Каде може да најдам - Здравје edition

  • Креатор на темата Креатор на темата MajMyH
  • Време на започнување Време на започнување
Ми треба помош, каде можам во МК да најдам крем WARTEC, немам никој кој оди во Солун да ми набави. Плииииисссс

И во Бугариjа е достапен WARTEC, ако имаш познат коj е во бугариjа, може да ти го донесе.
 
http://biznismap.com/mk/lokacija/makedonija/Medicina.html овде имате линкови до сите важни медицински установи. :)

Твој е сајтов? Да си го поправите "лабАратории" во "лабОратории" :P
Обично не се дозволуваат реклами, но ова е корисен линк, па ќе го оставам и ќе го дополнам со Healthgrouper.
Доколку знаете уште вакви линкови, постирајте ги.
 
Луѓе ако има некој од Прилеп ме интересира во болницата лабораторијата од колку до колку работи и колку се наплаќа на државно, а колку е во приватните лаборатории?. Сакам да проверам крв но сакам и хормоните во телото особено тестостеронот, чисто онака да знам на кое ниво ми е природно бидејќи имам некои планови за некои појаки додатоци да земам па да знам на колку ми било и на колку ќе се врати после тоа.
Дали знаете некој дали треба да се зема упат од матичен или може дирекно кај специјалист ендокринолог треба да се оди? или пак ни едното ни другото?
Благодарам
 
Ти треба упут за целосна крвна слика исто и мокраќа а за тестостеронот со специјалисти, инаку можеш и во приватна Биохемиска лабораторија.
 
Луѓе ако има некој од Прилеп ме интересира во болницата лабораторијата од колку до колку работи и колку се наплаќа на државно, а колку е во приватните лаборатории?. Сакам да проверам крв но сакам и хормоните во телото особено тестостеронот, чисто онака да знам на кое ниво ми е природно бидејќи имам некои планови за некои појаки додатоци да земам па да знам на колку ми било и на колку ќе се врати после тоа.
Дали знаете некој дали треба да се зема упат од матичен или може дирекно кај специјалист ендокринолог треба да се оди? или пак ни едното ни другото?
Благодарам
на државно:
Од матичен упат за специјалист: уролог или ендокринолог. После специјалистот ќе ти даде упат за анализа на хормоните.
За обична крвна слика ти треба само упат од матичен.
цена: до 200 денари за хормониве
на приватно:
не ти треба никаков упат, идеш во приватна лабораторија бараш анализа на тестостерон и слободен тестостерон. Најчесто во приватните еден хормон е 500 денари.
 
Се надевам дека некој ке го види прашањево овде да не отварам нова тема

Дали се наплаќа партиципација за операција во болница за пензионер со пониски примања од 11 000 денари ?

Зошто од 1 Јануари се донесе закон за бесплатно болничко лекување за пензионери со ниски пензии

http://www.sitel.com.mk/mk/besplatno-bolnichko-lekuvanje-za-penzionerite-so-poniski-penzii

Па не ми е јасно дали во тоа спаѓаат и операциите


Се надевам на брз одговор
 
која цена има отприлика рибиното масло кај нас да не знае некој?
 
Каде се наоѓа Институтот за Медицина на Трудот, ако може со мапа? И колку се наплаќа се тоа со картончиња..
И колку се наплаќа на Гастро и што ќе ти прават? :S
 
Добар ден,
Ме интересира дали некој може да го најде леков Catapresan во Макдеонија или дали знае која аптека може да го има, било каде во МК. Би биле од огромна помош.

Фала однапред.
 
Памтам на времето имаше една Ментоклар крема за масажа. Постои тоа уште, или некоја замена за неа?
 
Дали некој знае каде во Скопје може да се купи Tahitian Noni сок? Има ли шанса да го има ова кај нас? Ни Гугл не може да ми пронајде дали некој го дистрибуира и продава во Македонија..
 
Како иде процедурата за закажување кај психијатар кај нас ?
Преку матичен ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom