Nikon D5100 vs Canon EOS 600D

  • Креатор на темата Креатор на темата Stein
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 март 2013
Мислења
92
Поени од реакции
17
Возраст
36
Локација
Охрид
Nikon D5100 vs Canon EOS 600D мислење од поискусните ?
 
Ќе ти набројам предности на 2те па одлучи си.

Канон 600д
- Поголема резолуција на екранчето (не пребитно)
- Вграден фокус мотор (не пребитно)
- 10% поголема резолуција (онака)
- ~10% поголем вјуфајндер (корисно)

Никон д5100
- помалце ноиз на големо исо (0.6 f stop добиваш) (ептен корисно)
- 20% поквалитетна слика (ептен корисно)
- 1.5ф стоп поголем динамички опсег (корисно)
- малце подобра сензитивност на бои (онака)
- 10% поголем сензор (најкорисно)
- видео аутофокус (мех, ако ти е за видео ок)
- појака батерија (корисно)
- дупло поголемо високо исо (ситуционално)
- помал (не пребитно)
- полесен (не пребитно)
- повеќе фокусни точки (ако фокусираш на ауто - не купувај DSLR)
- помалце шатер лаг, поголем брст, малце потенок

иако ги сакам канон - победува никонот, hands down (на хартија, а искуството може различно да кажува, не знам)
 
@Isak Keyten фала другар, ја видов споредбава и се одлучив за никонот, но некој од поискусните викаат као демек канон е канон во која смисла неможам да ги сконтам, па си реков да прашам некој поискусен.
 
И јас се мислев помеѓу овие два. Си земав Canon, воопшто не жалам.

Се што ти кажа @Isak Keyten е ирелевантно, особено за почетник. Факт е дека и со двата ќе добиеш добри фотографии, без значителна разлика. Со Canon-от ќе добиеш и подобро видео. Не заборавај го најбитниот дел од целата приказна, кога веќе си решил да купиш DSLR, а тоа е - опрема. Зошто сигурно нема да останеш само на кит објективот. Со Canon имаш поголем избор на опрема (компатибилна и оригинална), по пониска цена. Преиспитај се. Што користат повеќе твоите другари, пријатели, познаници? Со кого ќе можеш повеќе да се посоветуваш за опрема? Со кого ќе можеш да размениш опрема? Разлистај огласници, види какви објективи и блицови се вртаат повеќе. Одговорот е: Canon. Од таа гледна точка, сите што ги познавам и што се одлучија за Nikon сега плачат за изборот.
 
@Acid фала многу ама ти замерувам на ова: Преиспитај се. Нема врска тоа ми беше муабетот не сакам да се одлучам само од еден тест на хартија туку и во практика како оди точно е тоа дека Canon има подобри видеа, за опремата незнам. Ме интересира мислење од @Let 3.
 
Не те сфатив, зошто ми замеруваш? :confused:
 
За тоа "преиспитај се" хахах остај небитно поинаку го сконтав :D

Де бе, не ти се заканував со тоа „преиспитај се“ :pos:
Само сакав да ти кажам дека треба да си ги преиспиташ опциите и да ги земеш во предвид и другите работи (освен спецификациите на апаратот) пред да се одлучиш :)
 
Хахаха остај бе се зезам, сфатив иначе шо сакаш да кажеш. Колку време го имаш канонот и како си задоволен ?
 
Хахаха остај бе се зезам, сфатив иначе шо сакаш да кажеш. Колку време го имаш канонот и како си задоволен ?
Скоро година ипол :)
Задоволен, никакви проблем со телото, фино се снаоѓа и во темни услови, па затоа уште не ми ни затребал блиц... :)

http://www.flickr.com/photos/mlazarevski/ - Некои се со мобилен фотнати, некои со идиотче, но 95% се со Canon-от... Ако сакаш разгледај.
 
Сега ги разгледав, да ти кажам браво за фоткиве малку е, капа ти симнувам :cuc:...Шо објективи имаш користено за портретите ?
 
И јас да се надоврзам на дискусијава. Исак се што пиша е точно, но 90% од тоа нема ни да знаеш што и како да го користиш ако си почетник нити ќе забележиш разлика. Познавам само 1 личност што користи Никон али таа личност без проблем може да купи било кој апарат има пари и си одбрал скапо хоби(не е професионален фотограф).

Сите останати користат Канон баш ради тоа што ти кажа Ацид, цената на опремата. И јас сум корисник на 600Д и не жалам јас се мислев со друг никон али небитно. Колку дадов за апаратот уште толку дадов за додатна опрема, а кај никонот со тие пари можев само некое објективче да си земам, а за канонот земав и трипод, блиц, батери грип итн итн...

Мој совет, Канон...
 
Сега ги разгледав, да ти кажам браво за фоткиве малку е, капа ти симнувам :cuc:...Шо објективи имаш користено за портретите ?

Најчесто со Canon 50mm f/1.8, ама им и такви со 55-250, па дури и со мобилен фотнати (како оваа) :)

A View to Remember by MLazarevski, on Flickr

Овие се со 50mm :)

Cheers! (Man holding beer bottle) by MLazarevski, on Flickr

Folklore and Youth by MLazarevski, on Flickr

Let Grandma tell you a story... by MLazarevski, on Flickr

Macedonian Pearl by MLazarevski, on Flickr

Macedonian Girl by MLazarevski, on Flickr

She's Got the Look by MLazarevski, on Flickr

Во принцип, на секоја фотографија имаш инфо за апаратот, подесувањата и објективот... Затоа и е добар Flickr за почетници, може многу да се научи од EXIF информациите под секоја фотографија :)
 
Фала ке се закачам сега да научам повеќе иначе не ни го приметив тоа дека го има. Фала ти многу. Ако соберам доволно пари ке си го земам 600ката ако не Nikon D3100 како најлоша варианта, зависи од финансиите сепак фала ви многу.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom