Студент на генерација ја напушти Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Rale
  • Време на започнување Време на започнување
БРАВО ПАМЕТЕН ПОТЕГ!!! АКО ОСТАНЕЛ ОВДЕ И АКО НЕ БИЛ ВО НЕКОЈА ПАРТИЈА ВЕЧНО ЌЕ СИ ОСТАНЕЛ ПОД АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ. ПОЗНАВАМ МНОГУ КОИ СЕ МАГИСТРИ А СЕДАТ ДОМА ТОКМУ ПОРАДИ ТОА ШТО ОД ПАРТИЈАТА НЕ САКАЛЕ ДА ГИ ВРАБОДАТ А ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЕЊЕ!
 
Zalno i tragicno e sto ne mi ja svati poentata...Sakav da kazam zalno i tragicno e sto drzavava dozvoluva sto vakvi talenti ni odat.
За да вакви таленти да останат, не треба само државата да се грижи. Треба и бизнисот, а не јаките бизнисмени да градат цркви и слични глупости.
 
Колку сме ние заспана нација тоа е чудо невидено.После дваесет години тонење сега им „текна“ на новинариве да пишуваат за тоа како „студент на генерација“ ја напуштил државава.Дечково учеше кај мене во основно само беше друг клас, има многу други кои покрај него ја напуштиле државава.Само нели, Грујо е најинтелегентната личност на планетава, сите други што се селат од државава се комуњари и соросоиди кои немаат врска од животот и се платени лично од Киро Глигоров за да шират пропаганда (иако е веќе овој кај мртвите).Грујо може сé да води ама само држава не.
 
Зашто ве чуди толку оваа одлука на Бојан... Кој како вас не размислува да отиде во странство да работи во било која друга држава? Македонија е земја каде што се' функционира преку врски.. доколку немаш врски не успеваш во животот во оваа држава. Во друга и тоа како можеш :icon_lol:
 
Само необразована нација може да се држи под контрола. Образованиот знае да се спротистави, ама кога е сам многу се мали шансите да направи некаква промена, па затоа оди таму кај што ке живее меѓу образовани луѓе.
 
Не е за удирање печати. Зошто не би го примиле прво на самиот факултет како асистент? Или во Мепсо, ЕВН, Т-home, T-mobile, VIP, ONE, Seavus, Semos, Alexandria и слични? Тоа со просекот стварно нема врска со знаење. На Правен сите "мамини и татини" вадеа и повисок просек, а една молба не знаат како изгледа, уште помалку да ја напишат. Муабетот е, ако навистина го заслужил тој просек, да му се даде шанса да напредува. Од дипломиран, да продолжи на мр,др...ти реков ми рече и тоа што ќе го создава, да биде овде. Да не биде друга земја заслужна за некаков пронајдок на светско ниво, кога веќе генијот е наш. Тоа е целата поента.

Затоа што има многумина со просек. Кога јас студирав, требаше газот да си го раздереш од учење за да имаш просек. Сега ако немаш просек, како со средно да си.
Во приказната за дечкото гледам само дека тој имал избор и избрал. Никакви патетики за напуштање на Македонија и тажни жалопојки.
ДОбил стипендија и овде и во Франција, ја избрал Франција. Толку.
 
Да е само тој што ја напуштил добро е. Деца, официјална бројка од светска банка за иселените од Македонија до 2010 година е 447 000....ОФИЦИЈАЛНА.....

http://www.kapital.mk/mk/makedonija...donija_vo_grupata_so_najmnogu_emigranti!.aspx

за неофицијалната да не зборуваме...сигурно е преку 600 000....Зошто беше прекинат пописот.....дефинитивно една од причините за прекин на пописот...почнаа да бројат, стигнаа до пола и не можеа да избројат до 500 000.....им текна дека е поразително за нив да изнесат таква вест, и наредија прекин на пописот....

http://okno.mk/node/31974


Страшно се случува во државава, за жал нашите родители и постарите не се доволно свесни да ја согледаат реалната ситуација и да направат промена кога ке дојде време (им ги перат мозоците со турскиве серии)....се надевам дека ке се смени наскоро на подобро
 
Дури од сега моите ме потикнуваат да имам големи амбиции и да учам за да можам да одам во странство да работам
 
Jaс не гледам ништо лошо што отишол во странство.
Денес има средства за комуникација, а и ефтин е превозот
Полесно е да отпатуваш во Париз од колку во Маврово
 
Ааааа....гледам од Македонија колку надарени и надпросечно интелегентни луѓе заминаа... Ене ги по светон, научници станаа, ја хакнаа брзината на светлината... врвни кошаркари, пенисери итн...
Абе се иде во странство за да се работи за дупло помала плата од колку што некој тамошен зима. Експерт од својата област кој доаѓа од Македонија, Русија, Кина.... зима за нијанаса поголема плата од тој обичниот што седи на лента и склапа џиџири миџири.
 
По то што прочитав момакот е еден од малкуте „студенти на генерација“ што не ги упикаја у некоја фирма, пошто кај нас тоа така иде. Прво стануваат „студенти на генерација“ најголемите врскаџии и то се дешава дури фамилијарно. Јебеш га таква им е лозата. :icon_lol:

Секоја чест на човекот, штом се вклопил нема зима за него. На крај како што реков ќе останат во државата обоените, врскаџиите и по некоја изгубена душа на лексилиуми. :icon_lol:
 
Ај то што не може да најде работа во Македонија е само еден аспект за одејне надвор ама кај вакви луѓе и друго има: Едноставно Македонија и Македонската економика/научен систем итн. немаат повеќе капацитет за да ги унапредат во своето знаејне. Единствен излез им е да заминат во земја со поголема наука, каде што му нудат далеку повеќе можности за да ги оскористи својот капацитет. Не е све до парите.
 
арно ќе беше да беше само тој.
Цела генерација апсолвенти на електро си ја планираме иднината надвор од Мк, досега не слушнав колега да речи „јас ќе останам во Мк и ќе си се вработам негде“ . Пола од студентите од источна веќе си имаат и бугарски пасош.
 
Па нормално дека ќе си отиде, не е будала да остане во дупкава. Непотизам, недоволно ценење на знаење, нереално оценување на знаење, на факултетиве се препишува премногу и така се полагаат цели предмети, итн. И да се разбереме, просекот на факултет не кажува ништо, ама баш ништо за нечив интелект или знаење. Има огромна разлика од Столе со 9.7 просек и Митре со 9.7 просек. Во Македонија, дали има 3-4 фирми што ценат квалитетно едуциран инженерски кадар, со длабоки познавања и слично. Другото е се шаблонска работа. И фирмите во кои што демек се вработуваат инженери, јас би рекол дека се вработуваат техничари, и такви бараат. Каде Бојан во Македонија ќе го искористи своето знаење и ќе се занимава со научно - истражувачка работа? Да ти се посерам у носталгија и слично, за помалку од 50 евра има авионски летови до цела Европа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom