[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде Кафе, Бубамаро ве чекам. :love: The more the merrier! <3
Исто и Виндфакер... да не те налутивме нешто па не сакаш да не‘ дружиш повеќе? :noze:

На диета сум нешто, плус се скаравме со женската пред 6 дена и сум на благо.
Ама ќе ги направам утре шпагетите само да биде масовно цело село.
 
Бисеро моме бисеро,пуна си бисерчиња:)
Ја па и од коефициенти се разбираш:)Тури копачки јас ќе се потрудам тревата да ја искосам,терено да биде ползгав..

пс.дај таа левата страна од џилетката да ти закачам медал за бисерчињата

Батали џилетката, јас кога велам дека бисерчињата си ги носам на чело никој не ми верува. Одам прееска да купам намирници и нарачувам сланина. Дечкото позади пултот, најверојатно мислејќи на производител, ме прашува каква сакам, а јас како од пушка велам -- свинска!! :LOL:

И инстант почнуваме и двајцата слатко да се смееме.
Нејсе, нека му е на здравје смеењето, белким му го разубавев денот. :)
 
:pos: Ние мажите најдовме со кој да се натпреваруваме со жени! :icon_mrgr: Го јадевме тек сега кикирико :D
 
На диета сум нешто, плус се скаравме со женската пред 6 дена и сум на благо.
Ама ќе ги направам утре шпагетите само да биде масовно цело село.

Зурли трештат на сред село
Тефлон чука рум дум дум
Млади моми и ергени
До две сарми вијат

Оздол иде стар бел Факер
Засукал мустаЦи (ова ради Мовембер :D)
Трга Факер на шпорето
И тој лајца фати

Го здогледа баба АнФем (ова ради тетките ;))
За фута го фати
Чекај малу младо лудо и
Шпорето го зафати

РУМ ДУМ ДУМ :X3:
 
Убав и лесен рецепт.
Бујрум фотки.

А јас пак те чекам тебе да го направиш Боб Марли у шпагетско издање :)

Ќе му паше ли гитарава? :)

Carbonara1.JPG


Еве уште една, да не испадне дека фаќам само на декорации. :)

Carbonara2.JPG
 
Каде сите Турци, таму и голи Асан.

Направив неколку измени, ставив печурки и наместо јајце употребив павлака.
Останато е според рецептот од Анфем.

spagethi.jpg
 
Зошто бе сега вака ми правите, да незнам за кого да гласам :confused: :)

@Олимпија ќе може ли овој пат да направиш при гласањето да може да се гласа за повеќе од еден? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom