ете уште еден христијанин“ кој појма нема за верата своја кога како и каде настана.
еве ти една тема за мислена вежба:
Aко Исус рекол:
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“
Матеја 5. 17 - 19
34 Нема да го нарушам Мојот завет и нема да го изменам она, што излегло од устата Моја.
Псалм 88
И сега објасни ми ако Бог и Исус рекле дека нема да се менува ништо дека ни една црта од законот нема да се поништи и укине и ако и ве предупредија на тие што ќе идат и ќе ве учат да ги поништите и укините закониоте - објасни ми како тоа денес да не се почитуваат божјите закони?? Како тоа да не важи повеќе законот за обрежување, принесување на жртви во храмовите, почитување и славење на саботата како ден божји, воздржување од забранети јадења, како тоа да се клања денес по црквите на слики и кипови??? Кој ве наговори да направите се спротивно од божјиот збор и воља?? Кој друг ако не антихрист и сотоната би ги научиле луѓето да ги отфрлат божјите закони?? кој би му се радувал на тоа да што повеќе луѓе скршнуваат од патот божји?
28 А пророците нејзини се замачкуваат со кал, гледаат суета и им претскажуваат лага, велејќи: "така вели Господ Бог", иако Господ не рекол така.
Егзекиел 22
10 Бидејќи кој го запазува целиот закон, а се сопне само во едно, станува виновен за се.
Јаков 2
А денес закони изменети, закони поништени, закони укинати и нови закони спротивни на Неговите се донесени. Па види ти дали антихристот веќе увелико не работи и дела меѓу луѓето