Тоа е она што јас сакам да го побијам во темава. Таа недоверба во бројки, тоа приказни раскажување под притисок на бомбастични вест за некаков си раст кој ќе не покоси, тие тероии на заговор кој сега треба да почнат како Еу маскира бројки плашејќи се од некаков раст на муслимани чиј процент не е измислена бројка да го напише (она што кај нас се дешаваше) сите тие под точки да ги собереме во едно равенство = воздух теорија. Најискрено ако мислиш да дискутираме така да се откажам, нема поента.
Германците не презапишуваат никој кој поинаку не се изјаснил. Ако ние немаме слобода на говор, таму и те како ја има. Тие не смеат системски да презапишуваат или менуваат религии или припадност. Тоа е чист филм, твое мислење кое во дискусијава ама баш ништо не менува бидејќи твое мислење е твое, не е факт ниту аргумент.
Ајде да се држиме до конкретни бројки.
Во однос на бројкиве кој ги прикажа ќе пробам вака да те демантирам:
Во воведниот пост ја има кривата на муслиманите во Еу и се разбира Германија. Значи во Германија живеат под 5% милиони муслимани, од кои 2,5-2,7мил се Турци доселени после 65те години. Германија има
81,305,856 (July 2012 est.) жители. Од нив вака стојат процентите:
German 91.5%, T
urkish 2.4%, other
6.1% (made up largely of Greek, Italian, Polish, Russian, Serbo-Croatian, Spanish)
Значи на немуслимани потпаѓаат над 95,0%. Останати процентот е секогаш дупли од муслиманските доселеници, само милион се Пољаци во Германија. Бројката на немуслимани доселеници е поголема од бројот на Турци кои живеат во Де. Значи не е незначителна бројка туку убиствена бројка за твојата теза.
Стапката кај немуслимани е околу 1% сега на 78 милиони (со одстапка 2,5 +,-) жители, а стапката кај муслимани е денес на 1,7% од некои си 4 милиони жители. Во превод со бројки 780 000 се раѓаат немуслимани со 68 000 жители од кај муслиманите. Збориме за страшни почетни разлики и темпа кои во наредните 150 години нема да добијат забележителен процент.
Мене овие бројки воопшто не ми се аларманти и поразителни според ова што го гледам. Годините во кои Турците доселени во 70те раѓаа по десет деца поминаа, сега раѓаат до 3 деца- тоа значи социјализација. Турците како најдоминантно население го води чекорот на муслимани во Германија. Од нив има доста високообразовани лица, бизнисмени и политичари. Тоа автоматски ќе донесе пад на стапката кај нив до нормална 1-1,2%.Се очекуваат новите статистики, Германците со развојната програма за зголемување наталитет последниве 5 години имаат голем успех. За ова сеуште нема резултати, но од она јас што го гледам Германките сега раѓаат по 4 деца. Дури и јас се чудам како е можно и како имаат време за тоа. Нешто се менува по ова прашање, резултатите ќе се сменат во следни десет години. Бранот на самоуживање помина во Германија и во цела Еу. Дефинитивно помина.
Тоа во превод му доаѓа како ние овде да се плашиме од Ромите. Така гледаат Германците на нив, додека овие стасаат на ниво на Германците во развој и образование, Германците ќе се преселат на Јупитер со мохито во рака и ќе си го ладат.
Може да паничи, да алармира и да се чувствува поразително само човек кој не знае да чита бројки.