Па, можеш тоа да ѝ го кажеш најотворено.
Во смисла, мислиш дека те провоцира и те тера да ја секснеш. Кажи ѝ го тоа во лице и види како ќе одговори. Ако каже „Бегај бе ненормален“ или некоја варијанта од тоа, тргни се и веќе немој да ѝ збориш, особено што си имаш девојка, па си подмирен.
Ако некако ѝ се тера муабетот дека ѝ се сака да ја секснеш, кажи ѝ дека имаш девојка. И пак види како ќе изреагира. Ако тоа ѝ е доволно да се тргне од тебе, повторно - тргни се и немој веќе да ѝ збориш.
Ако повторно и тоа не ѝ е проблем да сака да ја секснеш, е тогаш веќе треба да правиш муабет со девојка ти, што таа мисли по тоа прашање. Скоро сигурно е дека ќе има некакви забелешки и ќе се противи на тоа, но во секој случај треба да ѝ кажеш. Тоа, во крајна линија, ќе ѝ наговести дека нејзиното место покрај тебе не ѝ е зацементирано и дека има други девојки што те меркаат. Со други зборови, или ќе ја мотивира дополнително да те излуди во кревет или на друг начин да биде уште подобра девојка за тебе или некоја трета (како „мрцкачката“) ќе се најде што ќе те одвлече да ја секснеш.
Е ако дури ни девојка ти нема против да ја секснеш оваа, е дури тогаш може да правиш муабет со оваа дека „би ти било жал ако само ја плеснеш и ја оставиш“. Со други зборови, веќе навлегуваш во секс со друга девојка и можеби таа сака повеќе од само секс со тебе; можеби сака врска. Според мене, многу ќе ти се искомплицира животот бидејќи (ако бидне секс со „мрцкачкава“) таа ќе почне да има свои побарувања, па дел од твоето време ќе треба да биде предвидено и за неа, а девојка ти уште ќе биде дел од тебе итн итн итн. Тоа се некои комплицирани односи со коишто јас искрено не се снаоѓам најдобро, но можеби ти се снаоѓаш, кој знае... Не знаеш додека не пробаш.
Најкраток совет: ако имаш девојка, таа има приоритет, т.е. сексот оди *прво* со неа, а да сексаш на страна ти треба комуникација со девојка ти за тоа. 99.99999...% од времето девојка ти нема да сака да секснуваш други на страна, така што најпросто е да си кажеш дека ништо нема да бидне со „мрцкачката“ па затоа сврти се на страна и продолжи си со животот.
Поздрав и со лесно.