Уште ти траа живото.Во животот не сум запалил цигара.


Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Уште ти траа живото.Во животот не сум запалил цигара.
А во која листа ќе ги ставиш чичковците во бели мантили што си играат Господ во лаборатории...си прават ГМО, си прават биолошки оружја, нови вируси, бактерии, па после оп нов лек, па нови вакцини, нуклераки, нови возила со нови издувни гасови итн итн па нели сето тоа е штетно и за себе и за другите околу тебе??? Тие решиле да си играат со туѓо здравје и со туѓи животи...а јас сум направила мој личен избор да бидам пушач и јас си одговарам и му штетам само на моето здравје на никој друг...
Стварно полошо од непушач ти е бивш пушач![]()
Знам, али никако да се роди желба. После ќе ги плукам пушачиве, ќе им се смеам што мрзнат надвор со цигара или пушат во обележани коцки со жолта линија ко да се лепрозни.Прејди на наша страна, поубо ќе ти е![]()
Знам, али никако да се роди желба. После ќе ги плукам пушачиве, ќе им се смеам што мрзнат надвор со цигара или пушат во обележани коцки со жолта линија ко да се лепрозни.
Не сум толку фина јас како васНе бе, оти да ги плукаш и да им се смееш?
Само ќе им делиш добронамерни совети да здобијат желба, истата која ти ќе ја здобиеш во блиска иднина![]()
Стварно полошо од непушач ти е бивш пушач![]()
Законот Е дискриминирачки. Дискриминира луѓе кои немаат осет.
Вистината е многу попрозаична. Тутунската индустрија ви го има начукано до крај. Задоволството кое го носат цигарите е наметнато. Прво ви е створена зависност, сега ја задоволувате таа зависнот. Не може да бидете поизлажани, и да бидите помалку без воља.
Продолжи, продолжи.![]()
А сега и аз искам да кажа нешто!
Законот Е дискриминирачки. Дискриминира луѓе кои немаат осет.
Не ми е намерата да солам памет затоа што сум бивши пушач, сакам да кажам дека „ситиот не му верува на гладниот“. Јас порано војна водев со непушачите. Мислев дека нивната реакција е претерана, дека не им смета толку колку што кажуваат... Колегите со кои сме делеле канцеларија ме молеле да не пушам толку многу кога биле настинати, ја имав истата реакција како секој пушач во неразвиена земја. Епа не сум била во право. Можеби на оваа возраст, како пушач, би имала повеќе осет(затоа што тогаш бев помлада), не знам, битно сега капирам колку моето однесување не било во ред. Избегнував да пушам само ако во близина има мали деца... Дури сега, откако буквално ми се гади од миризбата на цигарите, гледам како им било на тие околу мене.
Го потенцирав она „неразвиена земја“, затоа што сега живеам во земја, каде свеста на луѓето е повисока и нема буквално никакви реакции затоа што пушачите излегуваат надвор на -30 да пушат. Не сакаат да пушат ниту во нивните, ниту во туѓите домови, дури и кога инсистираш да си запали некој кој ти дошол на гости.
Инаку дефинитивно не ми е во ред пушачите да бидат третирани како лепрозни, но сметам дека тие самите треба да бидат свесни, без диригирања од страна.
Како го кажуваш ова, некој може да разбере дека компензацијата оди и во обратна насока...Ти си латентен пушач, си ги оставила цигарите а сепак продолжуваш со пушење и тоа ти предизвикува задоволство, што да правиме ние кој што немаме друг избор освен пушењето цигари, тебе ти е лесно си се префрлила на еколошки и баш ти чуе.