Подкровје - совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Нема шанси да го прават така, мора да се направи конструкција за да можат ќерамидите да влезат во жлебовите и стојат на нешто.
Ти што имаш видено не е лим туку евентуално картони, парапропусна хартија или слично изолационо тело помеѓу дрвената конструкција.

Плус правиме муабет за Власи кои не се познати по фрлање пари за џабе.
Не,не. Јас лично се распрашав и видов со свои очи дека најпрво лимот (мазен лим, не ребраст) го ставале врз дрвената конструкција, а врз лимот ќерамидите (ваљда ставаат нешто измеѓу лимот и ќерамидата, а одалеченоста од олукот до ќерамидите е околу 50 см.
Затоа и прашав, нешто што го немам видено во Скопје ( додека живеев во Скопје) и што не е карактеристично за куќите во Скопје :)
 
Ај едно прашање, се двоумам дали во планот да правам подрум под куката, или да правам лепенка со мини гаража и остава како подрум. Имам план за 70м2 приземје и 80м2 потрковје. Планирам да градам со стандард матријали. Знае ли некој колку би ме коштало карабина значи 70м2 приземје и 80м2 потрковје, и истото тоа со плус подрум?
Како идат цени од прилика да си планирам, може ли некој да ми каже.
Поздрав
Едно што можам да ти препорачам е блок со кој да ја ѕидаш куќата, а тоа е итонг. Ако си во можност барем стави 25см блок. Врз истиот понатака ќе ти треба само лепак/мрежа/лепак и фасада. Стиропор не мора. Јас сам си ја изградив со 30см итонг термоблок и презадоволен сум од истиот, со обични дрвени прозори со едно стакло(привремено решение), куќата внатре е бања, дење не ни палиме оган, не е ладно воопшто. Внатрешните ѕидови исто така ги изградив некаде со 25см, некаде со 15см, малтерисување одеше во само еден слој од 8мм-1см. Со стандардните материјали ем мораш стиропори, ем мораш малтерисување во 2 слоја со малтер до кај 5см и пак не ја достигаш топлинската изолација како со овој блок. Твое си е натака со што ќе одлучиш.
 
Нема шанси да го прават така, мора да се направи конструкција за да можат ќерамидите да влезат во жлебовите и стојат на нешто.
Ти што имаш видено не е лим туку евентуално картони, парапропусна хартија или слично изолационо тело помеѓу дрвената конструкција.

Плус правиме муабет за Власи кои не се познати по фрлање пари за џабе.

Баш го прават така како што опиша сунгерот и има добра причина за тоа. Најчесто горниот дел од покривот е со ќерамида а при самиот крај некаде пола до едно метро од олукот е лим. Евентуално ке ви кажам и зошто, ама ај помачете се малце.
--- надополнето: 14 ноември 2013 во 21:47 ---
Се ставаат летви за тоа, ќе се заштрават или со шајки некој, значи пак лимот ќе биде бушен....
Иначе нема логика воопшто, ако ставаш лим нема потреба од керамиди...

Колку што знам не се става преку цел покрив лим туку само на крајот, сега додуша ако им е друга модата тогаш пеки. Во Црна Гора кога бев целиот покрив беше бетонски и херметички затворен а ќерамиди ставаа ајде да речам за лик. На самиот покрив од бетон коваја летви и на нив ќерамидите. И да и за тоа има причина зошто и на старите градби колку што видов целиот покрив им беше херметички затворен а не како кај нас да се гледаат гредите или да стру воздух помеѓу покривот и плочата.
 
Баш го прават така како што опиша сунгерот и има добра причина за тоа. Најчесто горниот дел од покривот е со ќерамида а при самиот крај некаде пола до едно метро од олукот е лим. Евентуално ке ви кажам и зошто, ама ај помачете се малце.

За да се лизга снегот и мразот побрзо и не задржува на кровот.
Инаку пак не е како што вика Сунгерот и ѓерамидите се над лимот од причина што технички е невозможно да се изведе така.
 
За да се лизга снегот и мразот побрзо и не задржува на кровот.
Инаку пак не е како што вика Сунгерот и ѓерамидите се над лимот од причина што технички е невозможно да се изведе така.

Има врска со климата во Крушево и количината на снег.
И нема врска со лизгањето, друга мака си имаат.
 
Има врска со климата во Крушево и количината на снег.
И нема врска со лизгањето, друга мака си имаат.
Што мака ќе да е тоа што такви кровови прават? :)
 
Што мака ќе да е тоа што такви кровови прават? :)

Добро од цел форум никој од Крушево не се најде. Да не немат таму интеренет?
Инаку маката е оваа.
Со самото топење на снегот посебно од топлината што иди од таванот се формира слој од мраз дебел и до неколку сантиметри кој ја блокира водата нормално да истечи кога ке додји до затоплување. Нешто како брана која при самиот крај на кровот може да биде и до дестина сантими, додека како се оди нагоре скоро и да ја нема. Тоа е затоа што целата вода која се топи од снегот течи надолу и таму уште повеќе замрзнува посебно ако ноќите се многу ладни а деновите топли. И пошто неможе нормално да истечи преку олукот ке ги поплави ќерамидите и ке префрли преку нив, најчесто на првите два реда од ќерамиди. Затоа тој дел се заменува со лим за да не може да префрли преку , а останатиот си е нормално со ќерамиди.
 
подрум (ако е низ цела површина под куќа) има исто а и повеќе работа и материјал од спрат од куќа, прво треба да ископаш (ако имаш среќа да не налеташ на подземна вода или карпа) ако налеташ на карпа може и дупло да те фати нејзиното кршење и вадење, ако налеташ на вода, треба дополнителни трошоци некако да ја испумпаш или дренираш или изолираш, после иди долу плолча бетон па стубови па наоколу бетонски зидови ( се армирано) па горе плоча, башка и врата, скали, струја прозори (ако е упола укопан) па чешма и водовод и одвод внатре... рачунај речиси како спрат ќе те фати ако не и повеќе.

Вака, доколку не правам подрум, морам да одам 50тина см во земја за столбовите, така? кога веке одам 50см, зашто да не отидам уште 50см, значи метро во земја и уште метро над земја да ми дојде и подрум и високо приземје..... така поскапо ли е или не?
 
за 2 метра висина чиста ќе ти треба уште тро подолу и тро погоре, ваљда нема да оставиш под од земја долу туку ќе туриш бетон, значи уште 20 см подолу, е сега не можеш чисто над земја да му туриш бетон туку ќе треба под него некоја изолација, чакал, гумени траки... набивање... значи уште 20-30 сантими подолу, темелите и стопите пак мора малце подолу да се значи уште 50стиа сантими.... 2-3 прозори, една врата, струја со барем еден штек внатре довод и одвод на вода околу 80 квадрати зидови... беспари нема да е али најбитно е дали ти треба визба или не. Дали е подобро покрај куќеа да ставиш или залепиш гаража поголема ако ја залепиш можеш и како голема тераса да ја користиш. Визба на постарите генеации им користеше доилу стоеше огромен замрзивач со полутки, со меса, со зеленчуци.. полиците се полнеа со тегли ајвар џем, бочва со вино, гајби јаболка.... сега стои празна, ни месо се замрзнува ни ајвари се прават, денес с побитно да имаш гаража во која ќе имаш плус 10 квадрати слободни за некој алат, точак санка ..... и гаража надвор и визба под куќа коштаат пари прашање е што повеќе ти треба
 
Imam kuka 55 kvadrati bi sakal da si napravam i podkrovje,dali mi treba nekakva dozvola?
 
Imam kuka 55 kvadrati bi sakal da si napravam i podkrovje,dali mi treba nekakva dozvola?

ехаааа исто ко да креваш нова куќа, извод од ДУП, услови за градба, геодетски нумератор, проект архитектура, статика, водовод, електрика (се по најнови закони кои стапија на сила мислам јули) па комуналии, согласност од ЕВН и водовод......
 
Обично кровот на куќата се гради од дрво (греди, даски...)....., но барајќи на интернет нешто за куќи ја пронајдов сликава, каде кровот е изграден од бетон ( или што и да е ова)
krov.JPG

Зар ваквиот кров нема да биде претежок за градбата? Ако некој знае нешто за ваквиот вид на кров, ако може нека пообјасни :)
 
Имаш разни видови на конструкции за кров, мислам за подлога под бетон ставаат и стиропорни ферт гредици/монти, па бетон одозгора, а имаш и изведби од ytong бела плоча/таваница http://www.ytong.rs/rs/content/bela_tavanica_i_beli_krov.php
Иста процедура е како со керамичките ферт греди и монти, само што овдека монтата е лесна, така да нема потреба од толкаво потпирање одоздола, мислам дека по еден потпирач требаше на 4 м2. Одозгора само се врши бетонирање меѓу монтите(се исполнува само фертгредицата) и на серклажите, нема целосно заливање бетон од 7-8цм над монтата како кај класичните плочи бидејќи со правилното монтирање на ферт греди и монти добиваш рамен под/таван/кров.
Таванот подоцна само го глетуваш, подот исто така со тенок слој на цементно млеко+итонг малтер го заливаш и добиваш цврста подлога воедно и термички изолиран под/таван/кров.
Веројатно е достапен и овој материјал сега во Македонија, дали преку Бугарија или Србија не знам.
 
Али тоа ми е многу некако сомнително за кров на две води...
 
Како може нешто со традиција преку 90 години да биде сомнително? Не е од вчера.
За кров на две води исто се ѕидаат калканите со овие блокови со тоа што последниот ред можеш да го кроиш како сакаш по која било косина. Додека кај класичните тураш парчиња и малтер под гредите да доѕидаш.
http://www.youtube.com/watch?v=rt5R5dBFT7g
http://www.youtube.com/watch?v=FtiGV49J_X4
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom