Верите и самопочитта/самодовербата

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Целта на темава е да продискутираме дали верата во некој бог значи недостаток на самодоверба и немање самопочит. Малку психологија и психоанализа во религиите (Фројд, Јунг, Канеман, Ровели, .....)

Дали немањето самодоверба и самопочит, а воедно и желбата да припаѓаме некаде е причина да се верува во некое антропоморфно битие?
Дали со прифаќањето на некоја религија ги заменуваме, правиме сурогат самодоверба и самопочит?
Исто така, и наметнатиот страв од пеколот, дали е тоа начин да се контролираат луѓето со намалена самодоверба и самопочит?

Според мене, треба да немаш ни грам самопочит да дозволиш да бидеш роб на некоја прикаска за пекол.
Според мене, треба да немаш ни грам самодоверба за да се препуштиш на некоја света книга само за да бидеш дел од некоја група.
Според мене, тоа се осамени лица, на кои им треба помош.
Тоа е нивниот повик за помош!
Но останува како да им помогнеме кога на човек можеш да му помогнеш само ако сака да му се помогне. На човек со сила можеш да му земеш, али не и да му дадеш.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.867
Поени од реакции
21.761
Човештвото од секогаш верувало во нешто од пра-историја до денес а така ќе биде и во иднина. Верувањето во нешто не е немање самопочит или самодоверба , туку напротив дава смисла за живот. Сите знаат дека се раѓаат и дека ќе умрат, но ние луѓето се преокупираме со разни работи меѓу кој и религијата за да си го исполниме животниот пат. Едноставна споредба би била зашто децата веруваат во дедо - мраз .... немаат самодоверба, немаат самопочит ? Иако има свои предности верувањето во нешто ( религија во случајов ) знаеме дека има и негативности и е први причинител за подебла на човештвото, војни самоуништување етц !!! Некој верува во бог некој верува во дедо мраз некој верува во џедаи некој верува во пари некој во манчестер јунајтед ... такво е човештвото вербата во нешто дава причина да го чекаме со нетрпение денот што следи се додека не остареме и умреме !!
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Едноставна споредба би била зашто децата веруваат во дедо - мраз
Уште поинтересно би било: зошто кога ќе пораснат престануваат да веруваат во дедо мраз.
Најди ја самиот паралелата со возрасните и дедо боже.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209

....па не би рекол дека се работи за немање самодоверба....туку повеќе за страв

.....од појавата на самосвеста....човекот осознава дека е смртен и конечен.....кога ќе се соочи со загубата на блиските оваа свест за минливоста на животот и телото е поизразена....основниот човеков инстинкт е да живее (преживува)....но смртта е крај на животот....крај на самосвеста....така да стравот од смртта е најчестиот и најизразениот страв кај човекот....

....религиите се тие кои ветуваат иден живот подобар од сегашниот....ветуваат надеж....скоро и да нема религија која не ветува иден живот....ниту една религија не вели дека животот е тој умираш и толку крај....сите религии го запоставуваат овој живот за сметка на идниот

нормална човечка реакција е да бара бегство од стравот, а утехата се наоѓа во религијата (било која)....но полош и потрагичен момент е што човекот својот страв им го наметнува и на потомците и ги условува при нивниот избор за борба против стравот од смртта....уште од мали нозе родителите стравовите и можната утеха наметната од своите претци им ја наметнуваат на своите потомци
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.867
Поени од реакции
21.761
Уште поинтересно би било: зошто кога ќе пораснат престануваат да веруваат во дедо мраз.
Најди ја самиот паралелата со возрасните и дедо боже.
зашто децата на таа возраст имаат потреба да веруваат во дедо мраз самовиили петар пан, зашто тоа ги прави среќни и им го исполнува детството. со годините вербата во некој работи се губи во некои работи се засилува, затоа и постарите се оние кои најмногу веруваат во бог зашто се на самиот крај од патот т.е. откако ќе го завршат патот тука се во очекување да продолжат да живеат некаде друго место, друга димензија пример рајот . Дали утре ти сакаш твоите деца да веруваат во нешто или да бидат класични изгубени зомбиња кој веруваат само во турски серии зашто ова општество кај нас не може да понуди ништо друго.
Во задно време има дилеми за она што ние го толкуваме како религија, пред се зашто некој поединци или групи го користат за да манипулираат со поголема маса народ со цел да се придобие некоја корист најчесто материјална. Тоа е она кое создава заблуда кај оние луѓе поединци или групи да изгубат верба во одредена религија да почнат да веруваат во друга религија, секта или па избираат да бидат атеисти.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Апсолутно се сложувам дека верата има и те каква поврзаност со намалената самопочит. Може да се рече дека поврзаноста и не е баш на некое ултра-свесно ниво, ама, тој дефицит мора да постои како предиспозиција кај поединец со цврста вера.

Ако се земе во предвид колку религијата е концептуално замрсена, а најважно од се и контрадикторна самата на себе, крајно нелогично е очекувањето - личност која размислува критички и располага со рационално расудување, бескомпомисно да се покори на куп недоследности запишани во некоја стара книга и спроведувани со бог знае колку промени во текот на човековата историја. Аналогно на тоа, личност која располага макар со минимална почит за сопственото мислење, сфаќање и поимање на надворешниот свет и внатрешната, сопствена состојба, би требало барем да се запраша за вистинитоста на своите убедувања.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
а толку ли е тешко да се прифати тоа дека живееш и дека животот треба да се уредува за да живееш, а не за да кога ќе умрам. тоа е неприфаќање на состојбата, бегање од реалноста, а воедно и несигурен за да може да ја прифати реалноста. од тоа пусто бегање ги измислиле боговите кои божем ќе им дадат вечна слава. жими таквото, умираш и готово!!!
тоа дали има нешто ...... за жал треба да умреш за да видиш дали си бил во заблуда или не. ебати таквото срање. абе, знам дека сега сум жив, и тоа треба да биде доволно за да се живее. а не сега ќе се плашам, ќе тресам гаќи за да ми се смилува некој за да ме пушти некаде (читај боже/рај)
Човештвото од секогаш верувало во нешто од пра-историја до денес а така ќе биде и во иднина. Верувањето во нешто не е немање самопочит или самодоверба , туку напротив дава смисла за живот. Сите знаат дека се раѓаат и дека ќе умрат, но ние луѓето се преокупираме со разни работи меѓу кој и религијата за да си го исполниме животниот пат. Едноставна споредба би била зашто децата веруваат во дедо - мраз .... немаат самодоверба, немаат самопочит ? Иако има свои предности верувањето во нешто ( религија во случајов ) знаеме дека има и негативности и е први причинител за подебла на човештвото, војни самоуништување етц !!! Некој верува во бог некој верува во дедо мраз некој верува во џедаи некој верува во пари некој во манчестер јунајтед ... такво е човештвото вербата во нешто дава причина да го чекаме со нетрпение денот што следи се додека не остареме и умреме !!
те цитирам околу болдот, и го повикувам @dback да објасни околу ова, затоа што со него имав една интересна дискусија баш на болдираното. не е фино јас да се китам со туѓи перја
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Целта на темава е да продискутираме дали верата во некој бог значи недостаток на самодоверба и немање самопочит. Малку психологија и психоанализа во религиите (Фројд, Јунг, Канеман, Ровели, .....)

Дали немањето самодоверба и самопочит, а воедно и желбата да припаѓаме некаде е причина да се верува во некое антропоморфно битие?
Дали со прифаќањето на некоја религија ги заменуваме, правиме сурогат самодоверба и самопочит?
Исто така, и наметнатиот страв од пеколот, дали е тоа начин да се контролираат луѓето со намалена самодоверба и самопочит?

Според мене, треба да немаш ни грам самопочит да дозволиш да бидеш роб на некоја прикаска за пекол.
Според мене, треба да немаш ни грам самодоверба за да се препуштиш на некоја света книга само за да бидеш дел од некоја група.
Според мене, тоа се осамени лица, на кои им треба помош.
Тоа е нивниот повик за помош!
Но останува како да им помогнеме кога на човек можеш да му помогнеш само ако сака да му се помогне. На човек со сила можеш да му земеш, али не и да му дадеш.
Да не бидам лошо сфатена, ама целта на темата ти е да застанеш рамо до рамо со атеист, Ставрогин, дбек ..., т.е со оние кои ги стројат верниците. За жал, ти го немаш ниту нивното знаење ниту нивната елоквентност.
Во овој пост не се знае каде е главата, каде е опашката.
Потцртаниот болд ти е невидена глупост.
Да ги сведеш сите верници на осамени луѓе кои бараат помош, е исто како јас да кажам дека некој е толку очаен да припаѓа некаде, што ако треба ќе се утепа од ставање рецки во темата „Ајде да избориме до 100 000“. :facepalm:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
зашто децата на таа возраст имаат потреба да веруваат во дедо мраз самовиили петар пан, зашто тоа ги прави среќни и им го исполнува детството.
Видиш дека успеа да ја најдеш паралелата :cool:
Дали утре ти сакаш твоите деца да веруваат во нешто или да бидат класични изгубени зомбиња кој веруваат само во турски серии зашто ова општество кај нас не може да понуди ништо друго.
Сакам кога ќе наидат на проблем во животот да се трудат да го решат, наместо да се молат на измислени битија со надеж дека истите тие фиктивни ликови ќе им помогнат на некој начин.... притоа неповратно трошејќи го времето и енергијата, дури и финансиите на развратни свештеници.
--- надополнето: 2 ноември 2013 во 17:10 ---
Апсолутно се сложувам дека верата има и те каква поврзаност со намалената самопочит.
Пре би рекол со стравот, беспомошноста, очајот, понизноста. Религијата најмногу успева кај тие што се чувствуваат уплашени, беспомошни, понизни, со ниска самодоверба.... може да се речи делумно и со самопочитта, немање свое јас итн.
Некој може да изгледа оти е храбар, силен, бестрашен, полн со самодоверба, авторитетен... но кога ќе видиш дека таквиот човек е силно религиозен, знај дека длабоко некаде во него, позади сета маска, тлее страв, беспомошност, понизност.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.867
Поени од реакции
21.761
Сакам кога ќе наидат на проблем во животот да се трудат да го решат, наместо да се молат на измислени битија со надеж дека истите тие фиктивни ликови ќе им помогнат на некој начин.... притоа неповратно трошејќи го времето и енергијата, дури и финансиите на развратни свештеници.

она што се пласира како религија денес е сосема различно од она кога за прв пат се појавила. никој не верува во свештеници btw !!!
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.867
Поени од реакции
21.761
И што сакаш да кажиш со тоа?!
епа треба малце да расчепкаш по книги и ќе ти стане јасно . христијанство не подразбира идолизирање на една личност и секако не да се верува во лажни свештеници, а тоа го потврдуваат и 10 заповеди бла бла ... но со тек на време во комбинација со држава лажни проповедници се со цел контрола врз народот религијата добива друга наметната вистина !!!
 
Не ме интересира што подразбира христијанството бидејќи тоа не ми беше ни поентата.
Зборував за самиот концепт на религиите, кои функционираат само кога поединецот е послушен, покорен, уплашен, загрозен, со ниско ниво на самодоверба и авторитет...
Никаде не спомнав рисјанство, па да се концентрираме на само една религија од многуте. Сите религии, генерално земено, се едно големо лајно.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Пре би рекол со стравот, беспомошноста, очајот, понизноста. Религијата најмногу успева кај тие што се чувствуваат уплашени, беспомошни, понизни, со ниска самодоверба.... може да се речи делумно и со самопочитта, немање свое јас итн.

Некој може да изгледа оти е храбар, силен, бестрашен, полн со самодоверба, авторитетен... но кога ќе видиш дека таквиот човек е силно религиозен, знај дека длабоко некаде во него, позади сета маска, тлее страв, беспомошност, понизност.

Можеби, ама и на атеистите исто така им е страв, се чувствуваат беспомошни и очајни, а сепак утеха не бараат во религијата.
Ако зборуваш за страв од божја казна, тогаш повторно да се навратам на самопочитта и на логичкото расудување.
Како прва причина би ја ставила понизноста, а би ја додала и подреденоста и покорноста како потребни карактерни црти.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Можеби, ама и на атеистите исто така им е страв, се чувствуваат беспомошни и очајни, а сепак утеха не бараат во религијата.
Точно. Сите понекогаш се чувствуваат уплашени, нормално е тоа.
Но, најчесто религијата наоѓа плодна почва за ширење кај карактерно слабите луѓе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom