Chondromalacia Patellae

Член од
27 октомври 2013
Мислења
323
Поени од реакции
248
мене ми беше дијагностицирано Chondromalacia Patellae на едното колено во 2011 и од тогаш многу послабо се движам и искачам бидејки имам големи болки во едното колено под чашката. Пиев апчиња за регенерирање на 'рскавицата и примив 3 инекции (хиалуронска киселина) во коленото но за жал резултатите беа многу краткотрајни во траење од 2 и пол месеца.
Дали некој друг го има овој проблем и дали може да се среди некако тој недостаток на 'рскавица со операција и колку е ефективна таа операција. Истотака би бил многу благодарен ако некој што направил операција да ми каже каде ја направил и каков бил зафатот. На интернет најдов неколку можни солуции како "бричење" на иззабената 'рскавица, латерално ослободување и микрофрактури (микродупчење) и сега незнам кој зафат од овие наведениве ги праат во МК.
 
M

Muranyi

Гостин
Тролач,ќе си одиш во Ремедика кај Боро Илиевски или на Клиниката за трауматологија кај Зоран Андоновски и тие ќе ти кажат најубаво.Друг хирург не ти препорачувам,ќе те средат само колку да можеш да одиш и ништо повеќе(и воа е прашање),додека овие двајца се уметници во таа област и ќе ти дотераат коленото како ново.
 
Член од
27 октомври 2013
Мислења
323
Поени од реакции
248
Тролач,ќе си одиш во Ремедика кај Боро Илиевски или на Клиниката за трауматологија кај Зоран Андоновски и тие ќе ти кажат најубаво.Друг хирург не ти препорачувам,ќе те средат само колку да можеш да одиш и ништо повеќе(и воа е прашање),додека овие двајца се уметници во таа област и ќе ти дотераат коленото како ново.
Фала ти на одговорот, и мислам нема потреба од навреди да ме нарекуваш тролач.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Батка ако си при пари оди си во Систина и да си направиш операција на раат.
 
Член од
27 октомври 2013
Мислења
323
Поени од реакции
248
Батка ако си при пари оди си во Систина и да си направиш операција на раат.
А дали може тие болки предизвикани од потрошена рскавица да се средат со операција, и кој би бил зафатот ако воопшто може?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
А дали може тие болки предизвикани од потрошена рскавица да се средат со операција, и кој би бил зафатот ако воопшто може?
Еве ѕирни овде. Кај нас прават артроскопија, за вториот зафат не знам. Нели одиш кај некој ортопед, зошто не го прашаш него за опциите?
 
Член од
27 октомври 2013
Мислења
323
Поени од реакции
248
Еве ѕирни овде. Кај нас прават артроскопија, за вториот зафат не знам. Нели одиш кај некој ортопед, зошто не го прашаш него за опциите?
Одам кај еден ама тој ми вели да не се оперирам бидејки операцијата била ризична и ме советуваше да продолжам да си ставам инекции со хиалуронска киселина. Тој доктор изгледа само сака промет да му праам и само да ги замаскирувам симптомите, а тие инекции не се воопшто ефтини скоро 100 евра е една. Пробав скоро се, едино што немам пробано е таа некоја протеза што кошта 3000 денари. Имав платнен стегач што изгледаше слично како таа протеза ама не ми помогна ич. Па затоа и не ја купив протезата. Ама како што ми изгледа ке морам да ја купам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom