ете уште еден христијанин“ кој појма нема за верата своја кога како и каде настана.
еве ти една тема за мислена вежба:
Aко Исус рекол:
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“
Матеја 5. 17 - 19
34 Нема да го нарушам Мојот завет и нема да го изменам она, што излегло од устата Моја.
Псалм 88
И сега објасни ми ако Бог и Исус рекле дека нема да се менува ништо дека ни една црта од законот нема да се поништи и укине и ако и ве предупредија на тие што ќе идат и ќе ве учат да ги поништите и укините закониоте - објасни ми како тоа денес да не се почитуваат божјите закони?? Како тоа да не важи повеќе законот за обрежување, принесување на жртви во храмовите, почитување и славење на саботата како ден божји, воздржување од забранети јадења, како тоа да се клања денес по црквите на слики и кипови??? Кој ве наговори да направите се спротивно од божјиот збор и воља?? Кој друг ако не антихрист и сотоната би ги научиле луѓето да ги отфрлат божјите закони?? кој би му се радувал на тоа да што повеќе луѓе скршнуваат од патот божји?
28 А пророците нејзини се замачкуваат со кал, гледаат суета и им претскажуваат лага, велејќи: "така вели Господ Бог", иако Господ не рекол така.
Егзекиел 22
10 Бидејќи кој го запазува целиот закон, а се сопне само во едно, станува виновен за се.
Јаков 2
А денес закони изменети, закони поништени, закони укинати и нови закони спротивни на Неговите се донесени. Па види ти дали антихристот веќе увелико не работи и дела меѓу луѓето
На оваа тематика е дискутирано повеќе пати и повеќе пати ти е посочено посебно тебе или вас атеистите.
Не`си го разбрал стариот завет а сакаш да се дрзнуваш да судиш за новиот завет и апостолите.
Христос беше изполнувањето на стариот завет неговото тело е исполнување на стариот завет а цел Стар Завет севочи и го припрема Господ Бог на доаѓање во тело на земјата.
Во Новите евангелија потенцира како Ристос како себежртвување влегува како жртвеник во синагогата со својето тело и крв се принесува себеси како жртвеник за гревовите на народот.
По неговата телесна смрт Храмот за жртвување се сруши,завесата од пред ковчегот се скина напола.
Христос во новиот завет ги исполни и ни се прикажа како Господ.Ни еден закон не е ниту најмалку сличен на Христовиот.доволно е тоа и што пророкот Исаија го сведочи тоа.
Христос во новиот завет Господ не го нарече Јехова ниту нареди обрежување ниту забрана за повторно женење/мажење,наместо убивање Покајание,наместо жртвување на животно себеси духовно жртвување (САКАШ ДА ТИ ГО ПИШУВАМ ЦЕЛО ЕВАНГЕЛИЕ ТУКА)
Она што Христос ја создаде Црквата и законите на црквата се под раководство на Светиот Дух како пред 2000 год,така и денеска како што е угодно на Господовата волја.
Православието како Директни потомци на учењето Апостолот Павле доволно покажува знаци, исцеленија и пророштва поврзани со евангелијата и апостолските посланија.
Апостолот Павле беше еден од најголемите антихристијани во зачетокот на рисијанството како фарисеј ги спалуваше новопечените покрстени евреи и ги убиваше додека не му се јави лично Ристос. од кој поверува остави се и под покровителство на светиот Дух постана Бого-мудар се откажа од себеси и отиде да го проповеда рисијанството.
Антихристот треба да се роди и ќе се роди како што е наведено во Петтото Евангелие кој ние народот денеска го живееме и повеќето пророштва се веќе исполенти.
Не би одел повеќе офтопик зошто ќе ја затворат темата ако не ти е јасно нешто повели во темата за Христијанство.