Фан Клуб: Славија

Член од
16 октомври 2013
Мислења
33
Поени од реакции
48
ССК Младинец - Славија Пржино 1:3

Засега 4 од 4 имаме, следен натпревар ќе биде во недела со почеток од 14:00 часот против екипата на Текстилец.
 
Член од
16 октомври 2013
Мислења
33
Поени од реакции
48
Славија Пржино - Текстилец 1:0 прек. (служебно 3:0)

Славија Пржино го доби овој дерби меч со службени 3:0. Екипата на Текстилец почна да го губи мечот и бидејќи не знаеа на фудбалски начин да се вратат во игра, се пробаа со "фајтерски" начин и започна една општа тепачка околу 60 мин. али и тој начин не им успеа и си го напуштија пред време натпреварот. Покрај тоа што дома си отидоа без бод, си отидоа помодрени а и со можна казна од 3 до 9 бода.
Пет од пет сега за сега за екипата од Пржино. Иначе стрелец на единствениот гол беше Франческо Тоти.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Мало враќање во минатото, од времето на ЈСП до првите години откако тимот повторно го смени името во Славија.


Тимот на ЈСП во сезоната 98/1999 со најлегендарните дресови, зелени со бели триаголници и железни кочиња, па ако штопираш топка на гради ќе те пробуши железаријата :)

На сликата има неколку легендарни фаци на тимот :)
Лево од голманот е легендарниот напаѓач Марјан Србиновски ака Савичевиќ. Со години играше во ЈСП, за на рај да ја заврши кариерата во ССК :) Десно од голманот, Давор Калиновски. Тие години газеше во трета лига. Потоа премина во Балкан кој се бореше за втора лига, за до лани да игра во Раштак :) Третиот доле, ланскиот тренер и играч на Славија Јорџо :) До него, Шукурица, откритието на таа сезона. И на крајот единствениот ЗОРАНС СУРЛОВ ака Сурла :D
Легендарниот тренер на младинските екипи, еден од најострите играчи во лигата. Сега шофер во ЈСП, баш завчера ме возеше во 22-ка :D


Нареднава слика е од 2002 некаде...
Сличен состав, плус сегашниот капитен и тренер, Илија Мандаровски (5-ти во горниот ред од лево кон десно). Сеуште ги тресе противничките мрежи :icon_mrgr:
Во тимот тие години беше и судијата Димитар Мечкаровски, ако не се лажам мислам дека е тој што клечи најдоле најдесно.

Извештај од дербито со Металург :)



Еве нешто поново. Мислам дека е некаде од 2006 година.
Имавме солиден спонзор на почеток на сезоната, ама Мандарот на недела дена пред сезоната нешто се раскара со нив и останавме без екипа :)
Собравме некаков состав, и после две кола имавме две победи на гости :D
Па од Мак спорт ни напишаа нарачана статија :D

 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Прво место на полусезона :)
Скор 7 од 7 :)

Вистински драми се случуваа на двата последни меча во Пржино.

Во 5-тото коло се сретнавме со Текстилец кој дотогаш истотака немаше доживеано пораз. Дел од играчите им беа од Драчево, пошто они се нешто како втор тим на Драчево. Ама сигурно мутеа нешто, сто посто дел од играчите не беа нивни.

Многу балетански ова екипиве во четврта лига, се гледа дека никогаш не играле во трета лига и не знаат што е остар фудбал. Овие од Текстилец на секој старт плачеа. Нивниот капитен ја заостри цела ситуација, постојано само се караше и се закануваше дека не сме знаеле што не чека кога ќе одиме кај нив.
Славија беше доминантна на теренот. Во првото полувреме Арсовски, Гажевски, Наковски и Амза утнаа стопроцентни шанси. Во вториот дел шанси имаа и Даиловски и Костадинов, но резултатот и по 60 минути остана 0-0.
Текстилец се закани само еднаш. Нашата одбрана подзаспа па овие нивниот напаѓач излезе сам пред гол, но чекаше долго време и неговиот шут беше блокиран.
Тогаш по една акција на Рајков, најискусниот во екипата Мандаровски ја затресе противничката мрежа.
Гостите бараа некаков офсајд, па нивниот тренер беше исклучен.
Претходно наполувреметона барање од нашиот тим, делегатот им ги побара книшките и мечот беше во долг прекин. Они тоа го сметаа како провокација, па со бунењето за голот уште толку се крена тензија.
Нашите играчи правеа ситни прекршоци на средината на теренот за да ги прекинат нивните напади, па по еден таков прекин дојде до меѓусебно кошкање на дел од играчите.
А од тоа кошкање настана општа тепачка во која се вклучија скоро сите актери на теренот плус дел од публиката.
Највеќе го изедоа тие што се курчеа од гостинските играчи :D
Одамна не паднала ваква општа тепачка во Пржино.
По инцидентот Текстилец ја повлече екипата и Славија ја доби утакмицата со службени 3-0.
Но тоа не беше крај на комедијата. Од нигде никаде дојдоа еден куп дефендери со џандари, СПЕЦИЈАЛЦИ и неколку коли со алфи.
Комедии живи, мислиш војна почнала. Саат време правеа записници. Специјалциве кога изрипаа со пендреците, којзнае што им јавиле си рекле дека ќе дочекаат некоја којзнае колкава тепачка :pos:

Ние добивме неколку казнети играчи и како резултат на тоа моравме последните два меча да ги играме десеткувани.

Прво славевме против Вардар со 0-1 со голот на Неделковски, а потоа не очекуваше дербито на лигата со Ново Лисиче.
Ново Лисиче е новоформиран амбициозен тим, но за жал се покажа дека имаат уште многу да учат, пред се фудбалски правила :)

Околу 150 гледачи го проследија овој меч, а голем дел од нив беа дојдени од Лисиче. Како традиција станува дека кога се бориме за влез во погорна лига, противникот да биде од Лисиче :)
Овојпат за разлика од пред неколку години, СЛАВИЈА-Н.Лисиче 3-2!
Очекувв подобра игра од гостите, но скоро ништо не покажаа.
Славија нападна уште од почетокот, па по ден од првите корнери после нафрлувањето Даиловски ја закова топката во мрежата на Лисиче. После тоа имаше еден момент кога нашиот капитен му префрли нешто на судијата, а судијата Владимир Ризоски му покажа жолт картон. Гостите тоа го окарактеризираа како ВРШЕЊЕ ПРИТИСОК кон судијата и нигде не спомнаа дека судијата дал картон, што во понискиве лиги НИКОГАШ НЕ СЕ СЛУЧУВА. Ризоски како судија од трета лига, ми е еден од најнеомилените, но морам да кажам дека не потпаѓа под притисоци и е еден од ретките кој не се плаши да вади картони.
Мечот доби друг тек откако Рајков доби топка во длабочина, го претрчуваше последниот играч од одбраната на Лисиче, а овој во обид да се загради со лакт го мавна по лицето. Рајков сигурно ќе искочеше сам пред гол пошто беше побрз во дуелот и по сите правила ова беше црвен картон.
Нормално судијата додели црвен картон, а тоа наиде на ОГРОМНИ негодувања од гостите.
Сакаа даја повлечат екипата, му се закануваа на судијата (се е тоа снимено) и се случи и туркање меѓу нашиот капитен Мандаровски и нивниот тренер откако овој префрли дека се ова било по нечија сдиректива и сите мечеви службено сме ги земале. Па после се судијата им додели уште еден црвен на Лисиче ради навреди и црвен за нашиот капитен.
Мечот продолжи 10 на 9 во корист на Славија. Славија имаше уште две шанси до полувреме, особено беше добар волејот на Трајанов кој гостинскиот голман одлично го одбрани.

Вториот дел започна со уште ден гол на Даиловски. Добра акција на Гажевски по крило, нафрлување до осамениот Даиловски кој стрелаше за 2-0. Гостите првшут имаа во 60-та минута кога еден нивен играч шутираше од 10-тина метри, нашиот голман одби, а нивниот напаѓач даде гол. Но во моментот на шутот тој беш во офсајд и голот беше сосема оправдано поништен.
Уште толку почнаа да се бунат овие.
Во публика имаа некои пијандури старци, слични на оние на Горно Лисиче, кои го мразат Мандарот па не престанаа да го пцујат ни овојпат :facepalm:
Во овој период се повреди двојниот стрелец Даиловски. Од нигде никаде Лисиче се врати во игра. Единствен виновник беше голманот Наковски кој едноставно немаше свој ден. Прими гол откосо од 30-тина метри. Имаше некоја лоша проценка, веројатно мислеше топката не оди накај гол, ама од никаква шанса Лисиче дојде до 2-1.
Лисиче почна да притиска и имаа неколку слободни удари. По еден таков, сакаа да украдат по некое метро, и ја потшутнаа топката понапред. Судијата неколку пати ги истолерира но овојпат покажа дека слободниот е изведен. Па така ние добивме чиста контра и сто процентна шанса на Рајков сам со голманот. Но нашиот напаѓач биеше до стативата.
Некаде во 75-та минута ситуација слична на онаа од прво полувреме. Рајков сам во противничка половина со дефанзивец на Лисиче. Топката го прескокнува гостинскиот дефанзивец, а овој за да спаси чиста шанса ја мава со рака НАМЕРНО.
Судијата без двоумење му дава црвен картон.
На крај гостите и оваа ситуација ја искористија заплачење, демек како можело три црвенои да добијат.
Патем им прогледа тука еднаш низ прсти откако нивен фудбалер со намера го рогна
Трајанов откако и двајцата лежеа на тревата. Патем Славија покрај црвениот доби и 6 жолти картони, а Лисиче само 1 ако не се лажам, но и 3 црвени.

И одново како гром од ведро небо, уште еден буквално ист погодок на Лисиче. Без никаква шанса, со шут откосо од пола терен дојдоа до 2-2.
Беа во еуфорија и почнаа да напаѓаат. Во таква ситуација по една наша контра дојдовме до корнер. И како капак на утакмицата, Неделковски после корнерот биеше прецизно за 3-2!
Се тоа се случуваше негде во 88 минута. Имаше уште 5 минути во кои не се случи ништо поинтересно, а гостите приговараа ДЕКА МЕЧОТ ТРЕБАЛО ДА СЕ ИГРА УШТЕ НЕКОЛКУ МИНУТИ. Лично нивниот тренер со овие зборови му викаше на судијата.

За после мечот да направат СРАМНО соопштение и истото да го објават по неколку портали, кои без да проверат што се случувало го објавија на нивните сајтови.
Нема да го копирам, само ќе кажам дека се будеа за картоните, а насловот беше ФУДБАЛ СЕ ИГРРАШЕ ДУРИ СЛАВИЈА НЕ ДАДЕ ГОЛ.
Имаа пишано демек мечот се играл 98 минути а кога ние сме дале гол судијата свирнал крај.

Ништо не им помогна. Знам дека имаат големи амбиции, ама реално ништо не покажаа кај нас, а плус имаат и пораз од Текстилец во Лисиче.
Според наши извори мечот со Вардар 75 им е загубен службено, според нив не е така :)

Официјална табела нема никаде, ама се знае дека ние сме први со 21 бод од 7 меча, а Ново Лисиче се втори со 15 бода, или пак 12 :)

Со други зборови огромни се шансите да одиме во бараж, особено што тимот уште толку се засилува за втора полусезона :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Голот на Арсовски на мечот Слога-Славија 3-1 кој се одигра во ланската сезона:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Сума сумарум од ланската сезона:

Башкими-Славија 3-2 (Костадинов, Ниотис)
Славија-Сарај 1-0 (Никодиновски)
Славија-Беса 2-0 (Китановски, Ниотис)
Фортуна-Славија 3-3 (Ниотис 2, Јовановски)
Славија-Кадино 2-4 (Арсовски, Ниотис)
Слога-Славија 3-1 (Арсовски)
Славија-Драчево 3-0 службено (мечот заврши 1-1 а за Славија погоди Амза)
Илинден-Славија 2-1 (Никодиновски)
Славија-Гоблен 4-5 (Амза 2, Костадинов, Арсовски)
Раштак-Славија 5-2 (Наковски, Арсовски)
Славија-Трубарево 2-2 (Костадинов, Ниотис)
Шкендија-Славија 1-0
Славија-Алумина 0-1

Славија-Башкими 0-1
Сарај-Славија 3-0
Беса-Славија 3-1 (Костадинов)
Славија-Фортуна 3-1 (Даиловски, Идризовиќ 2)
Кадино-Славија 3-1 (Наковски)
Славија-Слога 1-5 (Рајков)
Драчево-Славија 4-1 (Наковски)
Славија-Илинден 1-3 (Арсовски)
Гоблен-Славија 1-2 (Идризовиќ, Наковски)
Славија-Раштак 0-1
Трубарево-Славија 2-0
Славија-Шкендија 1-2 (Даиловски)
Алумина-Славија 1-2 (Амза, Ниотис)

Славија вкупно на 26 меча имала скор од 6 победи, 2 нерешени и 18 порази и освоила само 20 бода. Гол разликата е 36:59!
Бутел и Марино се откажаа од лигата, па така од 16 екипи кои ја почнаа лигата ние бевме 14-ти. Или подобро кажано од оние што ја финишираа лигата бевме последни.
Не требаше да испаднеме, но своеволно се откажавме.

На домашен терен на 13 меча билансот е следниот: 4 победи 1 нерешена и 8 порази, односно освоени се 13 бода со гол разлика од 20:25.
На гостински терен на 13 меча билансот е следниот: 2 победи 1 нерешена и 10 порази, односно освоени се 7 бода со гол разлика од 16:34.

Стрелци на голови биле: Ниотис 7, Арсовски 5, Костадинов 4, Амза 4, Наковски 4, Идризовиќ 3, Никодиновски 2, Даиловски 2, Јовановски 1, Китановски 1, Рајков 1.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Годинава до полусезона:

ССК Нова-Славија 1-3 (Амза, Рајков 2)

Славија-Титан 3-0 (Рајков, Арсовски, Трајанов)

Цементарница-Славија 2-3 (Рајков 2, Арсовски)

ССК Младинец-Славија 1-3 (Гажевски 2, Амза)

Славија-Текстилец 3-0 службено (прекината на 1-0 , за Славија погоди Мандаровски)

Вардар 1975-Славија 0-1 (Неделковски)

Славија-Ново Лисиче 3-2 (Даиловски 2, Неделковски)

Скор од 7 победи во 7 меча.
Освоени максимални 21 бод, со гол разлика од 19-6!

Дома имаме скор 3 од 3, освоени се 9 бода со гол разлика од 9-2, а на гости освоени 12 бода со скор 4 од 4, со гол разлика 10-4.

Стрелци: Рајков 5, Арсовски 2, Амза 2, Неделковски 2, Гажевски 2, Даиловски 2, Трајанов 1 и Мандаровски 1.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Иако првенството почнува на 13 април, сепак Славија уште од крајот на јануари почна да се спрема за пролетниот дел.
Досега беа одиграни 4 пријателски дуели во кој претрпевме 3 порази и 1 нерешена.
Славија-Беса 2-3
Славија-Скопје (младинци) 1-1
Славија-Гоблен 1-6
Кадино-Славија 3-2

На пријателскиве шанса добија преку 30 играчи :pos:
Со Беса се држевме, со Кадино од 0-2 на полувреме, во второ со мешан состав претрпевме пораз. Ама противник како Гоблен поодамна немам видено во понискиве лиги. Не за џабе се први во трета лига. Ептен се физички спремни, а веројатно и бајаги технички поспремни и од екипиве од трета лига. Еден куп школски акции ни изигра и не наполнија...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Sto se pravi vo Slavija?
Sabja!! Prati nekoja snimka od ekipata..
Еве го голот на легендата на клубот на пријателската со Гоблен :D


Во меѓувреме се изиграа уште неколку пријателски во кои паднаа два третолигаши, а загубивме од Вардар 75, во меч во кој се играше со комбиниран тим.

Славија-Бабуна 2-0
Славија-Вардар 75 0-1
Радуша-Славија 0-2
 
Член од
11 октомври 2013
Мислења
20
Поени од реакции
8
Da, da .. Toa e legendacina .. Bas me interesira sto ke se slucuva ovaa sezona. Steta sto nema da mozam da prisustvuvam na tie festi)))
FORCA Slavija Przino
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.475
Победа во првото пролетно коло.
Падна уште една екипа која игра во полза на Лисиле, Драчевска ССК Нова.
Лека-полека се ситнат тешките мечеви и се трасира патот за третата лига :icon_mrgr:
Славија-ССК Нова 3-2!
По којзнае кој пат Славија ќе загубеше добиен меч.
Славија поведе со гол од пенал на Трпковски, по фаулот над Костадинов.
На 2-0 зголеми Даиловски од гол за кој гостите се бунеа кај судиите дека бил од офсајд, па имаше голем прекин на мечот.
Славија иако со целосна контрола над играта, стандардно се опушти во вториот дел па прими 2 гола, од кои едниот во стил на Шакири од корнер :eek:
Израмнувањето дојде во 85-та минута и кога гостите мислеа дека успеале во целта, примија гол од мртов агол, дело на Гажевски :icon_mrgr:
Следно коло веќе добиено гостување кај Титан :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom