Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Х-ФАКТОР: Под знак прашалник учеството на девојчето кое „растури“

Текстов вадење од контекст, левел максимум. Ниту еднаш не е спомнато дека девојката ќе одпадне, туку дека некои од тие што поминале понатаму, ќе мора да бидат исфрлени од тесниот круг, бидејќи се вишок тотално не спомнувајќи го нејзиното име. Ама добро, лапај гледаност на напалени луѓе кои не читаат текст, туку само наслов. Чудо не пишува во насловот „Жељко ќе ја избрка девојката која растури на Х-Фактор.“ бидејќи се напалија луѓево по него после тоа со Фифи.
 
Денешново издание на сајтов, целото е пародија токму на насловов на темава.

Само ваков сеир на нивна сметка. Не оти ќе им го дотера умот, ама барем да знаат што мисли добар дел од публиката за нив. Одамна се канам да отворам една тема за сеирење на медиумите со вакви пародии и ми е многу мило што луѓево го посветиле цел портал на темава бар за ден.
 
Pazi ova: ФОТО: „Јутјуб“ е хакнат

„Тим од високо подготвени мајмуни се испратени да ја средат ситуацијата. Ако ги видите, покажете им ја оваа порака“ - стои на ерор екранот на најголемиот видео сервис во светот.

Dobro be, imaat li ovie nekoj web admin ili nesto slicno pa da im objasni sto znaci ovoj error 500 I koj vsusnost ja postavil taa poraka za majmunite ?
Neprofesionalizam na nivo...

p.s. izvinete za latinicava, taze reinstaliran I nesreden windows :D
 
:facepalm: Па и ми вика би можело да Ве интересира.
НЕ, не можело да не интересира.

t1ffecN.png
 
Од секогаш сум бил пријатно изненаден од општите географски познавања на нашите новинари.
Според неколку светски медиуми, малата африканска земја Ангола стана првата земја во светот што ги забранила исламот и муслиманите.
 
Од секогаш сум бил пријатно изненаден од општите географски познавања на нашите новинари.


:pos: и јас истото го приметив кога ја пренесов веста , мала африканска земја, а таа по површина од 1.246.700 км квадратни . :D
 
:pos: и јас истото го приметив кога ја пренесов веста , мала африканска земја, а таа по површина од 1.246.700 км квадратни . :D
Да. Некој им приговори, во коментарите под веста, па го тргнаа од текстот, зборот "мала". Ти си го цитирал пред тоа, додека бил тазе.
 
И нормално, нашиот новинар не сакал да менува ништо од оригиналот, за да се запази уметничкиот стил на новинарот кој оригинално грешел.
Иначе, нема везе, ти гарантирам дека нашиот новинар што препишувал знаел сто посто дека Ангола е тајни скоро колку цела западна Европа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom