Казаки
Атаманот - Army of Christ
- Член од
- 2 септември 2011
- Мислења
- 1.526
- Поени од реакции
- 1.969
За да ме потсетиш што се случило 1912 треба да знаеш што се се случувало уште после смртта на Сулејман Величествениот, бидејќи тогаш е почетокот на крајот за империјата, а не 1908 год.Знаеш кога последен пат природните противници на турската држава мафтале на официјални турски претставници? За време на младотурската револуција во 1908. Треба да те потсетувам што се случило во 1912?
Според мене, Путин и Ердоган се вистински примери како треба да се реформира една држава почнувајќи од минус, а не од 0. Можи на многу не му се допаѓа ова, но тоа е факт!
Плус Турција 1912 и Турција 2013 се два различни света со ист идеолошки концепт, бидејќи уште од сега се работи на Турција (империја, а не република) 2023 год. Според мене ова тешко дека ќе го постигнат враќањето на империјата, но дека ќе ја зајакнат Турција внатрешно е повеќе од сигурно! И да знаеш после Сулејман Величествениот најголем турски реформатор е Ердоган, а не Ататурк! Еве ти видеото да видиш каде е Турција денес и да направиш споредба каде беше во 1912 г., во времето на Ататурк или па ако сакаш и пред 20 год.
Еве, штотуку прогуглав и најдов и на македонски за проектот 2023:
Можи изградил 17.000 џамии во овие 11 години, ама ја направил земјата светска сила. Камо среќа и нашите да не направеа регионална сила овие 20 год. па не 500... 1500 споменици нека изградеа!Турција 2023
Доколку Турција успее да ги оствари своите амбиции и до 2023 да влезе во топ 10 светски економии тоа ќе значи без дилема дека оваа земја ќе стане една од глобалните економски ѕвезди на новиот век. Во време кога развиениот запад се мачи да оствари стапки на раст над нулата Турците креираат огромни стапки на раст и полека но сигурно стануваат сериозен фактор на периферијата на Европа.
Колку расте Турција?
Во 2011 година Турција порасна неверојатни 8,5%. Тоа ја прави убедливо најзилна економија во Европа. Токму ова е една од главните причини што турците многу не ги боли глава дали ќе влезат во унијата. 2012 погодена од ситуацијата во светот економијта доживеа таканаречено благо приземјување и се очекува 2013 повторно моторот на растот да се запали и да се постигне раст од близу 4%.
Ова сепак значи дека Турција за да може да ја оствари нејзината цел дека ќе мора да постигнува раст од 6%. Математички на ваков начин може да се дојде до она ниво кое Турција го бара а тоа да биде една од најсилните економии на светот.
Што точно значи Турскиот проект 2023 ?
Проектот те целите кои треба да се постигнат ги објави Реџеп Таип Ердоган премиерот на Турција. Тоа се серија проекти кои Турција треба да ги релизира до 2023 година.
Основната цел е растот на БДП од сегашните 775 милијарди долари на 2 трилиони долари во 2023 година. Целта е исто така да се намали невработеноста на скоро природна стапка на невработеност од 5%. Додека БДП по глава би постигнал ниво од 25.000 долари.
Инаку Турција во моментов има стапка на невработеност од близу 10%, додека нејзиниот БДП по глава на жител изнесува 10.500 долари.
Турција проценува дека ќе има вкупно 30 милиони жители кои ќе бидат во категоријата работна сила, во моментов имаат нешто повеќе од 22 милиони.
Кои промени се случуваат во моментов?
На Турција исто така како и на Кина е потребна поголема домашна потрошувачка и инвестиции во инфраструктурата. Интересно е тоа дека се повеќе глобални брендови влегуваат во Турција. Типичен пример за тоа дека Турците се повеќе трошат производи кои доаѓаат од западот е огромниот пад на традиционалниот турски пијалокот – раки (значи тоа е оној бел пијалок што наликува на узо и може да го видите во турските серии). Ова не значи дека турците не пијат алкохол, туку дека потрошувачката се повеќе се врти кон глобалните брендови.
Исто така младото население се повеќе троши на технологија. Впрочем замислите секој млад човек кога ќе влезе во заедница треба да купи стан и истиот да го опреми. Замислете каков потенцијал има само Истамбул кој има скоро 14 милиони жители и тоа е град кој сеуште рапидно се шири.
И за крај во целава оваа приказна и поради моќта која ја имаат Турците не прифаќаат квази односи со ЕУ и бараат да бидат полноправна членка. Се чини во ЕУ сеуште има отпор Турција да влезе во големата Унија и времете ќе покаже дали на крајот ЕУ ќе ја моли Турција да и се приклучи.
Редакција Фактор
Можеби и почетокот на крајот на Ердоган или Турција како држава е започнат, ама конечниот крај би дошол релативно долго долго време подоцна, бидејќи фала богу ништо не е вечно! И ќе завршам како што почнав... Османската империја започнала да тоне уште во 1566 год. ама сепак како што и самиот кажа, крајот дојде 1912 год. или поточно 1923 год.
Сега комотно можиш во чек дис аут, да се префрлиш!