Мене ми е само да не изгори следниот тренер. Ако го доведат сега нека му дадат целосна доверба, а не да е под притисок, затоа што и така слабо нешто да се направи сезонава.
Ова и така е последна година на Алегри во Милан, сега прашање е дали одма да дојде друг, во јануари или во јуни. До јануари можеби би требало да останат мирни, а и само Инзаги е единствено решение сега, освен некој тренер кој се вртел по разни екипи, а ќе биде само преодно решение, а таков не сакам. Значи, сега Инзаги, во јануари Инзаги или Сидорф и во јуни/јули овие двајца плус Прандели (можеби и вреди чекање за него).
Јас сум за Сидорф, има доверба од Берлускони, беше одличен фудбалер, има став за трнер, интелигентен е, разбира фудбал, сака убав фудба, има авторитет... И Милан секогаш имал среќа со тренери кои што претходно не направиле нешто многу, но поради различни причини биле интересни. Саки, Капело, Анчелоти!!!
П.С. Надвор од темата, да не се дрогира Констант?