- Член од
- 24 февруари 2012
- Мислења
- 1.012
- Поени од реакции
- 2.154
Тоа што има факултет и е вработен не го прави повеке од тебе драга моја Испаднал сељак со тоа што те потценувал.22 имам немам можност во моментот да студирам а не е точно дека не правам ништо пробувам да најдам нешто да работам но тешко е што да правам. Му кажав нема вечно да бидам невработена ама тој рече не му се допаѓа тоа што не сум независна. Не знам и порано ми збореше како немам ни возачка дозвола ни кола. Нема врска, му посакувам среќа и нека најде некоја подобра од мене. Не сум негово ниво што да правам. Ама тој не прифаќа да прекинеме, упорно се враќа и не дозволува да одам. Никако не можам да ставам крај а се колнам веќе ми е прекипено сакам да завршам се и да продолжам без него ама тој пак ќе се врати знам да ме збуни пак и да ми дава лажна надеж.
Ако си немала возачка и кола...Мислам што игра улога тоа?Уште еден изговор од негова страна.
Не,не и не...бегај подалеку.Не му се правдај зошто не ти е ништо тој тебе за да му ги објаснуваш работите како стојат кај тебе.
И знам дека денес е тешко да се најде работа,но тој тоа не го сфака...не се ни обидувај да му објаснуваш...Тури му пепел на таквите егоисти како него.
Не прифака бидејки сака да те има како златна резерва...И не гледај нему да му погодиш.Мора да прифати еден ден...Почитувај се себеси девојко...Не ти е потребен.