Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
чек чек, не ми спинувај со други примери. јас кажав само за места за излегување, а ти одма во канцеларија. тоа е сосема друг мом, дај прво ова да го решиме/разјасниме, па после тоа да ги фатиме и канцелариите, и сите други работи

Епа, да ти кажам пример со шупак ко главен лик. Си седи шупаков на маса, многу блиску до мојава, и рачето со цигарчето го потпрел така да ми доаѓаше тачно ко јас да имам запалено. Тачно под нос. Така, безбрижен и занесен, благо опиен си ужиФкаше у својот пушачки момент.

Видиш сеа зошто мора да има забрана?
 
Некој спомна затворска казна за пушење на јавни места...Чекај бре малку, во затвор дозволено е или не? И тоа е затворен простор нели :D Плус, муабетот да имало посебни простории за пушачи е глупост и дискриминација.

Посебно место за пушачи во кафич е исто како да имаш посебен дел за мочање во базен.
 
Милион пати правевме муабет за ова, и воопшто не така едноставно како што изгледа.
Само накратко дел од (многуте) факти кои ја прават работата нерешлива: Прво вработените ќе бидат дискриминирани да дишат тутунски чад. Второ, тие вработени не се само келнерите, туку и најразлични службени лица. Трето, а можеби и најважно, тука менталитетов е таков да сите газди ќе отворат пушачки кафичи, пошто рајава е тотално неука и со генерациски испран мозок дека е сосема во ред да те трујат со тутунски чад, на крај пак сите ќе идат во пушачки кафич. Колку сакаш непушач биди, ама ако сите девојки се таму, ќе идеш и ти таму. :)

Така да во пракса, излегува дека законот не се замара со вас и со зависноста. Не е баш фер (човечки гледано зборувам, не дека е логично да ве жалат), но пред законот беше НЕСПОРЕДЛИВО ПО-НЕФЕР за непушачите.
ЈБГ

Фактиве ти се боли глава.
Првиот „факт“: Како би биле вработените дискриминирани? Се објавува оглас за работа во локал ЗА ПУШАЧИ. Ако не ти пречи аплицирај, ако ти пречи прескокни го огласот. Како што има работи со ете висок ризик, како бензиска, некој по канализации што работи, во хемиски лаборатории, на платформи, во авганистан и тн. а не се дискриминирачки, така и ова не е. Ако не пушиш не аплиирај бе брат.
Друго.А не се дискриминирани вработените што пушат? Келнерите 8 сати на работа, ако е полно кога ќе запалат цигара? Јас еве како ДЏ треба да издржам 4 сати без цигара.
Втор „факт“, кој се тие службени лица? Прајме муабет за локали кои би можеле да платат лиценца за местото да биде за пушачи.
Трет „факт“ и најбитен, е тоа шо ич не е факт. Прво, и да е така, значи самите непушачи си се криви шо одат таму да се трујат, како што и самите пушачи сме си криви дека се трујаме. Никој не ги тера со сила, за разлика од нас пушачите, што со сила не тераат да ѕемниме на -20. Башка, ако погледниме на анкетава, че видиме дека односот на пушачи и непушачи е одприлика 50-50. Така да нема зошто сите да би оделе ваму или таму.
 
singer_second_hand_smoke-jpg.76924

Ова пошто коливе постојано возат ВНАТРЕ во кафичи/кафани/итн? ;)
 
Види, и ја сум на страна на опциите. Ете, пушачите имаат опција-да излезат низ врата кога сакаат да спалат една.

На пример, јас како нешушач, ја делам канцеларијата со тројца пушачи. Секој од нив си има свој момент кога му доаѓа да запали а тој момент ретко се поклопува со моментот на останатите двајца (иако, морам да признаам дека момент на еден подегнува или инспирира момент кај друг пушач). Сега, ако беше дозволено пушењето во канцеларија, јас би била осудена да ги дишам сите моменти на моите колеги (како што беше пред законот)-тоа е цигара до цигара осум саати, човече! Вака, ако на некој му се "присака" си искача и тако сви сречни...толку просто...

А оти да нема опција, да има кафетерии само за пушачи? Па ти ако не си пушач, почекај не надвор дури да си го испијаме кафето.
 
Абе ако некој скока нешто, тоа ти ги скокаш правата на вработените и на службените лица кои службено идат секој ден во јавните локали.
Инаку за идењето таму каде те ебат во здрав мозок, таква е рајава овде. Проста маса, стадо за шишање волна и плетење џемпери. Тоа и ти кажувам, со сегашниов менталитет, ако остават слободен избор на газдата... од 1000 локали, дали 1-2 ќе бидат непушачки.

Во тие услови, или ќе идеш во пушачки места, или ќе седиш дома.
Чекај, бе малку!! Па тоа е исто како пред законот, ти текнуе?? ;)
ај за муабетов да кажеме дека од 1000, 998 ќќе бидат пушачи. а битниот момент е: зошто би било тоа така? јас мислам заради тоа што 80% од популацијата се пушачи. а ДА, да не заборавам, прееска кога ја спомнав лиценцата, ..... таа да биде скупа, да не може баш секој да ја извади. ако ти се исплати, бујрум. ако не, .... нема лиценца. то исто ко со лиценците за архитекти, електрика, сметководство, ........ не може баш секој да извади лиценаца, нели?
Ова не е ниту аргумент, ниту добра заебанција, така?
некој проба да биде интересен, па со иста мера :D
 
Епа, да ти кажам пример со шупак ко главен лик. Си седи шупаков на маса, многу блиску до мојава, и рачето со цигарчето го потпрел така да ми доаѓаше тачно ко јас да имам запалено. Тачно под нос. Така, безбрижен и занесен, благо опиен си ужиФкаше у својот пушачки момент.

Видиш сеа зошто мора да има забрана?
ти пак со канцеларијата. ОК, нека биде да не се пуши во канцеларии, иако и тука не сум баш 100% за тоа. пример ако е моја фирмата, јас во моја канцеларија ќе си пушам.
 
Прво глупав ти е примеров. Досега сите што ги познавам (и јас сум пушач) кога некој ќе рече дека му смета цигарата, или ќе се тргнат подалеку или ќе ја изгасат. До толку идиот да се најде, не верувам. Или ти не му рече ништо, па човекот од каде да знае дека ти смета нели? Плус, зошто секогаш мажи се проблематични со цигари? Во фирми каде што има повеќе жени, шансите да фатиш како некоја пуши на работно место се неколку пати поголеми, отколку во фирми каде што повеќето вработени се мажи. Сум работел и со такви и со овие вториве и убаво гледав кој како се однесува. Мажи немаат проблем да излезат надвор и да запалат цигара, а жена богами и војна ќе почне, ако ја натераш да застане надвор
 
А оти да нема опција, да има кафетерии само за пушачи? Па ти ако не си пушач, почекај не надвор дури да си го испијаме кафето.

Може!

Шубаво, да си седиш и да си пушиш на раат...:свиркам:
 
ти пак со канцеларијата. ОК, нека биде да не се пуши во канцеларии, иако и тука не сум баш 100% за тоа. пример ако е моја фирмата, јас во моја канцеларија ќе си пушам.

Примеров беше од кафич, на почетокот коа законот негде го имаше а негде не ;)
 
Фактиве ти се боли глава.
Првиот „факт“: Како би биле вработените дискриминирани? Се објавува оглас за работа во локал ЗА ПУШАЧИ. Ако не ти пречи аплицирај, ако ти пречи прескокни го огласот. Како што има работи со ете висок ризик, како бензиска, некој по канализации што работи, во хемиски лаборатории, на платформи, во авганистан и тн. а не се дискриминирачки, така и ова не е. Ако не пушиш не аплиирај бе брат.
Друго.А не се дискриминирани вработените што пушат? Келнерите 8 сати на работа, ако е полно кога ќе запалат цигара? Јас еве како ДЏ треба да издржам 4 сати без цигара.
Втор „факт“, кој се тие службени лица? Прајме муабет за локали кои би можеле да платат лиценца за местото да биде за пушачи.
Трет „факт“ и најбитен, е тоа шо ич не е факт. Прво, и да е така, значи самите непушачи си се криви шо одат таму да се трујат, како што и самите пушачи сме си криви дека се трујаме. Никој не ги тера со сила, за разлика од нас пушачите, што со сила не тераат да ѕемниме на -20. Башка, ако погледниме на анкетава, че видиме дека односот на пушачи и непушачи е одприлика 50-50. Така да нема зошто сите да би оделе ваму или таму.

Си ги помешал лончињата нешто... ;)

- Човек има право да не го трујат со тутунски чад, законски, а и по секоја логика.
- Човек со тутунска зависност, нема право од работодавецот да бара услови за во работното време да ја упразнува својата зависност за свое задоволство. Такво право нема во ниеден закон, устав.

Не можеш да споредуваш загарантирано право на живот, право на вода и на храна... со право на тутун. Не постои такво право.
Тутунот е легален, можеш да го консумираш дома, или на места што не се од јавен карактер. Но немаш загарантирано право работодавецот да ти обезбедува нешто посебно од тој аспект.

Од друга страна, со таков оглас: за работа во локал ЗА ПУШАЧИ го кршиш уставот, вршиш дискриминација по „пушачка основа„. ;)
Иначе секакви видови службени лица секојдневно имаат работа по локалите од јавен карактер, прави муабет со газда на кафич па увери се и сам. Тие службени лица исто имаат право да не ги трујат со тутун додека си ја работат работата.
 
Тутунот е легален, можеш да го консумираш дома, или на места што не се од јавен карактер. Но немаш загарантирано право работодавецот да ти обезбедува нешто посебно од тој аспект.

Освен дома, кое друго место не е од јавен карактер? Или ајде вака...смеам ли да пушам во кола на паркинг?

Од друга страна, со таков оглас: за работа во локал ЗА ПУШАЧИ го кршиш уставот, вршиш дискриминација по „пушачка основа„. ;)
А што е со оние огласи каде се бараат непушачи? Тоа е дискриминација по која основа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom