Сириското оружје ќе се уништува на 60 км од македонската граница?

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Датум: 12.11.2013, 18:54
БЕЗБЕДЕН ПРОЦЕС ШТО БАРА ВНИМАТЕЛНОСТ
Сириското оружје ќе се уништува на 60 км од македонската граница?

Игор K. Илиевски

Македонските хемичари не се пресреќни поради можноста сирискиот арсенал хемиско оружје да се уништува во Албанија, на 60 километри од границата со Македонија. Иако нашата држава нема што да направи во врска со ова, на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет нагласуваат дека процесот мора да биде стопроцентно заштитен затоа што е потенцијално опасен пред с` за Албанија, но и за околината.

САД бараат сириското хемиско оружје да се уништува во воена фабрика кај албанскиот град Елбасан. Албанија е една од трите земји, освен Белгија и Франција, на кои Организацијата за забрана на хемиско оружје им се обрати да бидат домаќини на американската мобилна постројка во која треба да се уништат 1.300 тони сириско хемиско оружје. Во Албанија барањето предизвика протести на граѓани и реакции на политичарите.
Неколку хемичари од Природно-математичкиот факултет рекоа дека с` уште немаат информации дека хемиското оружје ќе се уништува во Албанија, но нагласија дека таков процес подразбира бескомпромисни мерки на безбедност.

Хемичарите неспокојни

Професорите Љупчо Пејов, Виктор Стефов и Трајче Стафилов нагласуваат дека процесот мора да се изведе по највисоки стандарди за безбедност. Со слично мислење е и нивниот колега Владимир Петрушевски.

- Не би бил пресреќен ако навистина таму се уништува хемиското оружје затоа што станува збор за големо количество, а процесот бара многу строги контролирани услови за кои не знам дали Албанија ги поседува – вели професор Петрушевски од Институтот за хемија.

Иако Албанија веќе поседува погон за уништување хемиско оружје, изграден со американска инвестиција од 45 милиони долари, многу поверојатно е дека сириското оружје ќе се уништува во американска мобилна постројка. Но и во двата случаја станува збор за современа технологија која целиот процес го прави многу побезбеден отколку што тоа било случај кога Албанија го уништувала своето хемиско оружје пред 20-ина години или отколку случајот кога Ирак го правел истото по уривањето на Садам Хусеин.

- Многу мудро е што Американците веќе инвестирале во таков капацитет, но би бил посреќен кога би било подалеку. Никој не сака дома да уништува хемиско оружје. Претполагам дека услугата ќе биде добро платена и тоа е мотивот земјата да прифати ваков процес – вели Петрушевски.

Тој нагласува дека опасноста од процесот пред с` зависи од видот на хемиското оружје што се уништува.

- Начелно, с` што нема да биде разложено или согорено е потенцијална опасност. Но, треба да се знае и до што е разложено, дали до ЦО2, вода, азот и сулфурен диоксид, што малку ќе ја загади атмосферата со кисели гасови. Но, обично тие процеси не одат така темелно, особено ако системот не функционира совршено. Претпоставувам дека постројката што ќе се користи е направена да функционира како што треба, но сепак не сум спокоен од помислата... - објаснува Петрушевски.

Ќе се уништуваат 1.300 тони отрови

Според Организацијата за забрана на хемиско оружје, Сирија пријавила дека има околу 1.000 тони бојни отрови од Kатегорија 1 - иперит, сарин, нервен гас ВХ и прекурсори, компоненти за нивно производство. Сирија има околу 300 тони иперит, неколку стотици тони сарин и десетици тони ВХ. Најголем дел од овој арсенал е метилфосфонил дифлуорид, компонента за производство на сарин. Најголемиот дел од сирискиот арсенал хемиско оружје се состојки за бинарни, дводелни, бојни отрови, чии компоненти се мешаат непосредно пред употребата.

Околу 290 тони од арсеналот се хемикалии од Kатегорија 2, а повеќето од нив е всушност изопропил алкохол, кој има широка цивилна примена, но е клучен прекурсор во подготовка на сарин.

Организацијата на почетокот од октомври почна да бара земја-домаќин за мобилна постројка во која ќе се уништат од 300 до 500 тони прекурсори за сарин и десетици тони нервен отров ВХ.

Откако Норвешка во октомври го одбила барањето да биде домаќин на процесот на уништување, Организацијата упатила барања до Албанија, Белгија и до Франција. Сите три земји досега уништувале иперит, но не и сарин и ВХ.

САД се исклучени како опција за уништување бидејќи сириската влада одбива ним да им го предаде својот арсенал за тој чин да не биде протолкуван како капитулација.

Мобилен погон за безбедно уништување
За уништување на сириските отрови во Албанија најверојатно ќе се користи американскиот Теренски систем за хидролиза (ФДХС), развиен во хемиски и биолошки центар во Еџвуд, Мериленд. Мобилната постројка ги неутрализира состојките на хемиското оружје преку хидролиза во 10 пати поголем волумен вода и други реагенси. Смесата потоа се загрева, а добиениот отпад е с` уште токсичен, но може безбедно да биде согорен. Американскиот секретаријат за одбрана тврди дека процесот има ефикасност од 99,9 отсто во уништување.

Системот го опслужуваат 15 техничари, а има капацитет од 5 до 25 тони хемиски агенси на ден. Целиот систем е пренослив и самостоен, а критичните делови се удвоени за да се избегнат дефекти и застои. Отровните гасови што настануваат во процесот се отстрануваат со филтри. На влезот и на излезот од постројката има станици за деконтаминација. Мобилната постројка има сопствена лабораторија за анализа на хемикалиите што доаѓаат, но и на отпадот што се добива.

Системот може да ги онеспособи сите типови бојни отрови и компонентите од кои се составени.
Албанија е прва земја што го уништи своето хемиско оружје
На 11 јули 2007 година Албанија стана првата земја што од Организацијата за забрана на хемиското оружје доби потврда дека ги уништила своите резерви хемиско оружје. Албанија имала резерви хемиско оружје од комунистичкиот период, кои изнесувале 16.678 килограми бојни отрови иперит, луизит, адамсит и хлорацетофенон.

Откако стана членка на Организацијата за забрана на хемиското оружје, Албанија во 2002 година откри дека наследила резерви хемиско оружје од поранешниот систем. Американската Агенција за намалување на одбранбени закани вложи 45 милиони долари за изградба на погон за согорување во Ќафмоле кај Тирана, во кој Албанија се ослободи од резервите. Погонот поседува германска технологија за согорување, а во шестмесечното уништување на албанските бојни отрови учествувале швајцарски техничари.
Во постројката кај Елбасан Албанија ги уништи своите мини
Воената фабрика за експлозиви во Мјекес кај Елбасан, која се наведува како можна локација на мобилната постројка за уништување на сириското хемиско оружје, е објектот во кој Албанија ја уништи својата резерва од противпешадиски мини и уништува околу 60 отсто од вишокот експлозиви и муниција. Фабриката е на 240 километри од Скопје и на 60 километри од границата.

Албанија ги уништуваше своите повеќе од еден милион противпешадиски мини под спонзорство на САД. Во овој објект, кој постои повеќе од 50 години, тамошни жители беа вработени на демонтирање на мините. На дрвени маси во старите објекти мештаните од околните села рутинирано, често и со цигара во уста, ги вадеа експлозивните полнења од мините фрлајќи го експлозивот во една, а металното тело на мината во друга дрвена кутија.

По деценија финансирање од САД, албанското министерство за одбрана тврди дека фабриката во Мјекес денес е најмодерно опремен таков капацитет во Албанија.
„Тирана треба да придонесе за мирот“
Додека граѓаните во Тирана, поддржани дури и од приштинците, протестираа, албанскиот премиер Еди Рама вчера јавно се изјасни за прашањето за уништувањето на хемиското оружје од Сирија.

- Ние заедно со другите земји од НАТО сме во една внатрешна дискусија и не сме во состојба кога треба да донесеме одлука. Во моментот кога ќе треба да донесеме одлука, тоа сигурно ќе го споделиме со јавноста и без сомнение со парламентот – истакна Рама, кој според весникот „Панорама“ на своите сопартијци-парламентарци претходно им рекол дека доколку се согласат, уништувањето на оружјето нема да биде опасно и ќе биде набљудувано од специјалисти од НАТО.

Транспарентност во донесувањето одлука вети и претседателот на албанското собрание Илир Мета, кој потврди дека парламентот има задача да се изјасни за прашањето и дека најпрвин треба да се оцени расположението на граѓаните.

- Ние сме членка на НАТО, треба да дадеме придонес за мирот како што треба да се каже дека имаме придобивки од НАТО – рече Мета.

Министерот за животна средина на Албанија, пак, Лефтер Kока, рече дека дали сириското оружје ќе се уништува во земјата, ќе одлучи парламентот и повика проблемот да не се политизира, пренесе порталот „Алмакос“. (Б.А.)

http://dnevnik.mk/?ItemID=1AAA30BF1C021148A8C77A8C7DF2D73E
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Што би рекле САФ: “Тестираат издржливост на балканското заморче, па ајде кажи дали те боли бре Македонче...“

Со ова се докажува дека Балканов е црна дупка на светов, а не само на Европа.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.288
Поени од реакции
84.408
Они сеа на америте и газ би им дале, пошто им се дужни до гуша, а не па вакви работи. За жал ние живееме до Албанците и треба да се плашиме во иднина, пошто они секакви гомна ќе јадат од Америте. Дали тоа ќе бидат радиоактивни материи, вакви работи или слично...
Албанија уште многу одамна "скалдираше" во Јадранско море европски радиоактивен отпад (ова нека го имат у предвид сите што им идат таму на одмор).
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Ма ако сакаат и нека се самозакопаат после уништувањето на хемијата.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Јас би рекол дека директно косоварите им се поголеми должници ама како и да гледаш сакаш или несакаш и едните и другите ни се тука до нас што се вика гз место сме.....
 

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Што би рекле САФ: “Тестираат издржливост на балканското заморче, па ајде кажи дали те боли бре Македонче...“

Со ова се докажува дека Балканов е црна дупка на светов, а не само на Европа.
да надопунам од САФ: "Не умирај магаре од зелена трева ќути трпи гледаш те тераат гзот да го натртиш.
Нека уништуваат како што уништуваа со осиромашен ураниум у Србија и за време конфликтот кога фрлија контејнер у Липково во браната никој ништо не знае што има божем ке го бараа до ден денеска не ни потрекнаа иницијатива.Ама битно ние со Американците сме другари верни они не подржуваат за во НАТО ама затоа прв војник кој загина беше Македонец ама нема везе битно они не подржуваат.Све на свему Америка е чудо и чини чуда
 
Член од
1 јуни 2012
Мислења
277
Поени од реакции
31
Да и на крај ќе настрада западна Македонија поради ова цццц:гомце:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Според најновите информации, протестите во Албанија се шират и изгледа албанската влада нема да попушти пред САД и ЕУ.

Демократската партија поднесе барање за референдум денес во парламентот на Албанија. Опозицијата (Бен Блуши) изјави дека е со владата, нема да дозволат да се уништува хемиското оружје во Албанија.

Од Европската Комисија изјавиле дека будно следат што се случува во Албанија (со други зборови им бега ситуацијата од контрола).

САД и ЕУ сега ги меркаат Косово и Македонија (Трепча и Голеш) да ни го увалат хемиското оружје.

Треба да организираме масовни демонстрации во Скопје против ова срање!

Остај што уште страдаме од сите отрови што ги исфрлија насекаде вкл. и во Јадранското Море, уште ова ни требаше сега. :mad:
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.857
Малку Македонија страда од бомбардирањето врз СР Југославија од касетните бомби со „мизерен“ Ураниум, сега уште ова ни требаше...???

Сега ќе видите како следните неколку години ќе се зголеми бројот на заболени од рак, тумор, леукемија...

Наздравје нека ни е!!!
 

DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
Ако одлучи Албанија да не го уништи хемисково оружје Америка ќе изгради иста фабрика и на Косово :D
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Жими мајка не се нормални....:facepalm:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Ај они се побуниле ама немој ние да го лапнеме....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom