Низ новиот завет, постоењето и делото на Исус често се поврзува со цитати од стариот завет, како доказ дека тој е месија - спасителот на Израел проречен уште од старите пророци. Но многу од тие пророштва всушност и не се пророштва, или воопшто не постојат, или се однесуваат на други ликови, или не се однесуваат на посочените настани и ликови.
Како почеток ќе го земам Матеј, 27: 9-10 каде предавството на Исус од страна на Јуда го доведува со пророштво од стариот завет во книгата на Еремија.
Тогаш се исполни реченото преку пророкот Јеремија: "И ги зедоа триесетте сребреници, цената на Непроценливиот, Кого Го оценија синовите Израелеви,
и ги зедоа за грнчаревата нива, како што ми кажа Господ".
Се решив да започнам со тој пример затоа што е наједноставен, имено кај Јеремија воопшто не постои такво пророштво! Матеј се повикува на непостоечко пророштво да ги докаже настаните врзани со Исус како дел од некаков си божествен план познат и утемелен со векови наназат.