Мачорка
Shining Star of Paektu Mountain
- Член од
- 25 февруари 2011
- Мислења
- 1.955
- Поени од реакции
- 12.543
Да бидам искрена, за терминот телегонија сега првпат слушнав, па прогуглав и тоа е уствари верување дека новороденчето ги наследува генетските карактеристики не само од мајката и од таткото, туку и од претходните сексуални партнери на мајката. На пример, ако една девојка имала некогаш секс со црнец, подоцна кога ќе има дете со белец, наводно било можно детето да биде црнче, демек да ја наследи расата од црнецот со кој мајка му имала секс во минатото.Во научните кругови телегонијата кај луѓето сеуште не е прифатена како "научна вистина",туку повеќе е појава кон која прибегуваат и со неа се служат религиозните институции и е само уште една од многуте небулози пласирани од истите.Небулоза со тенденција да прерасне во уште една новокомпонована догма.
Оваа теорија ја поддржувале нацистите, кои верувале дека ако девојка од ариевската раса барем еднаш има секс со неариевец, а подоцна има дете со маж кој е ариевец исто како неа, детето што ќе се роди нема да биде ариевче, демек претходниот дечко на мајката ќе му ја расипе чистокрвноста.
Интересно е што според оваа теорија, само претходните партнери на мајката влијаат на карактеристики на новороденчето, а не и поранешните партнерки на таткото. Со други зборови, мажите можат да си ебат до мила волја пред брак и тоа нема да му пречи на потомството, а жените се тие кои мораат да ја чуваат невиноста.
Инаку теоријата е отфрлена како неточна од научните кругови, што е и многу логично, не знам кој човек со барем минимални познавања од биологијата би поверувал во таква глупост. Ова е само уште еден начин да се примораат жените да ја чуваат невиноста до брак.