17:2 Затоа народот почна да се препира со Мојсеја. Викаа: „Дај ни вода да пиеме!” А Мојсеј им одговори: „Зошто се препирате со мене? Зошто Го искушувате Господа?”
5 „Истапи пред народот! - му рече Господ на Мојсеја. Земи со себе неколку израелски старешини; земи го во раката стапот, со кој ја удри Реката, и тргни.
19:3 а Мојсеј се искачи кон Господа. Господ го повика од планината и му рече: „Кажи му вака на Јакововиот дом, разгласи им на Израелевите деца:
19:7 Мојсеј се врати и ги свика народните старешини па им изложи сè што му нареди Господ.
24:3 Мојсеј дојде и му ги кажа на народот сите Господови зборови и сите одредби. А сиот народ одговори едногласно: „Ќе ги вршиме, сите зборови што ги рече Господ.”
24:6 Мојсеј ја собра крвта; половината крв ја тури во садови, а половината ја излеа врз жртвеникот.
24:8 Потоа Мојсеј ја зеде крвта и го попрска народот, говорејќи: „Ова е крвта на Заветот што Господ го воспоставува сега со вас на основа на сите овие зборови.”
33:9 А кога Мојсеј ќе влезеше во Шаторот, облачниот столб се спушташе и остануваше на влезот на Шаторот, додека Господ разговараше со Мојсеја.
33:11 Така Господ разговараше со Мојсеја лице во лице, како што човек разговара со пријателот.
34:35 Израелците гледаа како од Мојсеевото лице блеска светлина. Тогаш Мојсеј го навлекуваше пак превезот преку лицето додека не влезеше да говори со Господа.
35:1 Мојсеј ја свика целата заедница на Израелевите синови па им рече: „Господ ви наложи да го правите ова:
35:4 Натаму Мојсеј и рече на целата израелска заедница: „Господ го нареди ова:
8:5 Тогаш Мојсеј и проговори на заедницата: „Господ нареди да се направи ова.”
8:19 А Мојсеј го закла и го попрска со крвта жртвеникот од сите страни.
9:8 Мојсеј им рече: „Стрпете се, да чујам што ќе одреди Господ за вас.”