Наследството кое на светот му го остави ликот и делото на Исус,Христијанството,независно дали тоа е настанато како резултат на политичка одлука или не,имаше голема улога и влијание во одредување на текот на историјата на западниот свет.Дури и во случај Исус воопшто да не постоел,сето тоа што беше запишано во Библијата а понатака беше толкувано од Црквата на ваков или онаков начин беше основа која ја одреди историјата на Европа.
Крстоносните војни,ширење на Христијанството со помош на силата и мечот,Мрачниот век и Инквизицијата и присвојување и осакатување на науката како ексклузива на Црквата,како што велиш самиот влијанието и улогата на Христијанството во раѓањето и оформувањето на Исламот чии реперкусии и ден денес сме приморани да ги трпиме,опструкција на прогресот како резултат на моќта на Црквата и нејзино мешање во интимата на верникот итн. се само еден мал дел од мозаикот на последици кои веројатно никогаш не би се случиле доколку Исус не постоеше.Или некој не го измислеше неговото постоење,сеедно.
Непосредно,Исус во минатото претставувал и сеуште денес за верниците претставува централна фигура во нивната егзистенција па може и да се каже смислата на животот и потпора за надежта.Сепак,ова е тотално субјективна категорија и зависи од перспективата и религиозното убедување на личноста.Ете,за разлика од верникот чија смисла на постоењето е Исус,за тебе тој нема никакво значење.
Можеби не оставил ниедно револуционерно откритие кое му помогнало и олеснало животот на обичниот човек,но секако дека Исус,посредно преку Христијанството а преку него и Црквата и непосредно во очите на верниците имал големо влијание врз многу настани и појави.Далеку од тоа дека е тотално небитен и маргинален лик.