Заебано е да се даваат совети за вакво нешто, пошто ние луѓето сме заебани у принцип и сме склони да си само наштетуваме.
Мислев да бидам
добар за промена , и да ти пишам некој совет,после сватив дека
(Ах душичка,тебе воопшто не ти е лесно во моментов,ретко кој може да те разбере сега како ти е.)
ваков одговор сакаше да добиеш ?
Решив наместо добар да си останам
Добро Познат.
Не ти и твојот случај сте уникат,ти си прва на која што и се случиле или случувале вакви работи.
О да не еднаш видена и не еднаш прочитана приказна од тоа дека бившиот сте само другари ( нај веројатно и сте имале нешто од како сте раскинати,нормално 90% од раскинатите го прават тоа шо се вика ин тхе наме оф олд тимес ) па се до сегашниот и како тоа ти нејќеш ама ете ти се случува, да де емоции се у прашање нели заеднички моменти ти реков ми рече.
Па се до оправдувањата кој што ги имаш за тој бившиот кој што во најмала рака се дебилни и ретардирани без навреда.
Прво бившиот ти е класика лешинар, прва прилика да почне да се наметнува ( со твоја дозвола да се разбереме пошто си го остаила у пријатели од пријателство врска да од врска пријателство НЕ, од мување другарство па и врска некако е изводливо ама се останато ти е фрли у бунар )
Да тој воопшто не е кретен самиот по себе нели, туку ете ги слушал другарите слушал таму некој си што му збореле и го на с’скале против тебе, типот сам по себе нели е фин и добар али ете други го расипале иначе вие нишо си немате згрешено тој е срценц.е
Лажи се себе а моеш да пробаш и нас да не излажеш,али си остануе фактот дека на зрел чоек не е баш така едноставно други да му влијаат и да му наметнуваат мислење или како тој ќе се однесува,другото е само оправдувања кон него од твоја страна, не него не го промениле други тој си бил таков само што ете му требало време да си ја покаже вистинската фаца,знам дека секогаш е полесно да ги обвинуваш сите други и самата себе да се лажеш отколку да си признаеш дека си го напраила погрешниот избор и дека тој едноставно е таков и нема да се смени во него е проблемот не кај другите, уште да пишеш дека и неговите те нејќеле ех тогаш впечатокот ќе биде во потполност цел и оправдувањето до плафон.
Идеализирањето на типот времето изгубено и потрошено со него не е лесно да се батали, знам дека е тешко али јеби га земи па лупни си ја глаата у ѕид и размисли добро што правиш, верувам дека моментално мислиш само на оние малку убави моменти поминати со него ПЕКОЛОТ понижувањата омаловажувањата кретенизмот ги ставаш во сенка, а и зошто не би ги стаила нели се работи за преголема љубов ?
По клише муабет од тој дека ниедна не може да се спореди со тебе и не е исто ко со тебе не може ни да има мислам у повраќаница да брцнел типот ќе извадел подобра реплика од таа, ама нели треба да се драматизира О ЉУБАВИ НЕПРЕВАЗИЏЕНА ( ако од љубов немало ни љ зависност од човек и од секојдневие,синдром на тепано кутре пропратен со стокхолмскиот синдром, она ако те сака ќе се врати е дебилно до немај каде ) повредена птица во кафез.
Не тебе не ти е криво што е со друга,тебе не ти е криво за него ти душичке си направила ментална слика каков треба да ти биде идеалниот маж него си го убацила во таа слика и се држиш за неа како пијан за плот, потсвесно мислиш дека тоа е тој иако благе везе нема иако типот е само дел од една фантазија и желба а ти си таа што го уфрлила него во таа фантазија, сега се на ред мислите што ако биде баш таков каков што јас сакам да биде,ама сега тој ќе биде со нејзе таков не со мене бухуху вааааа.
Нема да се смени нити за тебе нити за неа нити за било која друга,колку побрзо сватиш дека погрешен човек си уфрлила во соништата толку подобро за тебе,колку побрзо престанеш да се лажеш толку подобро,затоа што дефинитивно си згрешила а признавањето дека имаш погрешено е многу потешко отколку било што друго.Како што пиша Саладин лешот смрди,таа смрдеа ги брка сите затоа што е неподнослива и секој нормален човек кад тад ќе се тргне,на крајот сите останати ќе дигнат раце и ќе си заминат ќе избегаат од смрдеата и ти ќе си останеш самата со лешот кој што скапува и смрди.
Уствари шо туку пишуем ко ненормален, обвинувај се себеси обвинувај ги сите други обвинувај го хороскопот и ѕвездите, лошата карма дека не ви успеало,нека ти биде криво шо имал друга, лајкувајте си песнички и сликички со бившиот( не никако немој да го бришеш од фб остаи го што е можно поблиску и што е можно по достапен нали сте другари,чувствувај се колку што можеш по мизерно од секоја нова порака и клик на слика или песна) , овој сега шо е поебиго до даске без разлика колку и да ви е добро заедно сепак нели тој не е бившиот иако не е кретен и не се однесува како него ( може да е и 100 пати бољи и со него имаш 1000 пати повеќе емоции и страсти ) али ете не е ТОЈ,не му пишувај не му се јавувај, бегај, криј се од него,едноставно биди неподнослива.Да избега чоекот да крене раце и на крајот тој да биде виновникот а ти пак онаа која што никој друг не ја разбира и сите бегаат освен бившиот.
А сигурно после месеци или година од како повторно ќе започнат срањата ќе си ја касаш дундата поради тоа. Гледај исели се некаде надвор да не те потесќа нишо на огромната љубав која што други ви ја заебале а вие сте биле баш еден за друг ама ете љубоморни луѓе ви ја уништиле.
Не во никој случај немој да продолжуваш, навраќај се колку што можеш наназад сепак тебе никој не те сваќа како што тој те разбирал и те сакал,на крајот лажи се дека е сменет и врати му се па зашо да не? Помини пак низ истото биди вечита жртва,трпи се и сешто поминувај пак низ пеколот,затоа што можеби и не заслужуваш ништо подобро од тоа. Запомни некој луѓе ти го прават поубав животот додека чекорат и одат заедно до тебе, други пак ти го прават поубав животот кога заминуваат подалеку од тебе.
Во секој случај што ќе направиш и како ќе направиш ти си знаеш најдобро.