Верски вести III

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Свеченост во соборниот храм "Св. Кирил и Методиј" во Тетово

Владиката Јосиф - архијереј меѓу народ кој се препознава со крстот и полумесецот

Помагај да се залечат раните, моли се да се утешат онеправданите, почитувај ги разликите на секого и учи ги луѓето да го прават тоа на други што сакаат другите тоа ним да им го прават, му порача г. г. Стефан на новиот владика

Тетово вчера беше центар на македонското православие. Во соборниот храм Св. Кирил и Методијј за прв пат се одржа свеченост за устоличување на нов владика на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Архимандритот Јосиф, досегашен епископ велички, од вчера и официјално е прв митрополит на новоформираната Тетовско-гостиварска епархија.
Светата архијерејска литургија со која го интронизираа господин Јосиф ја служеше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение со останатите митрополити и епископи од Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
- Доаѓаш во предели каде се длабоки и древни христијанските темели, ќе бидеш меѓу народ што љубоморно ја чува и живее верата православна, меѓу народ кој поради секојдневните притисоци се повеќе се оретчува, но оној кој останува е верен народ и си ја сака црквата македонска и земјата прадедовска. Ќе бидеш архијереј меѓу народ каде со крстот и полумесецот се препознава секој човек и секоја населба. Помагај да се залечат раните, моли се да се утешат онеправданите, почитувај ги разликите на секого и учи ги луѓето да го прават тоа на други што сакаат другите тоа ним да им го прават, му порача г. г. Стефан на новиот владика.
Новиот владика г. Јосиф побара од верниците да го возобноват духовниот живот во овие краишта и ги посетуваат црквите.
- Материјалните градби ги имаме, ги наследуваме и за нив ќе се грижиме со постојана будност, нови ќе создаваме, но најважно од се е возобновата на духовниот живот на овие краишта. Да видат овие ѕидови верен народ кој постојано ќе влегува меѓу нив, да слушнат овие фрески и икони молитви, да тропнат камбаните за служба, да оживеат манастирите и манастирските имоти со црнорисци, истакна владиката Јосиф.
Тетовско-гостиварскиот митрополит г. Јосиф на ова место доаѓа како досегашен епископ велички, а бил и архимандрит на Бигорскиот манастир.
Новиот епископ е роден 1977 година во Прилеп. Замонашен е од 2005 година, а во 2009 има одбрането докторат на Богословскиот факултет во Скопје.
Новиот митрополит Јосиф е најмладиот член на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА. Негово прво претставување во јавноста беше интервјуто што во јуни годинава го даде за ВЕЧЕР, во кое тој, меѓу другото, отворено проговори и за ставот на МПЦ-ОА во врска со името, што предизвика бурни реакции кај нашиот јужен сосед.
(Е.А.)
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Масакар на Христијани во Сирија

пред 9 часа

Најсериозен и најголем масакар на Христијани во Сирија. 45 луѓе се убиени и 1.500 фамилии беа држени како заложници соопшти сириската православна црква од Хомс.
Настанот се случил во античкиот сириски град Садад кој се наоѓа североисточно од главниот град Дамаск една недела по 21 октомври од кога беше окупиран од анти-Асад исламисти, пред да го врати под своја контрола сириската армија.
Црковните лица велат дека 45 луѓе се убиени без причина, а меѓу нив неколку деца и жени, а многумина биле фрлени во масовни гробници.
Уште 30 цивили беа ранети, а 10 сеуште се водат како исчезнати. Околу 1.500 фамилии беа заложници и беа држени како човечки штит пред налетот на владините трупи, и 2.500 луѓе го напуштија градот.

--- надополнето: 6 ноември 2013 во 23:34 ---
извор: Макфакс

06 ноември 2013 - 15:18

Коха диторе: Џихадот на Косоварите во Сирија

Косовскиот тиражен весник „Коха Диторе“ во своето денешно издание под наслов „Џихадот на Косоварите во Сирија“ пишува дека околу 150 Албанци од Косово во Сирија војуваат против власта на Башар ал-Асад.

Според весникот, тие таму војуваат не во рамките на опозицијата, туку во рамките на организацијата Фронтот ал-Нусра еден огранок на Ал Каеда предводена од страна на Абу Мухамад Ал Јавлан.


Косовскиот дневен весник „Коха Диторе" спровел истражување за патувањето на косоварите во Сирија. Притоа откриени се имињата на поголемиот број борци од Косово во Сирија, но повратниците од таму не говорат јавно и покрај тоа што признаваат дека борбата таму е џихад.

Лавдерим Мухаџери од Качаник има 24 години и е еден од таквите борци во Сирија кој јавно на Јутјуб повика на џихад, а на повикот се одзваа неколку млади од Косово
http://makfax.com.mk/322225/koha_ditore__dzhihadot_na_kosovarite_vo_sirija
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.485
Поени од реакции
84.935
Продолжува сквернавењето на православните светии, во доминантно муслиманските средини:

Засега непознати вандали во текот на минатата ноќ раскопале православни гробишта постари од два века во полошкото село Сенокосе.
Како што пренесе МИА, случајот денеска бил пријавен во полиција, а на терен веднаш излегле увидна екипа и специјалист по судска медицина. Три гроба биле делумно, а еден целосно раскопан.
- Покрај неколкуте коски, за кои судскиот специјалист утврдил дека се стари повеќе од двесте години, најдени се едно стаклено шише и три пластични чаши. Засега не располагаме со сознанија, зошто гробовите биле раскопани, но можно е сторителите да барале некакви драгоцености, изјави Јосифоски.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
"Го чув божјиот глас и ми се смени животот" - исповед на гангстер кој го шокираше светот



Кога прв пат влегов во црква за да се исповедам, плачев цели три дена. Солзите не можеа да престанат да течат по моето лице бидејќи ја почувствував божјата милост. Таа ми го допре срцето. Оваа изјава на Џон Придмор од Лондон ја шокираше целата светска јавност, бидејќи овој човек целиот свој живот бил гангстер.
Џон целиот свој живот имал луксуз, брзи автомобили, убави жени и многу пари. Тој живеел ваков живот се додека не се случило нешто многу чудно кое засекогаш му го променило животот! Тој влегол во црква, се исповедал и оттогаш станал друг човек.
За она што му се случило Британецот напишал и книга.
Погледнете...
http://www.press24.mk/go-chuv-bozhjiot-glas-i-mi-se-smeni-zhivotot-ispoved-na-gangster-koj-go-shokirashe-svetot
--- надополнето: 8 ноември 2013 во 21:18 ---
ФОТО: Папата прекина говор за да утеши човек со тешка болест - фотографијата која го трогна светот


Уште откако дојде на престолот, Папата Франсис важи за исклучително хуман човек кој не прави разлика меѓу луѓето. Откако неодамна додека држеше говор му притрча мало детенце, па тој го седна во својот скут, сега Папата го прекина својот говор пред голем број верници за да бакне и гуште човек чие лице е изобличено од тумори и кој не е прифатен од општеството.

Оваа фоторафија уште една ја докажа хуманоста и добрината на Папата.


Свет
Објавено:

08.11.2013 - 14:45
http://www.press24.mk/foto-papata-prekina-govor-za-da-uteshi-chovek-so-teshka-bolest-fotografijata-koja-go-trogna-svetot
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Дубаи: Со злато наградени сите што ослабеле за време на рамазанскиот пост
Властите на Дубаи им поделиле 2,8 милиони дирхами (763.000 долари) во злато на учесниците на кампањата за слабеење, која овој емират ја започнал летоска како борба против прекумерната дебелина, пренесува Франс прес.
Иницијаторите на акцијата „Вашата тежина во злато“ им ветиле по еден грам злато за секој изгубен килограм, под услов учесниците да ослабат најмалку два килограми до 16 август, кога завршил едномесечниот рамазански пост.
Ахмад ал-Шеик, 27-годишен архитект од Сирија, кој ослабел дури 26 килограми, ја освоил главната награда – 63 грама злато, вредни 10.000 дирхами, кои му биле врачени во четвртокот.
Шеик, кој на почетокот на натпреварот тежел 146 килограми, бил еден од 2.648 добитници на „наградата во злато“ во вкупен износ од 16, 82 килограми.
„Се вклучив во кампањата со 15 дена задоцнување. На почетокот бев загрижен, мислејќи дека пропуштив многу време во однос на другите натпреварувачи“, изјавил младиот Сириец за весникот Галф њуз.
Второто и третото место го зазеле мажи кои ослабеле 23, односно 22 килограми.
Весникот јавил дека сите учесници, кои ослабеле најмалку пет килограми, добиле по два грама злато за секој изгубен килограм, додека оние кои ослабеле повеќе од 10 килограми добиле по три грама од скапоцениот метал.
За време на рамазанскиот пост верниците се воздржуваат од јадење, пиење и пушење за време на денот, од изгрејсонце до зајдисонце. Повеќето од нив, меѓутоа, го надокнадуваат пропуштеното за време на ноќта, и покрај предупредувањата дека е штетно по здравјето.
--- надополнето: 9 ноември 2013 во 11:55 ---
Две муслиманки од Прага го прекинале школувањето поради забраната за носење хиџаб

Објавено: 10:48, 09/11/2013 Прегледано: 14 пати.


Две муслимански девојки го напуштиле средното медицинско училиште во Прага, бидејќи не им било дозволено да носат хиџаб – традицонална муслиманска шамија што ги покрива косата, ушите и вратот на жената, објави државната Чешка телевизија (ЧТ).
Како што јави дописникот на МИА од главниот град на Чешка, ова е прв таков регистриран случај во земјата.
Едната девојка е Сомалијка, а другата потекнува од Авганистан и училиштето го напуштиле истиот ден кога директорката им кажала дека не смеат да бидат забрадени со марама.
Тие сметаат дека нивните права и религија треба да биде почитувани. Директорката на училиштето, Иванка Кохоутова смета дека училиштето не направило грешка, бидејќи во Чешка не постои закон кој го регулира носењето шамии и училиштата може да креираат свои правила. Тоа го потврдува и претставник на Министерството за образование.
- Покривањето на главата е забрането со училишните правила. Мислам дека не можеме да допуштиме децата тука да седат со качулки и капи, а професорите да одат со шешири на главите, објаснува Кохоутова, која додава дека некој кој сака да доброволно да се школува треба да ги почитува општествените правила.
Таа, вели дека ученичките пред се, не се согласувале со обврската да ги посетуваат задолжителните часови по гимнастика и пракса, но тие го одрекуваат тоа. Случајот е испратен кај Народниот правобранител, а организациите кои се занимаваат со човековите права, обвинуваат за дискриминација и мешање во приватноста на луѓето.


http://a1on.mk/wordpress/archives/234507

--- надополнето: 9 ноември 2013 во 11:55 ---
Отец Царкњас: Македонската православна ја интересираат само пари!

09/11/2013 // Пред 19 минути // МОИ ПАРИ // Коментирај

За Македонската православна црква поважни се парите од верниците, смета отец Никодим Царкњас. Тој е единствениот свештеник кој богослужи во деловите со Македонци во северниот дел на Грција. Во изјава за Канал 5, тој вели дека црквата ја интересираат само пари, скапите одежди на владиците и големите епархии.
„Воопшто не водат грижа за верниците надвор од Македонија“, вели тој.
Уште пред една деценија е почната изградабата на црквата на МПЦ во Воден со помош на македонската дијаспора во САД и Австралија, но сеуште не е завршена.
„Немаме никаква поддршка и од македонските власти чии залагања, како и оние на црквата се премногу тивки, а тоа пак ги обесхрабрува активистите од македонското малцинство во Грција“, вели Царкњас кој прашува зошто митрополитот на Европската епархија на МПЦ досега ниту еднаш не дошол во Грција, за да даде барем духовна подршка на верниците.
http://faktor.mk/archives/82225?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=otec-carknjas-makedonskata-pravoslavna-ja-interesiraat-samo-pari
--- надополнето: 9 ноември 2013 во 11:58 ---
+18 не е за тие со слабо срце
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Нуркачите во езерото Матка најдоа темели за кои се верува дека се од црква

Објавено: 13:39, 10/11/2013
Нуркачите од спелеонуркачкиот клуб „Врело“ и од нуркачкиот клуб „Акватек“ од Скопје, како дел од нивната подводна експедиција во водите на езерото Матка, денеска најдоа остатоци од темели за кои се верува дека се од стара македонска црква.
Оваа акција имаше за цел да ја истражи и документира структурата на дното на езерото, каде под просторот на денешното село Козарево пред неколку месеци беше пронајден влез за нова пештера, а во нејзина близина беа пронајдени ѕидови со цртежи кои се претпоставува дека се од стара Македонска црква.
- Пред да се изгради браната на езерото Матка, на овој простор постоел таканаречениот Пат на силата, кој бил најкраткиот пат до денешен Македонски брод, односно го спојувал северо-источниот со југо-западниот дел на Македонија. Меѓутоа со надоаѓањето на водата и издигнувањето на езерото и браната Матка сето она што постоело на овој предел било покриено со вода. Затоа нашата акција беше да ги лоцираме, истражиме и мапираме сите археолошки места, рече Киро Ангелески, претседател на клубот „Врело“.
Додаде дека нуркачите и во следните денови ќе ја продолжат експедицијата за да ги пронајдат бараните примероци кои понатаму би се предале на релевантни институции за понатамошно испитување и утврдување дали навистина станува збор за темели на црква и од кој период датираат тие.
Оваа акција освен истражувачки карактер за прибирање и документирање на археолошки артефакти имаше и еколошка цел. Учесниците во акцијата успешно мапираа и локации на кои има отпад. Таму беа пронајдени гуми од автомобили, метални буриња од платформи, делови од железни конструкции, стари потонати чамци, крупен пластичен отпад, како и друг ситен отпад кој со години се насобирал на самото дно.
http://a1on.mk/wordpress/archives/235070
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
0 ноември 2013 - 21:16
Христијански свештеник ќе биде еден од лидерите Муслиманското братство во Сирија

Сириската филијала на меѓународното исламистичко движење Муслиманско братство во вторник на 12-ти ноември, ќе го објави основањето под нејзино покровителство формирање политичка партија чиј заменик претседател ќе биде христијански свештеник, објави викендов телевизијата Al-Arabia, повикувајќи се на арапското списание Asharq al-Awsat кое излегува во Лондон.
Според весникот, лидерот на Муслиманското братство во Сирија, Али Бајануни, партијата ќе биде наречена Партија на националниот устав и слободата или со кратенката Waad, што на арапски значи „ветување". Се очекува дека третина од членството на партијата ќе го сочинуваат симпатизери на Братството, а уште третина од приврзаниците ќе бидат поддржувачи на исламистичките движења, а остатокот ќе бидат политичари со либерални и националистички ставови.

Партијата Waad ќе ја предводи Мухамед Валид, образован во Велика Британија, а негов заменик ќе биде христијански свештени чиешто име не се открива.

Според Бајануни, новата партија ќе се залага за „еднаквост, правда, достоинство и слобода" за сирискиот народ и ќе се стреми кон востановување демократски механизми во земјата, заедно со исламскиот модел на образование. „Париските лидери се договорија да се придржуваат до принципите на демократијата и слободата за нашиот народ и нема да се прават исклучоци за никого", изјавил лидерот на сириското Муслиманско братство.
Движењето Муслиманско братство е зачнато во 1928 од селскиот учител Хасн ал-Бана од Исмалиилија со цел од Египет исламска држава. Основана е на 11-ти април 1929 година како мала група, а во 1934 година седиштето на здружението е префрлено во Каиро, Подоцна, во 1937 година „ќелии" на Братството се јавуваат во Сирија, Јордан, и на палестинските територии. Се смета дека Муслиманското братство во своите активности не ги признаваат државните и националните граници, и се стреми да создаде исламски режим во сите земји со претежно муслиманско население
http://makfax.com.mk/322550/hristijanski_sveshtenik_kje_bide_eden_od_liderite_muslimanskoto_bratstvo_vo_sirija
--- надополнето: 11 ноември 2013 во 00:26 ---
Црквата Света Софија во Истанбул да стане џамија?


09.11.2013 | 18:07


Јусуф Халачоглу, пратеникот на опозициската "Партија на националистичката акција" во Турција, предложил позната црква Света Софија во Истанбул да стане џамија.

Халачонглу до парламентот поднел предлог закон со кој се повторно овој храм што сега работи како музеј, треба да се претвори во верски објект.
Според него, одлуката од 7 ноември 1934 година, со која Света Софија во Истанбул стана музеј нема правна основа. Посочува дека Уставот од 1924 година, исто како и сегашниот турски Устав предвидуваат законите и одлуките задолжително да бидат одобрени од претседателот и објавени во службен весник. Според пратеникот, ваквиор ред во случајот со Света Софија не бил испочитуван, па оттука одлуката е нелегална.
Света Софија до 30-тите години на минатиот век функционирала како џамија неколку векови, од заземањето на Константинопол од Османиите во 1453-та. нејзиното пренаменување во Музеј беше направено по барање на основачот на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк.
http://tocka.com.mk/1/110438/crkvata-sveta-sofija-vo-istanbul-da-stane-dzamija
--- надополнето: 11 ноември 2013 во 00:27 ---
Партијарх Иринеј: Подобро без Европа, отколку без Косово




Поглаварот на Српската православна црква партијархот Иринеј рече дека Србија не може да се откаже од Косово и ако тоа е цената на влезот во Европа, тогаш, како што кажа, "ќе останеме без Европа", пренесуваат медиумите.

„Ако е цената на влезот во Европа да се отцепи Косово, ние тогаш и „се заблагодаруваме“ на Европа. Ние попрво ќе останеме сами без Европа, ако така мора да биде, но со нашето Косово“, рече патријархот Иринеј, примајќи ги, во Патријаршијата, учесниците на меѓународната Паневропска конференција за почитување на човековите и верски права.
Патријархот рече дека Србија не може да се откаже од Косово и оти меѓународната заедница мора да најде решение, бидејќи, ако три века со Албанците „можевме да живееме заедно, зошто да не би можеле денес“.
Тој рече дека Косово е нивната историја, култура и духовност. Патријархот ја повика меѓународната заедница да им овозможи на српските бегалци да се вратат во Косово.
http://tocka.com.mk/1/110439/partijarh-irinej-podobro-bez-evropa-otkolku-bez-kosovo
--- надополнето: 11 ноември 2013 во 00:29 ---
недела, ноември 10, 2013 Скопје 23:56
Аудио мени
Мултимедиа
Вести
Јосиф Лешочки - Владика на Кумановско--осоговската епархија
Илустрација.
ГОЛЕМИНА НА БУКВИТЕ
10.11.2013
Досегашниот епископ Лешочки Јосиф од денеска официјално е првиот митрополит на новоформираната Кумановско-осоговска епархија. Со света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан денеска во соборниот храм Свети Никола во Куманово се одржа чинот на интронизација на досегашниот епископ Јосиф Лешочки во митрополит на новата епархија. Светиот Синод на Македонската православна црква на една од седниците одлучи да ја подели полошко-кумановската епархија од која произлегоа две нови епархии, Кумановско-осоговската со седиште во Куманово и Тетовско-гостиварската со седиште во Тетово.
--- надополнето: 11 ноември 2013 во 00:31 ---



МАКЕДОНИЈА | 10. НОЕМВРИ 2013 - 17:03
Групна венчавка во Пресвета Богородица, 40 брачни прарови кажаа да пред бога

Повеќе од 40 парови ја крунисаа својата љубов во групната венчавка, во црквата Пресвета Богородица. Иако Повеќето од нив веќе имаат склучено граѓански брак, од најразлични причини не успеале да се венчаат во црква.
Пресвета богородица е една од црвите која им ја пружа оваа можност и на повозрасните православни верници. Еден од паровите прад камерата на Сител изјави дека по 16 години помионати во брачна заедница, одлучиле својот брак да го крунисаат и пред Бога.
Групните венчавки веќе станаа праса во црквата пресвета богородица, а првата од нив се одржа веднаш по осветувањето на храмот во 2008та година.

--- надополнето: 11 ноември 2013 во 00:34 ---
СОВЕТНИЦИТЕ ДАДОА АМИН ЗА ПРЕДЛОГОТ НА СМК

Крстот во Аеродром ќе се гради од донации!

Советот на Општина Аеродром доцна во петокот донесе одлука да се отстапи простор за изградба на 33-метарски крст кај висококатниците. Одлуката е донесена со 17 гласови за, на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, додека советниците од СДСМ гласаа воздржано. Во одлуката се вели дека општината отстапува простор за изградба на времен објект со културна и верска содржина.

Светскиот македонски конгрес смета дека е добро во општината Аеродром да се постави крст со големи димензии бидејќи 99 отсто од населението е христијанско", а локацијата, на крстосницата на булевар Србија" со Трета македонска ударна бригада ја смета за поволна, бидејќи крстот со димензии од 33 метри, ќе се гледа и од Гази Баба и од Чаир и од Кисела Вода".
- Крстот не е ниту конспирација, ниту провокација, туку културна афирмација. Крстот не е антиисламски симбол, туку дел од културата на Македонија. Крстот има право на простор во Македонија, затоа што Македонија е основата на христијанството во Европа. Во Македонија, во градот Филипи, од Светиот Апостол Павле е покрстена првата христијанка во Европа, Македонката Лидија, стоеше во соопштението од Светскиот македонски конгрес.
Главниот проект до општината Аеродром ќе биде доставен до крајот на 2013 година, а македонскиот православен крст ќе биде подигнат во рок од 60 дена од добивањето на дозволата за градење.За неговата изградба ќе се собираат донации.

 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Девет деца убиени во напади врз христијански квартови во Дамаск

Девет деца се убиени, а 11 се ранети во минофрлачки напади врз христијански квартови во Дамаск.

Една од мините експлодирала во близина на школски минибус во стариот дел на градот, при што загинале пет деца, а 27 лица се ранети.

Четворица ученици се убиени во напад врз автомобил, кој се движел кон христијанската населба Баб Шарки. Возачот исто така загинал во нападот.

Во друг христијански регион во градот мини погодија училиште и црква. Единаесет деца се повредени во нападот врз училиштето, а 16 лица во нападот врз црквата.

Засега никој не презеде одговорност за нападите.

http://www.plusinfo.mk/vest/113888/Devet-deca-ubieni-vo-napadi-vrz-hristijanski-kvartovi-vo-Damask
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.485
Поени од реакции
84.935
Косовци планирале масакр ист како на Смилковското Езеро

Шестчлена група насилници е уапсена на Косово под сомнение дека е поврзана со терористичката Ал Каеда, и дека планирала терористички напад во Гњилане и на езерото Грмија во Приштина.
Еден од уапсените војувал во Сирија. Во нивните куќи е пронајден арсенал оружје. Неколку месеци е прислушуван телефон на осомничените за планирање терористички напади. Оваа група од шест Албанци, од кои еден бил вратен од Сирија, е составена од млади од Приштина и Гњилане, пренесува весникот "Зери".
Оваа група подготвувала терористички напад како оној кој беше извршен на Смилковското Езеро. Со прислушување се дознало за планот, а следела и полициска акција и апсење. Се работи за В. Шаља. Г. Селими, М.Хусени, Н.Сулејмани, А.Мехмети и Б. Муљољи, а еден од нив сеуште е во бегство.
“Коха диторе” пишува дека Г.(Генц) Селими е повратник од Сирија. Неговиот војнички прекар е "Ебу Хафс Ал АЛбани" и тврдел дека го следи патот на Ал Каеда на Балканот и најавува нејзино скоро доаѓање.
При претресот полицијата пронашла оружје и големо количество експлозиви.
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Македонски икони пронајдени во Тирана

Текст: Макфакс
Црна Хроника | 12 ноември 2013


Украдени икони од Македонија се пронајдени во подрумите на еден колекционер во Тирана, објави албанската новинска агенција Балканвеб, која се повикува на извори на албанското јавно обвинителство.

Се наведува дека иконите се пронајдени во куќата на Ѓерѓи Тимо на улица „Али Деми" Тирана.
Како што изјавил Тимо, тој како колекционер иконите украдени од Македонија ги купил од засега непознати лица.
Тимо и Арбен Спахо, еден од оние кои се вмешани во кражбата на иконите од македонските цркви, се притворени во акција на албанската полиција водена под кодното име „Икони
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
http://republika.mk/?p=154466

http://republika.mk/?p=154466

http://republika.mk/?p=154466
--- надополнето: 12 ноември 2013 во 20:42 ---
Невидена измама: Мистериозната саудиска принцеза е поранешна проститутка?!

12.11.2013 | 11:29

http://tocka.com.mk/1/110636/nevidena-izmama-misterioznata-saudiska-princeza-e-poranesna-prostitutka
--- надополнето: 12 ноември 2013 во 20:56 ---
Вероучителка од Њујорк силувала ученик


СВЕТ | Прочитана: 380 пати

27 – годишната Американка Аманда Ајлс, учителка по веронаука во католичко училиште во градот Вајт Плејнс во Њујорк, силувала 14 – годишен ученик.

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=22441
--- надополнето: 12 ноември 2013 во 20:58 ---
Козачките „Христови војници“ стигнуваат во Република Српска како одговор на 50.000 муџахедини

Козачкиот полковник Воислав Видаковиќ најавува дека наскоро козачка структура ќе биде воспоставена во некои од градовите на Република Српска.


http://www.mkd.mk/svet/vesti/kozachkite-hristovi-vojnici-stignuvaat-vo-republika-srpska-kako-odgovor-na-50000
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Козачките „Христови војници“ стигнуваат во Република Српска како одговор на 50.000 муџахедини

Козачкиот полковник Воислав Видаковиќ најавува дека наскоро козачка структура ќе биде воспоставена во некои од градовите на Република Српска.


http://www.mkd.mk/svet/vesti/kozachkite-hristovi-vojnici-stignuvaat-vo-republika-srpska-kako-odgovor-na-50000

Стравотни слики од најголемата гробница во БиХ
kако што ни кажа професорот Мујо Бегиќ од Институтот за потрага по исчезнатите на БиХ, форензичарите на теренот секој ден вадат најмалку по десет нови тела, кои после комплетирањето ги праќаат во салата Шејковаќа, во Сански Мост.
До сега овде се собрани 250 комплетни тела, а вкупно се 389 разни настрадани чии што посмртни остатоци внимателно се собираа.
Воглавно тоа се цивили од предорските села, како што се Ризвановиќ, Бишќани и Средице, и еден дел од заробениците во логорот Кератерм.
http://img43.imageshack.us/img43/8242/4chr.jpg
„Приказните се трогателни, неверојатни, токму сега ни се јави една госпоѓа од Сараево, и ни кажа за својот сон и убедена е дека во Томашица ќе го најдеме нејзиниот исчезнат сопруг. Кога ни го кажа името, ми поминаа морници, бидејќи токму тоа утро најдовме лична карта со такво име“, раскажува Бегиќ.
Покрај телата се пронајдени многу лични докумети, особено дозволи за движење кои ги има издадено српска воена власт, во времето на најцрниот апартхеид. Но, и покрај фактот дека покрај распаднатите тела има документи со имињата на многумина од нив, до завршувањето на процесот на идентификација од Институтот нема да се даваат податоци за идентитетот на настраданите.
http://img62.imageshack.us/img62/4783/dqq1.jpg
Сите нив ги очекува огромна работа, како и членовите на семејствата на исчезнатите кои мораат да дадат свои ДНК примероци заради споредба.
Денес тоа оди многу побргу отколку некогаш, но поради масовноста на оваа застрашувачка работа, Бегиќ смета дека џеназето на овие жртви неможе да се очекува пред 2015. година.
Друга огромна гробница која била криена во Приједор, со 373 жртви, се викала Јакарина Коса. Потоа, во 2004.год. во Приједор се пронајдени уште 34 тела, за да сега Томашица сите бројчано ги надмине, а вкупниот број на Бошњаци во масовните гробници во Приједор се накачи на 796.
http://img89.imageshack.us/img89/5383/9ere.jpg
„Бараме и понатаму и очекуваме уште многу. Сега пристапуваме на ископувањето каде се надеваме дека ќе ги пронајдеме жителите на Зецово, село за кое се знае дека во него се убиени 17 деца и 15 жени“, рече Бегиќ.
Очекуваме дека ќе бидат пронајдени и телата на членовите на семејството Бачиќ, за кои весните пишуваа минатата година. Имено, актвистот на Здружението на жртви од Приједор Фикрет Бачиќ ни рече дека одамна го очекува ова.
Нему злочинците му ја убиле жената, двете деца, Нермин(12) и Нермина(6), мајка му, три снаи, две внучиња, многу од роднините, комшиите и пријателите, а сите бошњачки куќи на левиот брег на Сана се срушени.
http://img543.imageshack.us/img543/1405/h4g8.jpg
Во четвртокот масовната гробница Томашица ја посетиле членовите на здружението на воени страдалници од Унско-санскиот кантон. Во прашање се воени инвалиди и слепи, кои всушност неможеле да го видат призорот, но секако можеа да го почуствуваат мирисот на распаднатите тела, бидејќи на коските има останато многу меко ткиво кое поради компресијата на големиот број на убиени неможело во потполност да се распадне.
Секојдневни детали се раскажуваат меѓу членовите на експертниот тим, особено кога се во прашање посетите на медиумите. Така на еден млад снимател од една телевизија од Бања Лука му се слошило, а еден новинар од Белград, кој работи за германска телевизија, горко плачел неможејќи да престане згрозен над злочинот кој е направен во името на неговиот народ.
http://img266.imageshack.us/img266/6119/3yvv.jpg
Само началникот на Приједор, по се изгледа, е личност со камено срце. Освен што минатата година началникот Марко Павиќ ја забрани комеморацијата во Приједор, ниту овој пат не се удостои да го посети ископувањето на овој срам во неговиот град.
Дознаваме дека и другите државници, дури ниту преставниците на институциите кои имаат добри плати, не ја работат својата работа кога е во прашање Томашица. Имено, до сега единствено истражувач од Хаг доаѓаше за да ова масовна гробница ја стави покрај обвинението на Радован Караџиќ.
http://img42.imageshack.us/img42/2718/b1vl.jpg
А ситните извршители со крвави раце за сега никој не ги прогонува.
Медиумите овие денови го истакнуваат насловот дека оваа гробница 20 години била покриена од српскиот молк, иако правата вистина е тоа дека двајца Срби им помогнаа на истражувачите да, после две години трагање, ја пронајдат.
Меѓутоа сите оние кои живеат во близина на Томашица тврдат дека за тоа незнаеле ништо, а пред да почне ископувањето, овде овчарите мирно си ги паселе овците.
http://img23.imageshack.us/img23/1861/hzhl.jpg
Како напомена, Томашица не е секундарна гробница, односно таа не е место каде отпосле и збирно се носени тела од други гробници. Како што дознавме од истражувачите, сепак во прашање е примарна масовна гробница која како таква е означена и брутално реализирана.
http://img513.imageshack.us/img513/1677/ornx.jpg

http://img18.imageshack.us/img18/6671/9o1v.jpg
--- надополнето: 13 ноември 2013 во 13:43 ---


едитирано од модератор.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
:facepalm: деца има на форумов бе
--- надополнето: 15 ноември 2013 во 02:34 ---
14 ноември 2013 - 11:42
Погребани малите деца убиени во христијанскиот кварт во Дамаск

Девет деца, кои беа убиени на 11 ноември во христијанскиот кварт во Дамаск, беа погребани во средата во главниот град на Сирија.
Како што пренесува рускиот верски портал Православие, војната во христијанскиот кварт на сирискиот главен град се одразува на новите цркви и училишта.
Како резултат на акцијата на бунтовниците, на 11 ноември беа повредени 43 лица, од кои повеќето се деца, известува информациониот портал Salam 1, повикувајќи се на веста од агенцијата „Сириска вистина“.
Нападот на христијанските квартови беше инициран од членови на вахабистичката радикална група „Џаиш ал-Ислам“ (исламска армија), на чие чело стои саудискиот агент Захран Аллуш. Претходниот ден кај цивилното население имаше 43 жртви. Првата цел на „Џаиш“ беше училиштето „Св. Јован Дамаскин“ во областа ал – Каса, каде исламистите убија пет деца и ранија 27 лица.
Исто така проектилот го зафати и училишниот автобус на христијанското училиште „ар – Рисалат“ непосредно во моментот на неговото запирање пред училишната зграда, лоцирана во квартот ал – Баб аш – Шарки. Четворица ученици Нирфана Илијас, Тала Илијас, Илија Илијас, Петар Илијас, и таткото што ги водеше Георгиј Илијас, а останатите претрпеа сериозни повреди. Информацијата за нападите беше потврдена од раководителот на Одделот за образование на градот Дамаск, др. Мухаммад Мардини.
Истовремено од истите радикални сили на „Џеиш“ беше стрелано во црквите на „Чесниот Крст“ и на „Св. Кирил“, како и во повеќе домови во реонот ал – Каса во Дамаск. Поднесени се извештаи за повредени.
Изјава во врска со актуелната ситуација во Сирија даде секретарот на
Антиохискиот патријарх митрополит Лука (ал – Хури), којшто го осуди овој вандализам и насилство против цивилното население.
„Ние излеговме од корените на оваа земја и никаде не знаевме за таква безбедност, како овде во Сирија, нашата земја; тоа е земја свештена и благословена и затоа сме спремни да ја искупиме со својата крв и своите животи“ – резимираше ерархот.
Напомнуваме дека од летото оваа година таканаречените бунтовници ‘опозиција‘ во повеќе наврати се обидуваа да отворат оган на христијанските квартови во градот, чии жители според мислењето на такфиристите ‘заслужуваат колективна казна‘. Често пати се поставуваат коли – бомби во областите претежно населени со христијанско население, се вели во информацијата објавена на Православие.
http://makfax.com.mk/322819/pogrebani_malite_deca_ubieni_vo_hristijanskiot_kvart_vo_damask
--- надополнето: 15 ноември 2013 во 02:34 ---
Во Швајцарија расте бројот на исламските екстремисти кои се вклучуваат го џихад

Исламските екстремисти, кои активно се вклучени во акцијата на џихадистите живеат и во Швајцарија, а нивниот број изнесува неколку десетици, покажа анкетата на Центарот за безбедносни студии при Политехничката школа во Цирих (ЕПФЗ).
Во Швајцарија живеат повеќе од илјада симпатизери на радикални кругови. Италијанскиот експерт за салафизам Лоренцо Видино изјави дека немал проблем да пронајде исламски фундаменталисти во Швајцарија.
Според истражувањето на ЕПФЗ, кое е спроведувано 12 месеци, некои од нив дури позираат со пушки на швајцарската војска.
Видино наведува дека околу 50 лица го поддржуваат џихадот против оние кои одбиваат да се подложат на муслиманските закони. Некои од нив веќе патувале во Сомалија, Јемен или Пакистан за да воспостават контакт до радикални групации. Врски се воспоставуваат и со џихадисти во Германија, на Балканот и во Франција. Тие се се побројни и во Германија, а според податоците од Берлин, 220 германци се ангажирани на страната на сириските исламистички бунтовници.
Повеќе илјади лица во Швајцарија имаат афинитети кон радикалните кругови и изразуваат позитивни ставови за џихадот и радикалната исламистичка група Ал Каеда, покажува истражувањето.
- Пред 20 години џихадистите во Швјцарија пристигнувале претежно од северна Африка и тие во најголемиот број случаи веќе биле радикализирани. Денес тие претежно се родени во Швајцарија или во оваа земја израснале. Пред да стапат во контакт со исламистичките групи, тие самите се радикализираат преку Интернет, а помалку во џамиите. Повеќето џамии во Швајцарија го отфрлуваат екстремизмот, нагласи Видино.
http://www.sitel.com.mk/mk/vo-shvajcarija-raste-brojot-na-islamskite-ekstremisti-koi-se-vkluchuvaat-go-dzhihad

--- надополнето: 15 ноември 2013 во 02:35 ---
Осум шиитски верници загинаа во две експлозии во Ирак


Најмалку осум лица загинаа денеска, а десетици се ранети во две експлозии јужно од Багдад, кои одекнаа речиси во исто време. Експлозиите одекнаа на локација на која беше поставен шатор, во кој шиитските верници го одбележуваа празникот Ашура.

Експлозиите одекнале во Хафрија, во провинцијата Васит, додека аџиите се собирале пред шаторот за да учествуваат во ритуалот, со кој се одбележува годишнината од убиството на имамот Хусеин, внук на пророкот Мухамед.

Милиони шиити од Ирак и други делови во светот десет дена одржуваат процесија, која ќе кулминира утре, кога се верува дека Хусеин е убиен. Тогаш тие ќе постават шатори, од кои на минувачите ќе им делат храна.

Се очекува дека на аџикалот во Кербала, каде Хусеин е убиен и каде е неговото светилиште, ќе се соберат околу два милиони верници.

http://www.plusinfo.mk/vest/114298/Osum-shiitski-vernici-zaginaa-vo-dve-eksplozii-vo-Irak
--- надополнето: 15 ноември 2013 во 02:39 ---
Косовските муслимански лидери ги повикаа младите кои заминале во Сирија да се вратат дома


Муслиманските лидери на Косово ги повикаа младите Косовци кои им се приклучиле на бунтовниците во Сирија, да престанат да се борат и да се вратат дома.
Исламската заедница на Косово во денешното соопштение истакна дека судирите во Сирија „немаат ништо заедничко со религиозните принципи“ и само му го продолжуваат животот на сирискиот режим на претседателот Башар ал Асад и страдањата на народот.
Косовските власти објавија дека околу 150 Албанци се приклучиле кон сириските бунтовници и се претпоставува дека 12 од нив се убиени во тие борби.
Повикот е упатен еден ден откако косовските власти уапсија шестмина Албанци, осомничени за планирање терористички напади и за поврзаност со Ал Каеда. Еден од уапсените веќе војувал во редовите на сириските бунтовници.
http://brif.mk/?p=103981&utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%d0%ba%d0%be%d1%81%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bc%d1%83%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bb%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b3%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%b2

--- надополнето: 15 ноември 2013 во 02:41 ---
Во БиХ регистрирани дури 36 верски заедници

13.11.2013 | 10:06
Извор: Нетпрес
Во Босна и Херцеговина (БиХ) делуваат дури 36 верски заедници, меѓу кои најмногу има јевангелски цркви, пишува сараевскиот "Дневни аваз".

Најмладата таква заедница регистрирана е во март, минатата година во Зениц, под името „Рафаел“, а на списокот на нови заедници се и Јеховините сведоци, Друштвото за свесност на Кришна, Новоапостолска и Христијанската адвентистичка црква.

Портпаролот на Министерството за правда на БиХ, Марина Бакиќ, потврдила дека во земјата дејствуваат дури 36 верски заедници.
Таа истакнала дека сите верски заедници се должни навреме да се регистрираат, како и дека за секоја промена треба да го известат надлежното министерство.
„Условите за регистрација се дефинирани со Законот за слобода на верата и правните положби на црквите и верските заедници во БиХ. Еден од основните услови е најмалиот број на следбеници на верската заедница, за таа да бде запишана во регистерот, да изнесува 300 полнолетни државјани на БиХ“, истакнала Бакиќ.
Весникот наведува дека пасторите, бискупите и другите свештени водечки лица, своите активности ги извршуваат претежно во изнајмени станови или куќи, а Старокатоличката црква е една од ретките нови верски заедници што има свој верски објект во Тузла.

http://tocka.com.mk/1/110732/vo-bih-registrirani-duri-36-verski-zaednici
--- надополнето: 15 ноември 2013 во 02:41 ---
3.11.2013, 16:00
Католичката црква во Словенија мора да плати отшета поради сексуална злоупотреба
Католичката црква во Словенија предупреди денеска дека неодамнешната одлука на Судот дека Мариборската надбискупија треба да плати отштета на жртви на сексуална злоупотреба, би можела да отвори пат за други тужби против институции како што се училишта или болници.

Мариборската надбискупија мора да плати 80.000 евра отшета на жена која како девојка ја злоставувал еден свештеник, кој пред да биде завршен судскиот процес, починал.

- Судската одлука мора да се почитува, соопшти Конференцијата на словенечките бискупи на својата Интернет страница.
Католичкиот свештеник Карл Јошт беше обвинет за сексуална злоупотреба на најмаку 16 девојчиња под 15 години и против него беше покрената судска постапка. Меѓутоа, тој почина во 2007 година пред изрекување на пресудата.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=14F26AB1B47CBB48A150A9E7F1B7CEDD
 

Kajgana Shop

На врв Bottom