Кој територијален спор на Полска со Украјна кога има многу малку Полјаци, негде 150 000? Тоа е многу бенигно, како да го занемариш проблемот што ние го имаме со Албанците а за сметка на тоа да потенцираш евентуален територијален спор со Србите за село Кучевиште.
Проблемите на Украјна со Русија се многу посуштествени, не е само полуостровот Крим кој што точно е тоа, Хрушчов како Украинец го припои на Украина. Добар дел од Украинците имаат проблем со својот идентитет, асимилацијата пред осамостојувањето си го направи своето, зборуваат Руски и одат во Руска црква, а Украинската православна црква слично како и нашата е непризнаена иако има најмногу верници.
Не реков дека постои било каков спор помеѓу Украина и Полска, само направив споредба со спорот помеѓу Шпанија и Велика Британија. Шпанците претставуваат едвај 2% од целокупното население на Гибралтар, па сепак Шпанија вели дека Гибралтар треба да биде дел од нејзината територија, а не од територијата на Велика Британија. Ниту реков дека постои територијален спор помеѓу Украина и Полска, ниту реков дека ќе постои територијален спор помеѓу Украина и Полска, туку спомнав дека можно е да се појави таков спор помеѓу Украина и Полска, што не значи дека таков спор воопшто ќе постои, го спомнав тоа чисто како варијанта.
А кога сме кај Украинската Православна Црква, тоа и не е некое изненадување, речиси сите држави кои се отцепија од некогашните федерации во источна Европа имаат православни цркви кои не се признаени од страна на православната црква која претходно уживала автокефалност врз истите територии врз кои денес автокефалност уживаат тие непризнаени православни цркви.
Прочита нешто ама по се изгледа не си дочитал.
Изнесе толку многу полувистини и погрешни интерпретации, што ме зачуди искрено оти ова не е некоја далечна историја за толку многу да се погреши.
Единствената точна работа која ја кажа е дека Украина и Белорусија се прошириле на сметка на поранешните полски територии, но изостана да кажеш дека и Полска се прошири на Запад на германските територии од кои масовно иселуваше Шваби.
Намерата на СССР беше да ги помести “комунистичките“ граници колку што може повеќе на Запад за да го прошири своето влијание па затоа тој целокупен “шифт“ на лево.
Сите тогашни комунистички држави во тоа време нешто добија и нешто изгубија.
Украина за Полска е најбитниот дел од нивната романтичарска историја кога беа дел од едно кралство и кога 3/4 од денешна Украина влегуваа во Првата федеративна Република составена од Полска и Литванија. Во тоа време многу Полјаци ја населија Украина.
Интересно е што двете држави во поновата историја неколку пати неофицијално пројавиле интерес влезат во заедничка федерација, за да го амортизираат руското влијание и меѓусебно да се заштитуваат.
Полска е најголемиот лобист на Украина во ЕУ, а впрочем овие “братски“ односи беа најдобро потенцирани со заедничкото организирање на Европското Првенство во Фудбал во 2012 година.
Полска на Украина нема никогаш да и поставува апсолутно никакви услови.
Не изнесов никакви полувистини или погрешни интерпретации, туку само спомнав општо познати историски факти кои ги знае секој кој го знае исходот од Втората Светска Војна, а не некој кој читал, но не дочитал.
Да, во право си, Полска се проширила на запад на сметка на териториите на Германија, и Русија исто така се има проширено на запад на сметка на териториите на Германија, денешната Калининградска Област била дел од територијата на поранешна источна Прусија, која била дел од територијата на Германија пред Втората Светска Војна.
Да, во право си, Полска и 3 четвртини од територијата на Украина биле дел од заедничката Полско-Литванска Унија, основана во 1569 година, но тие братски односи не се постари од Киевска Русија, која постоела векови пред Полско-Литванската Унија која престанала да постои во 1795, односно 2 години откако Минск, Киев и ред други територии од денешна Белорусија и Украина биле освоени од страна на Петар Велики и станале дел од Руската Империја. После 1793 година, Украина поминала повеќе од 120 години како дел од Руската Империја, а потоа била дел од Советскиот Сојуз од неговото основање, па се до неговото распаѓање.
Над 1 петтина, поточно над 23% од целокупниот извоз на Украина оди во Русија, а речиси една петтина, поточно 19% од целокупниот увоз во Украина доаѓа од Русија. Втора држава увозник во Украина е Кина со над 10%, а дури трета е Германија со 9.6%. Втора држава во која Украина извезува е Турција со 6%, а трета е Кина со над 4%.
Судејќи според овие бројки, кои не се мои, туку се на CIA World Factbook (
увоз и
извоз), денешна Украина има многу повеќе заеднички деловни интереси со денешна Русија и со денешна Кина, отколку со денешните држави членки на Европската Унија.
И да, сите држави кои беа дел од социјалистичкиот блок нешто добија и нешто изгубија. Така на пример, Македонија ги изгуби манастирот Свети Прохор Пчињски, делови од Прешево и Бујановац, за кои покојниот Киро Глигоров спомна дека биле дел од територијата на Македонија после Втората Светска Војна, но од тотално непознати причини, биле припоени кон територијата на Србија, за што наводно постоеле некакви документи, но покојниот Глигоров не ги нашол тие документи ни во Белград, ни во Скопје, ни никаде, како да не постојат.
Никогаш не вели никогаш, без разлика дали е за тоа дека Полска нема да ја блокира Украина во Европската Унија или за било што, ниту јас ниту ти не знаеме што носи иднината, можеме само да претпоставуваме и да шпекулираме.