Дали постои патување низ времето?

  • Креатор на темата Креатор на темата liljoman
  • Време на започнување Време на започнување
Јас имам гледано една емисија не ми текнува која е не е битно дека според теоријата на релативност може да се патува според оваа теорија ајнштајн го воведува времето како 4 димензија и сите овие димензии сврзани заедно формираат простор-време кој го замислил како ткаенина и сега фората е доколку се изгради соодветна машина која да може да се зароби парче од простор-времето во минатото и да се отиде до таму би можело да се овозможи патување низ времето макар што мене лично ова ми звучи премногу имагинарно
--- надополнето: 29 август 2013 во 19:42 ---
Тоа се случува на големи брзини накај 290 000 км/ с а не на 350 км/х
Ако некое тело достигни брзина од 300 000 км /с времето за него ќе застани а ако ја надмини времето ќе се враќа наназад, а неговата маса ќе биди негативна па бујрум сега нека го објасни тоа некој логички како е.
Можно е враќање на времето како шо е можно искривување на просторот и овие вормхолс шо поврзуват две точки во просторот. Пр влегуваш на едната страна и наеднаш се наоѓаш на др место во вселената оддалечено 5 милијарди светлински год. Значи си патувал со брзина од 5 милијарди светлински год во секунда. Ама бидејќи тоа не е возможно со враќањето на времето назад се доведува системот во нормала. Вака некако е ама како точно не знам. А дека е можно, можно е.

За сега не може да настане црвја дупка зашто на човекот му се познати само четири димензии (вклучувајќи го и времето). За да може да настане, каналот на црвјата дупка мора да влезе во друга димензија. Друг проблем е тоа што според теориите црвјата дупка мора да се стабилизира со негативна енергија која има антигравитациони својства и наместо обичната енергија која настојува да ја затвори дупката, негативната енергија ја шири. Е сега иди најди негативна енергија ако е воопшто точна оваа теорија
--- надополнето: 29 август 2013 во 20:03 ---
ахам. А нашава планета и сончев систем се изградени од материја и ако случајно успееме да создадеме антиматерија, со само еден допир со што и да е на планетава ќе добијаме Биг Бенг. Така да секој експеримент со антиматерија е екстремно ризичен.



ќе го гледам, ама сеа ми се спија :wink:
Не може да настане анихилајица (поништување) на толку голем објект како земјата или сончевиот систем затоа што за да се создаде неколку грамови антиматерија ќе бидат потребни многу многу години и енергија така што не може антиматеријата да се користи ни како материјал за производство на бомби научниците синтетизираат многу мали количини антиматерија само за истажување така што нема никаков ризик :)
--- надополнето: 29 август 2013 во 20:07 ---
хммм. не сум сигурен и нема да ти пишам сега, ама мислам дека црвјата дупка е поинаков феномен отколку црната и белата ( за која првпат слушам ) дупка.:wink: Знаеш зошто. Бидејќи црна дупка се појавува само со експлозија на ѕвезда. И тогаш можно е да не се појави, туку да се појави нова ѕвезда или пулсар. Второ. Црната дупка ако те тргни во неа ќе се разделиш на најмали градбени единици ( атоми ), така да ако те остај на друго место не е и баш ислатливо :). И трето. Црна дупка е дупка во просторот, црвја во времето. Уште еднаш ќе побарам за сето ова, али сепак останувам дека се различни тие две појави.

Според теориите во црните дупки не постојат димензии така што мислам дека никаде не би излегол може грешам :)
 
Астрофизички постојат 11. димензии...
Кога некогаш ќе имам време ќе је објаснам 5.-та димензија
 
НАКРАТКО
зАМИСЛИ ДЕКА СЕ НАОЃАШ на првото одмаралиште на Водно. Гледаш кон новиот фудбалски стадион и забележуваш како од едната до другата страна се протега темно сина линија која започнува од едниот крај на небото и со другиот крај завршува во него.
Заминуваш на стадионот за да ја провериш таа појава. Се осмелува да ја допреш и раката ти продира во таа гполема лента. Влегуваш во неа со сите четири димензии, но не знаеш каде ќе излезеш...
Часовникот не покажува никаква промена на времето, туку затоа пак не можеш да видиш ништо надвор од него...
Ако исчекориш за да се вратиш ДОМА или ќе стапнеш на исто место каде што си влегол или ќе паднеш од некоја височона или на неопределно (непознато) место во Универзумот...
 
НАКРАТКО
зАМИСЛИ ДЕКА СЕ НАОЃАШ на првото одмаралиште на Водно. Гледаш кон новиот фудбалски стадион и забележуваш како од едната до другата страна се протега темно сина линија која започнува од едниот крај на небото и со другиот крај завршува во него.
Заминуваш на стадионот за да ја провериш таа појава. Се осмелува да ја допреш и раката ти продира во таа гполема лента. Влегуваш во неа со сите четири димензии, но не знаеш каде ќе излезеш...
Часовникот не покажува никаква промена на времето, туку затоа пак не можеш да видиш ништо надвор од него...
Ако исчекориш за да се вратиш ДОМА или ќе стапнеш на исто место каде што си влегол или ќе паднеш од некоја височона или на неопределно (непознато) место во Универзумот...

Таа е петтата димензија??
Инаку физичар си нешто?
 
@bmrhgj

Сигурно постојат 11, или уште полемизираат колку се?

Друго битно нешто, објаснувањето не ти е ко шо треба. Уствари, не е воопшто објаснување, туку е сценарио за сај фај филм.
Димензиите се математички величини, и се објаснуваат со математички алатки. Simple.
 
Јас мислам дека не постои такво патување.
 
Се додека не сфатите дека времето е последица на случувањата во просторот и дека времето како поим е измислено, ќе мислите и дека има патување низ истото.
 
Се додека не сфатите дека времето е последица на случувањата во просторот и дека времето како поим е измислено, ќе мислите и дека има патување низ истото.
Како мислиш измислено како поим? Тогаш како ќе се објасни минувањето на случувањата кои се случиле некогаш и се случуваат сега? Самото тоа што сѐ не се случува во еден момент, наеднаш, туку во разни периоди од настанокот на светот па до денес, мислам дека го објаснува поимот време.
 
Како мислиш измислено како поим? Тогаш како ќе се објасни минувањето на случувањата кои се случиле некогаш и се случуваат сега? Самото тоа што сѐ не се случува во еден момент, наеднаш, туку во разни периоди од настанокот на светот па до денес, мислам дека го објаснува поимот време.
Поимот време. Самата си кажа. Тоа функционира на тој начин што ни ги прикажува промените после одредени дејствија, дали енергетски или матерјални. Во еден момент се случуваат безброј работи, безброј осцилации на електроните во атомите со што тие поврзани меѓусебе даваат надворешна слика на промена. Таа промена од една почетна точка до некоја крајна точка односно тоа што го нарекуваме сегашност, нам ни е прикажана како време.

Наједноставен начин за сфаќање. Да се сопрат сите појави, сите атомски и молекуларни движења во универзумот, сите префрлања и оддавања на енергија, мислиш ли дека ќе постои време? Дека тоа ќе минува и без апсолутно ништо да се случува? Тоа кажува дека времето е фикција.
 
да надополнам, дека времето е и релативна работа, сопред ајнштајн. ние мом егзистираме во тродимензионален свет, .............. но, што кога/ако почнеме да ја контролираме/манипулираме и четвртата димензија? дали тогаш ќе постои времето како што ние сега го познаваме, или пак ќе биде сеедно?
 
Времето ти е чиста измислица на човекот...човекот започнал да мери временски интервали за кои телата минуваат одредено рестојание преку измислување на минути, секунди, часови итн...а во реалноста всушност само постои движење на телата во универзумот кое неможе да запре бидејќи не наидува на отпор...
 
А бе кокошкар ... оди фрли од тоа концетратот на кокошките....
... измислено од човекот .... па сите познати работи се измислени (дефинирани) од човекот ....

... стварно мајку му ... измислена нестварна работа ... а во сите физички функции е единствената независно променлива големина .....
... оди глеј си кокошките ....:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom