Еве и да речеме дека македонија е мизерна, 60% од населението се гладни, 90% работат за плата од 8 000... Но тука една работа не ми е јасна.
Еве пред 30-40 години, време кога у Македонија(Југославија) сите имале работа, секој имал можност за бесплатно здравство,образование,и можност за емигрирање у некоја од (условно речено) поразвиените Југословенски држави (словенија,хрватска,србија), имало убав и пристоен живот за секој. Од друга страна пак, Бугарија тогаш била земја од трет свет, рурална држава во која се управувало по сталинистички принцип(далеку поригорозно од нас), и бидејќи сум од иссточна македонија имам праено муабет со постари роднини кои живееле во тоа време и ми кажувале колку бугарите биле заостанати зад нас на СЕКОЕ можно поле (ова се ФАКТИ, верувам дека и бугарашите на форумот ќе се согласат со тоа, мада какви се тие фрикови и замајувачи на историјата не би ме чудело да не се согласат).
Е сега, прашањето ми беше, зошто бугарите во тоа време не поднесувале документи за македонски,српски и каков уште не пасош, за да си го подобрат својот живот и да емигрираат у Југославија? Можеби има изолирани случаи, но сепак никако не би можело да се спореди со тоа колку масовно македонците земаат бг пасоши последниве неколку години.
Дали тука станува збор за достоинство?Дали можеби таквите луѓе кои сакале да земаат југо-пасош биле малтретирани,тепани и што уште не за да се спречат у таа нивна намера? Што и да е, во тоа време немало случаи бугари масовно да земаат МКД пасоши.
Размислете и од таа перспектива. Претпоставувам дека многу од тие луѓе што земаат бг пасош сакаат да си најдат боље живот. Но дефинитивно немаат никакво достоинство, дури и се ГОРДИ на фактот што имаат пасош. Исто така, мора да се истакне дека Бугарите никогаш не пателе од македонците (во последниве 150 години), туку обратно. Почнете од ВМРО кое е уништено од софија, па балканските војни, пиринска македонија, втора светска војна и тн. Тоа е доволно за да ти стане јасно колку луѓе македонци пателе од бугарите. Исто е ко сега да земе некој израелец чиј што дедо или прадедо бил измачуван у Аушвиц да земе германски пасош. Ме сфаќате?
Јас на пример, не би спиел цел месец пред интервјуто кога ќе ме прашат што националност сум, и знам дека никад не би рекол дека сум бугарин.
п.с Не ми беше уопште поентата да истакнам каква е ситуацијата у македонија, па каква е низ западна европа, тука се е кристално јасно. Туку, колку само без никакво достоинство се прифаќа да се земе бугарски пасош.
И ајде еве да прифатам дека има случаи кои се испатиле по мкд, и им дошло преку таквото да работат за 200 евра, ама оние бе што одма по завршување средно образование одма земаат бг документи? Како да ги оправдам тие? Се испатиле нешто у животот? Пробале, виделе, се потрудиле?
Или пак оние што завршат некој ШКЉ факултет, без труд, без учење. И тоа го влечкаат до 25та година. И после немало работа, а нив не им се ни учи од скрипта 50 страни испит, да не зборам да ги натераш нешто друго да работат. Што да речам за тие?
Најлесно е да се земе бугарски пасош, и да се избега на страна. Македонецот секад ќе го избере полесниот пат, верувајте. Но да се остане тука и да се сменат работите(да ги измаваме политичарите). Е, тоа е тешко, но не е невозможно. Ама за жал, мрзи сме биле, мрзи ќе си останеме.