Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
Значи едно е да е забрането друго е да имаш достоинство. Ако и тие би можеле тогаш да земаат Македонски/Југословенски пасоши толку лесно, сигурно не би јаделе корења.
Но има разлика помеѓу дозволено и недозволено. Незнам како било од Бугарска страна но од Југословенска сигурно немале шанси.

Инаку да те прашам ако некој сега ти дава Германски пасош и е исто толку лесно да го земиш како Бугарскиот би го зел?
Или прашање до Бугарите дали не би зеле ако е супер лесно да земат Германски или па Швајцарски ?

Значи не ми објаснувај достоинство кога е за преживување. Прашај некој од Виетнам дали нема да земи Австралиски пасош ако е лесно?
Ќе го земи и под услов да го чисти изметот на кенгурите.

Да не ме сватиш погрешно поентата ми е , истото што е тука го има насекаде.
Тоа што Бугарите не фатија на цака и направија таков процес е навистина добар потег од нивна страна.

Да можеше Грчки да се зема нашите и Грчки ќе земаја.

Абе чекај малце. И моево и твоево е претпоставка, ја ти наведов зашто мислам така - дека Бугарите забранувале да земаат мкд пасоши у комунизмот. Ти ми викаш дека било оневозможено од ЈУ страна. Значи различна логика имаме.
Ти наведе едни имагинарни примери. Еве да речеме, за Американски пасош е исто така тешко да се дојде(како Германскиот), па зашто тогаш години и години уназад илјадници мексиканци НЕЛЕГАЛНО преминуваат АМЕРИКАНСКА ГРАНИЦА(не ЈУ,не македонска туку US).
А и ако веќе збориме за Македонија, тука има основа за преживување. Не е до толку како Виетнам или шо ти знам таму.

Иначе, не секад парите го одредуваат квалитетот на живот. Се разбира дека на запад ќе бидеш далеку поситуиран отколку тука (т.е шансите се поголеми) , ама тука имаш многу нематеријални работи кои некогаш (кај некои личности) неможе да се материјално надокнадат - родители, детството што си го имал овде,пријателите,роднините менталитетот и т.н. Многу луѓе имаат премногу убави работи кои ги врзуваат за оваа Македонија(пред се горенаведените, можеби и други работи).
И да, вакво отселување на Македонци на Запад од секогаш имало, незнам зашто толкава фама се ствара околу сево ова (добро можеби е помасовно од порано, плус и менталниот склоп на помладите генерации е многу сменет). Штом имало отселување пред 30-40 години(кога УБАВО се живеело), знаеш дека нешто и не е во ред со нас како народ.
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.187
Поени од реакции
13.822
Значи колку што знам на времето за некој Бугарин да извади Југословенски пасош било исто како сега ти да одиш Германија или Англија и да извадиш пасош :) . Значи скоро невозможно било не дека е до достоинство. Ако било лесно како што е сега сигурно многу од Бугарите би имале пасоши. Да не зоборваме дека за нив било тешко да дојдат во Југославија не па пасош да извадат.
Бугарите имаат своја политика, ако беше тешко да се извади Бугарски пасош како што е тешко да се извади Германски никој немаше да вади.
Но како што рече не фатија на цак. Лесна процедура и одма многу наши ќе се излажат да извадат пасош.
Сепак да не зборваме дека има и други процедури да заминиш и да работиш европска унија. Да не зборваме дека со Бугарскиот немаш кузнеј какви поволности поради фактот што ти треба работна дозвола.
Јас на пример учев БГ никогаш не извадив пасош па имам можност да работам надвор и без него.
Но повеќето одат по полесниот пат :)
ако во италија бараш работа и речеш, имам македонски пасош никој нема ни да помисли да те вработи, треба многу повеќе ангажирање околу луѓето вон еу, ако кажеш имам бугарски пасош, и те како им е полесно. онака колку за инфо :) како македонец, ти не можеш да дојдеш тука и да речеш сега ќе си барам работа. немаш работна виза, дозвола...како бугар, ќе се пријавиш дека живееш тука и одиш по интервјуа.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Не би рекол дека проблем било да се извади Југословенски пасош. Претпоставувам дека било строго забрането да се земе ЈУ-пасош од бугарска страна, поради тоа што знаат дека имаат земено нешто што било македонско (т.е Југословенско). и дека у Бугарија има многу Македонци насилно асимилирани. Ова го претпоставувам, многу ми е пологично.
А и да, достоинството тука има огромно влијание. Кога можеле тие корења да јадат и пак да останат бугари, веројатно можеме и ние. ууууупс, wait a second, ние сме најпаметни.
Баш и било проблем да се извади југословенски пасош.А да пробал да извади и некој Македонец во тие времиња бугарски пасош ќе било тешко.Тоа биле два комунистички режими, но имало двајца различни капетани.Бугарија беше во Варшавскиот пакт, Југославија не беше таму.Југославија имаше многу ладни односи со Варшавскиот пакт, ќе дојдело и за малку до војна меѓу СССР и Југославија.Да не говорам колку завршија на Голи Оток поради тоа што биле етикетирани како „сталинисти“ тука во Југославија.И обратно во Бугарија завршија така многу луѓе по логори поради сосем други причини.Плус и тајните служби биле активни на тоа поле, УДБА секој го чешлала од глава до пети, и невозможно било да се земе пасош од тука.Времето на Студената војна со сегашното време не го споредувај.Денеска нема железни завеси, нема УДБА, нема КГБ, и нема толку диктатори.

А за достоинство верувај, и Бугарите ќе земеле тогаш југословенски пасош да имале можност, само проблемот е што немале можност.И не би ги обвинувал ако го направеле тоа.И тие се луѓе, секој го интересира едно нешто на планетава сега а тоа е: да преживее.А историјата сигурно дека нема да му донесе леб на трпеза.И мене лично смешни ми се споредбине со тоа, како нашите претци трпеле, имале по шест деца во џубокс па пак не се жалеле колку нас и слично, тоа нема никаква врска со сегашноста.Ако порано се верувало дека сега на Земјата се одел „потешкиот пат“ за да се стигне до рајот, сега тоа веќе не е случај, народот е попаметен, пообразован од тие времиња, и нормално дека реакциите се такви какви што се.Оставете ги луѓето на мира да си го бараат „чарето“, дали било тоа преку бугарски пасош, дали било преку српски пасош, цел државен врв има бугарски пасоши, некој друг кој нема леб да јаде го етикетираат како предавник и бугараш.Искрено и јас припаѓав порано во тие, ама кога пораснав сега со тек на времето ми станаа некои работи јасни и сега ги разбирам луѓето, не ги обвинувам.Немаат луѓето време да чекаат уште дваесет години за да се опорави државата.И тука нема никаква основа за преживување, ти си веќе граѓанин од втор ред, како таков си уште од 2001 година.Бугарите колку и да се сиромашни, овие проблеми ги немаат.
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.870
Поени од реакции
1.621
Смешно,но да се надоврзам со мое гледиште,со 8000 денари каква кола можеш да возиш-некоја без тркала,најновиот модел на мобилен телефон има иста цена и тука и во Германија,а дали можеш да си го дозволиш.И тука некои добро живеат ама или заработуваат од некакви матни бизниси,или кријат данок или живеат од експлоатацијата врз работникот.Напротив не сум поборник за бугарските пасоши,противник сум,ама да се прави споредба на Македонија со Германија тоа е бесмислено,треба да е некој сериозен психијатриски случај кога им поверувал на оваа манипулаторска власт.
Манипулативна , абе јас бев лани во Минхен и тоа ти е од прилика тоа. Како возат автомобили и телефоните , па таму за разлика од овде многу полесно и по подобри услови може да земеш кредит. Тоа е моделот , а колите се поефтини зш имаш сопствено производство. Правам паралела затоа што најчесто земат за работа во Германија, оти кај нас коа веќе сме кај пропагндата е дека таму пари на дрво растат.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192

Напротив,нема позадолжен народ од нашиот.За разлика од нас они можат доволно во годината да создадат заштеда од своите финансиски примања.А јас како би заштедил од бедните 8000-12000 денари кога само за комуналии и основни прехрембени продукти оди целата плата.А на тоа ако додадеме дека оваа минимална плата која ја договори синдикатот со владата е веќе континуирано 15 години,а цените на сите производи пораснаа од 2007 година за повеќе од 50 %.И сега јас што треба да направам за еден удобен и спокоен живот без задолжувања?И споредбата не треба да ни биде со никоја европска земја,туку комотно може да бидеме една од најдобрите земји од третиот свет,тоа е утехата која ни ја дава власта дека сме подобри од Ангола,Сомалија и ред други земји каде бедата е на првото место и основна одлика на тие земји.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Абе чекај малце. И моево и твоево е претпоставка, ја ти наведов зашто мислам така - дека Бугарите забранувале да земаат мкд пасоши у комунизмот. Ти ми викаш дека било оневозможено од ЈУ страна. Значи различна логика имаме.
Ти наведе едни имагинарни примери. Еве да речеме, за Американски пасош е исто така тешко да се дојде(како Германскиот), па зашто тогаш години и години уназад илјадници мексиканци НЕЛЕГАЛНО преминуваат АМЕРИКАНСКА ГРАНИЦА(не ЈУ,не македонска туку US).
А и ако веќе збориме за Македонија, тука има основа за преживување. Не е до толку како Виетнам или шо ти знам таму.

Иначе, не секад парите го одредуваат квалитетот на живот. Се разбира дека на запад ќе бидеш далеку поситуиран отколку тука (т.е шансите се поголеми) , ама тука имаш многу нематеријални работи кои некогаш (кај некои личности) неможе да се материјално надокнадат - родители, детството што си го имал овде,пријателите,роднините менталитетот и т.н. Многу луѓе имаат премногу убави работи кои ги врзуваат за оваа Македонија(пред се горенаведените, можеби и други работи).
И да, вакво отселување на Македонци на Запад од секогаш имало, незнам зашто толкава фама се ствара околу сево ова (добро можеби е помасовно од порано, плус и менталниот склоп на помладите генерации е многу сменет). Штом имало отселување пред 30-40 години(кога УБАВО се живеело), знаеш дека нешто и не е во ред со нас како народ.

Значи неможиш да кажиш дека убаво се живеело за сите, за некој не било добро затоа се отселувале.
Од роднините кој што ги имам 80 % се отселиле, затоа што во времето на Тито им ги урнале куќите, или не живееле добро. Дедоми 20 години работеше во различни држави за да заработи повеќе и да изгради нешто што ќе има за неговите синови ќерки затоа што ако останел во Југославија неможел да заработи повеќе затоа што без разлика колку работиш сите исто си биле платени (еднаквост) да не одиме на таа тема за различните режими.

Итн безброј примери, миграцијата ја има насекаде, зошто кога влегоја во Европска унија Бугарија и Романија, огромен број заминаја низ европа. Затоа што за прв пат им се отворија границите никој не мислел за достоинство.

Инаку да те прашам од денес процедурата да земиш швајцарски пасош е иста како за Бугарски , дали би зел швајцарски?
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.870
Поени од реакции
1.621
Напротив,нема позадолжен народ од нашиот.За разлика од нас они можат доволно во годината да создадат заштеда од своите финансиски примања.А јас како би заштедил од бедните 8000-12000 денари кога само за комуналии и основни прехрембени продукти оди целата плата.А на тоа ако додадеме дека оваа минимална плата која ја договори синдикатот со владата е веќе континуирано 15 години,а цените на сите производи пораснаа од 2007 година за повеќе од 50 %.И сега јас што треба да направам за еден удобен и спокоен живот без задолжувања?И споредбата не треба да ни биде со никоја европска земја,туку комотно може да бидеме една од најдобрите земји од третиот свет,тоа е утехата која ни ја дава власта дека сме подобри од Ангола,Сомалија и ред други земји каде бедата е на првото место и основна одлика на тие земји.
Воопшто не е точно кај нас кредити многу тешко се дават кредити и ако ти дадат услови се незнам зимаш чечкалица враќаш цело дрво. Си се запрашал зошто кај нас немаше шокови ко во Америка , Шпанија каде што пропаднаа многу банки ? Секако можат работат 5 работни места за да го постигнат тоа плус да не зборувам што мислиш зошто се поместува старосната граница за одење во пензија? Поради тоа што нема од каде да се исплаќат пензите! Нешто што кај нас ќе ни удри како бомба , а како доплнителен проблем е штанцањето на дипломиран кадар без знање и свое јас. Коа веќе збориш за поскапувањата јас би додал па не се качија цените само кај нас. Тоа е светски тренд , а анализата на светска банка покажува дека се повеќе ќе снемува храна. Плус апсурд е да се збори дека нема работа кај нас , а зјаат празни полиња. Една анализа укажува дека ние увезуваме храна која може сами да ја произведуваме ,ама не некој грешки не се оправаат.
 
Па што збориш бе,какви празни полиња па се е тоа земено од газди и бизнисмени кои само ја имаат земено земјата и користат државни субвенции,а никогаш не се занимавале со земјоделие,и ниту планираат да ја обработуваат,а додека многумина селани живеат по селата а немаат своја земја.ДА ИМ СЕ ОДЗЕМЕ ЗЕМЈАТА НА ПАРТИСКИТЕ ЛИГУШИ И ДА ИМ СЕ ВРАТИ НА СЕЛАНИТЕ!
 
B

Borg_Drone

Гостин
Празни полиња.Секако дека има празни полиња, ама тие се наменети за Албанците или пак за Македонците кои се под бирото на „Гвујо тупвото“ од осум сабајле до осум навечер.Еден „Џонсон Мети“ го утепаа тука од рекламирање, мислиш Господ го фатиле за муде, и исто така имаше и огласи од нивна страна дека бараат работници.Дневно сум пуштал по четири кратки биографии само за да го добијам тоа работно место за кое бараат луѓе, и ниту еднаш не ми се јавија.Не ми се ни јавија да ми честитаат за упорноста.На крајот дознав дека за да се вработиш во „Џонсон Мети“ гордост античко-хунзиска треба да му тропнат во џебот на градоначалникот на Општина Белимбегово Жика по неколку „златни алтани“ за да може да те пикне на работа.Замисли некој кој говори два јазика, студира, не може да се вработи, а се вработуваат сељачишта кои не знаат еден месец од годината да го напишат правилно, луѓе кои немаат завршено основно образование.
Ете, тоа е нашата реалност.Сакаш тука да работиш, мораш да пушиш.......
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Ахмети: Ако не можам да го решам проблемот со името, можам да ја комплицирам ситуацијата

Решението за името е блиску и ако тоа не се реши до декември, не чека изолација и сиромаштија, смета лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во интервју за Алсат М тој вели дека иако тој не е клучниот фактор за решението, сепак не треба да биде потценета неговата улога.

Spored mene najverojatno ce se resi problemot so imeto pred ili posle Nova godina
 
S

Sagan

Гостин
Комуњарите на Орешарски у некој тежок филм паднале.
Прават дополнителни проверки на сите апликанти за државјанства, така што им бараат на Македонците да поднесат дополнителни документи: изводи од еден од родителите и од баба или дедо, со услов вториот да е со датум на раѓање пред 1940 година.

Овие бедотинки мислат дека ако дедо/баба ти е роден/а пред ВСВ и формирањето на македонската држава, со сигурност си „блгарин“. Ако не, тогаш може да си македонски падобранац ...

Комуњарска работа.

Инаку, de facto, ваквиот потег со временска одредница треба да значи признавање на македонски народ и нација.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338

Kaj se smesaat ovie albanci sekogas zezancija iskoci e sega ja probija i ovaa sema i tie ce bidat blgari samo da otidat na zapad ama se cini deka bugarite dale malku povece pasosi na ovie novo osvesteni novi Blgari ako ako da moze da se naselat vo bugarija pa evtini imoti ima tamu cek cek na nas ce se smejat
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
117
Поени од реакции
10
Zdravo znae li nekoj dali moze da se izvadi Bugarski pasos vo Ambasadata vo skopje .PS Tatko mi ima BG pasos ? fala
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom