Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Да беше сега Принц на форумов сигурно ќе отвореше тема "Дали пушачите смеат да стапуваат во брак?" :pos:


Сериозно, јас во глобала се согласувам со законов и мислам дека е безобѕирно некој друг да трпи последици поради мојата навика и од тие причини ни дома не пушам туку излегувам на тераса, а истото го правам ако сум кај некој непушач, без разлика што поголем дел од нив викаат нешо као "запали, што има врска", знам дека тоа го зборат чисто од куртоазија и дека би им пречело.

Значи се согласувам дека никој не е должен да го вдишува мојот чад, ама вие бе луѓе ептен забегавте со жигосувањето на пушачите. Болни биле, требало да се лечат, срам за семејството, не знам што...ајде ако не намачкајте ги со катран и пердуви и шетајте ги така низ град и на крај запалете ги нека горат како факли.
 
Ј Зошто пушачите не смеат да имаат свое место за пушење? Свој кафич, дискотека, театар, кино....што и да е наменето СТРОГО ЗА ПУШАЧИ? Или само за нешто да се инаети и јаде бурек без врска е работава? :mad:

Зошто мислиш дека за твојата лоша навика е некој должен да ти обезбедува место?
 
Зошто мислиш дека за твојата лоша навика е некој должен да ти обезбедува место?

Прво не е културно на прашање со прашање да се одговара, а второ никој не бара да ми обезбедат место. Кога веќе вам ви смета нашето задоволство, ние ќе си формираме наши места и никој на никого нема да му смета. Што е толку проблем тоа? Значи не кафич со место за пушачи, туку кафич строго за пушачи. На врата ќе пишува: Забрането за кучиња и непушачи! и решен проблем :D Вие здрави и живи, ние задоволство на ниво
 
не, далекуод тоа дека е навредлив, али некако тонот (замислено нели) ми делува ко да ак опродолжам да дебатирам дека ќе почнеш да употребуваш погрдни зборови, а сходно на тоа и јас ќе возвратам и отиде дискусијата у три лепе.
али кога веќе викаш дека ќе бидеш умен;) еве прашање, дали навистина мислиш дека еден пушач треба да биде срам за фамилијата и пријателите само заради тоа што пуши?


Треба и да биде, јас чуствувам огромен презир кон луѓе кои земаат 10 тина илјадарки плата, трошат добри 20% од неа за цигари, а од друга страна нивните деца ги испраќаат со по 10 ден. во џеб на училиште или пак се хранат со хреновки од 75 ден. кг за да преживеат, плус извршители му тропаат над глава за неисплатени сметки.
Посебна приказна се оние трутови кои седат дома, стануваат во 13 часот попладне и очекуваат на маса да имаат кутија цигари кога ќе станат или пак 100 ден. оставени за да си купат.
Такви се да не претерам, ама добри 70% од пушачите во нашата држава.
И после ти ме прашуваш дали треба или не треба да бидат срам за семејството?

Без разлика дали биле воспитани, образовани и вакцинирани мене не ми изгледаат ваквиот тип на луѓе за некои за кои треба да им се изрази некаков почит.
--- надополнето: 14 ноември 2013 во 16:42 ---
Прво не е културно на прашање со прашање да се одговара, а второ никој не бара да ми обезбедат место. Кога веќе вам ви смета нашето задоволство, ние ќе си формираме наши места и никој на никого нема да му смета. Што е толку проблем тоа? Значи не кафич со место за пушачи, туку кафич строго за пушачи. На врата ќе пишува: Забрането за кучиња и непушачи! и решен проблем :D Вие здрави и живи, ние задоволство на ниво

Цела работа е да се искорени и стигматизира оваа лоша навика, а не да се контролира.
Во случај како што го наведуваш ти ќе бидат дискриминирани непушачите што е парадокасално.
 
Објаснив што бараат непушачите кај пушачите. Факт е дека физичкото раздвојување не функционира.

Се додека на цигарата и се обраќаш со цигарче, црно ти се пишува.

Aj посочими ако можи кај имаш објаснато, 200 страни е темава, да не барам.

А како си ја викам цигарата, и како ми се пишува, то е моја работа. Тоа не можите да го сватите. Значи, дали ние че се трујаме со цигари, во наше место, катче како да ја наречам не знам кафетерија за пушачи, е наша работа. Никој не ве вика да идите. Јас не знам шо не е јасно, и шо имаш ти и вие против тоа....
Не знам шо би ти пречело пример, како шо има Голф Клуб, Авиатичарски Клуб, Шаховски Клуб, да има Клуб на пушачи?
 
Цела работа е да се искорени и стигматизира оваа лоша навика, а не да се контролира.

Барајте забрана на производство на тутун и цигари, а не ограничување кој каде смее да пуши.

Во случај како што го наведуваш ти ќе бидат дискриминирани непушачите што е парадокасално.

Како ќе бидат дискриминирани непушачите? Вие имате ваши кафичи, ние наши. Каде е дискриминацијата? Или вие сакате да се ширите секаде, а нас кој не ...? Е, нема да може. Кога веќе сме кај дискриминација, не е дискриминација тоа што пушачите сега пијат кафе надвор? Едно кафе е 100ден. Ти седиш внатре, на топло....а ние ни криви ни должни, стоиме надвор, на студено. А замисли, плаќаме иста цена!!! Зошто да платам иста цена за услуга која ти ја добиваш комплетно, а јас половично? Кој е дискриминираниот сега?
 
Aj посочими ако можи кај имаш објаснато, 200 страни е темава, да не барам.

А како си ја викам цигарата, и како ми се пишува, то е моја работа. Тоа не можите да го сватите. Значи, дали ние че се трујаме со цигари, во наше место, катче како да ја наречам не знам кафетерија за пушачи, е наша работа. Никој не ве вика да идите. Јас не знам шо не е јасно, и шо имаш ти и вие против тоа....
Не знам шо би ти пречело пример, како шо има Голф Клуб, Авиатичарски Клуб, Шаховски Клуб, да има Клуб на пушачи?

Види...криво им е што ние ќе имаме Клуб на пушачи, ќе имаме за што да се собереме некаде, да размениме мислења за вкус, изглед, пакување на некоја цигара. Па да пробаме различни. А тие кутрите и да отворат Клуб на непушачи, за што ќе зборат? За тоа колку се здрави затоа што не пушат? Гарант досадно ќе им стане, па ќе пропушат од мака :D
 
Зошто мислиш дека за твојата лоша навика е некој должен да ти обезбедува место?

А кој рече дека е должен некој да обезбеди. Проблемов е шо и да сака некој да обезбеди, не можи! Тука е разликава...
 
А како си ја викам цигарата, и како ми се пишува, то е моја работа. Тоа не можите да го сватите. Значи, дали ние че се трујаме со цигари, во наше место, катче како да ја наречам не знам кафетерија за пушачи, е наша работа. Никој не ве вика да идите. Јас не знам шо не е јасно, и шо имаш ти и вие против тоа....
Не знам шо би ти пречело пример, како шо има Голф Клуб, Авиатичарски Клуб, Шаховски Клуб, да има Клуб на пушачи?

Има. Во Чаир, Гостивар, Тетово, Дебар, по полошките села, во некои скопски села. Газдите си имаат избрано дека сакаат да отворат пушачки клуб и ако влезе инспекција ја плаќаат и казната што е за нив и казната за муштеријата што е фатен да пуши.

Мене не ми е јасно зошто инсистирате сите газди да сакаат да си отворат таков клуб. Ете некои решиле дека им се исплати и отвориле.
 
Посебна приказна се оние трутови кои седат дома, стануваат во 13 часот попладне и очекуваат на маса да имаат кутија цигари кога ќе станат или пак 100 ден. оставени за да си купат.
Такви се да не претерам, ама добри 70% од пушачите во нашата држава.
И после ти ме прашуваш дали треба или не треба да бидат срам за семејството?

Без разлика дали биле воспитани, образовани и вакцинирани мене не ми изгледаат ваквиот тип на луѓе за некои за кои треба да им се изрази некаков почит.




Истите тие трутови стануваат во 13h и очекуваат стотче на маса за спортска, или за кафе или за пиво пред комјутер... Некои од нив воопшто и не се пушачи, па така не можеш синдромот на мрзливата младина строго да им го препишеш на пушачите.

И да, срам се за семејството, ама не поради фактот што се пушачи, туку поради самите себе и начинот на кој функционираат.

Ја претеравте со пушачиве.
 
Немој со аналогииве, ќе се повредиш.

Ете го истиот муабет од една друга тема..
Не туку ми се прај паметен.
Имаш бе аргументи или немаш?
Шо че ти пречи тебе ако си имаме ние пушачиве кафетерија за пушачи?
Кратко и јасно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom