Мачорка
Shining Star of Paektu Mountain
- Член од
- 25 февруари 2011
- Мислења
- 1.955
- Поени од реакции
- 12.544
Се согласувам дека треба да се смени перцепцијата кон цигарите, и да се акцентира повеќе дека се порок, зависност и штеточина. Но, не сметам дека одењето од една крајност (имено, досегашниот лежерен став кон нив) треба да се лекува со одење во друга крајност преку создавање на презир, омраза, револт и одпад кон пушачите. Со тоа не се решава бунтовничкиот "кул" момент што го спомна The Magus. Пробај со рамнодушност, тоа е толку неинтересно за да биде предмет за бунтување.![]()
Баш така. Со создавање омраза и презир кон пушачите, пушењето само ќе стане покул и попримамливо во очите на тинејџерите, а тоа е возраста кога најчесто и се почнува со пушење. Со цел памет некој верува дека фактот што пушачите ќе бидат осудувани од општеството ќе ги спречи петнасетгодишниците да пропушат? Напротив, ќе ги привлече уште повеќе, ќе влезат во филм дека се некакви одметници, бунтовници и слично.