, ама чиво? Моето не е.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.931
Поени од реакции
12.515
Океј, човечкото тело е напраено од


Апропо, дали треба све што е напраено од овие елементи и нивните изотопи да ги внесеме во равенкава? Мината на моливот? :)

Пред да почнело групирањето на атомите (???). Многу индијански ми делуеш. :D


Нема маса, туку само комбинации на одреден број субатомски честички - протони, неутрони и електрони.
Еве ќе го земиме за пример Mercury:
Atomic Number: 80
Atomic Mass: 200.59 amu
Number of Protons/Electrons: 80
Number of Neutrons: 121

Number of Energy Levels: 6

First Energy Level:

    1. 2
Second Energy Level:

    1. 8
Third Energy Level:

    1. 18
Fourth Energy Level:

    1. 32
Fifth Energy Level:

    1. 18
Sixth Energy Level:

  1. 2
Енергијата е муабетот.
Е сега индијански звучи ама таа е суштината и тука сме сите еднакви :D
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Биолошка и социолошка.
Па тогаш треба да користиш збор исти а не еднакви. Еднакви асоцира на подобри и полоши, што не постои такво нешто во природата....ако не броиме синдроми и слично.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
ти си опседнат со мене,и имаш големи комплекси од мене,but why shkorpionsko ? дека не сум педер и не сакав да имам ништо со некој како тебе дури ни да видим како изгледаш ? немој сеа за тоа што јас не сум педер и не успеа ништо ти кај мене сега да ме навредуваш со дека сум идиот,некој си трол и слични работи.Своите комплекси зачувај ги за себе.Воздржи се да ја покажеш слабоста на твојот карактер со тоа што ме навредуваш и споредуваш во негативна конотација. :DShow must go on shkorpionsko..
Искрено, да, многу ме погоди тоа кога ме одби :(. Не знаеш колку плачев таа ноќ. Колку само сладолед од кутија сум јадел со лажица за супа ... :place:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ако мотивацијата за се е пари, нека дојде нека не лупне некој астероид. Не заслужуваме да постоиме. А и не сфаќаш што значи објективна критика за нешто, а што критика од капиталистички агол. Па ајде, его е во прашање. Его де, ама чиво? Моето не е.
Парите покажуваат дека се одличен мотиватор. Ти тврдиш дека не мора да бидат, јас те прашувам тогаш што е замената. Не е толку комплицирано, батали го капитализмот, кажи што ќе биде мотиватор во анархија.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Лошо си го поставил прашањето тогаш. Претходно анонимусиве не ги спомна. Нормално дека тие со талент би им било пружена шанса да се градат во кошаркари, не сфаќам каде проблемот го гледаш? Не си ама ич јасен.
Прочитај го погоре саркастичниот пост на @Raziel. Е саркастичен, меѓутоа ја доловува суштината. Прашањето е сосем на место поставено. Значи прашањето е: Кој е мотивот еден талент да се изгради во врвен кошаркар, да го даде максимумот од себе. Едноставно qr ќе го боли дали дал максимум или не, да не се повторувам со Разиел натаму какво значење ќе има секој натпревар и што за поразениот и што за победнкот. Нема мотив. Ете нека не се парите, што тогаш? Урамниловката е добра на хартија но во пракса не функционира.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Искрено, да, многу ме погоди тоа кога ме одби :(. Не знаеш колку плачев таа ноќ. Колку само сладолед од кутија сум јадел со лажица за супа ... :place:
Епа затоа не треба сега овде да се одмаздуваш овде и да ме етикетираш со разни етикети,ова си она си.Немој да мислиш дека јас се навредувам.Туку ти укажувам дека си многу искомплексирана личност.Неуспесите те погодуваат премногу и тоа создава револт кај тебе,и тоа неможеш да го контролираш.Немаш контрола над сопствените емоции.. :)
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.931
Поени од реакции
12.515
Ова воопшто не е никаков космички закон или правило, туку цитираш метафизика. Или да искористам твој термин - научна фантастика.

Го цитирам Ниче и Волја за моќ а тоа е наука а ако звучи научно фантастично тогаш јас не сум крив туку Ниче па Адлер итн. А под космички закон секако се подразбира и природен а не можиш да го негираш затоа што не е измислен и инсталиран во капитализмот туку постои од давнина. Па ајде сеуште чекам начин на кој ќе биде совладан за да можеме сите да функционираме еднакво и совесно а тоа да не бидат транспаренти во панк рок стил :)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Парите покажуваат дека се одличен мотиватор. Ти тврдиш дека не мора да бидат, јас те прашувам тогаш што е замената. Не е толку комплицирано, батали го капитализмот, кажи што ќе биде мотиватор во анархија.

За мене би било самиот успех, дека нешто имам постигнато, завршено, или дека сум направил некој придонес. Дополнителна мотивација не ми треба. За другите не можат да зборам во нивно име. Мора да имам награда на крај некаква? Не сфаќам? Медал? Ти реков и претходно, бидејќи размислуваш во капиталистички рамки, затоа и не можеш да сфатиш како би постоел друг мотиватор освен тој кој што е сега, кој само затоа што произведува одредени резултати (не на глобално ниво нели, а и последиците од истото), и демек нема потреба да се менува. Волонтерството никој не го наградува, па пак луѓе го прават тоа, многу од нив и по цел живот трошат на волонтирање.
--- надополнето: 27 ноември 2013 во 19:16 ---
Го цитирам Ниче и Волја за моќ а тоа е наука а ако звучи научно фантастично тогаш јас не сум крив туку Ниче па Адлер итн. А под космички закон секако се подразбира и природен а не можиш да го негираш затоа што не е измислен и инсталиран во капитализмот туку постои од давнина. Па ајде сеуште чекам начин на кој ќе биде совладан за да можеме сите да функционираме еднакво и совесно а тоа да не бидат транспаренти :)
Наука? Филозофија?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom