Кога ќе почнеме да се цениме?

"Каков народ - таква држава", епа кога народот ќе почне да се цени, да не се дели по бои каква ќе биде државава?

Јас се ценам како антички словен.
 
Јас мислам народот дека ја прави државата, нели е тоа логично?
Нели сега сме независна демократска држава?
Што значи нема повеќе диктатура, имаме голем избор на партии, можеме да си лаеме колку сакаме...
А како народот да ја избере државата кога партиите се клеветат и кодошат меѓу себе, си ги истакнуваат негативните работи пред цел свет, видно ја ослабнуваат државата само со цел да се дограбаат до позиција на власт? Повеќето луѓе не гласаат, го искористуваат правото на глас со тоа што цртаат бетмени, пречкртуваат бројки и тн. пошто го немаат изборот кој го сакаат. Единство не постои помеѓу Македонците. Јас многу би сакал да постои, со тоа ќе можеме да бидеме многу подобра држава, али не постои. И пак ќе се вратам на тоа што го кажав. Ако има некој некаков предлог како да го поправиме тоа, повелете. Многу би сакал тоа да се случи.
 
Ќе почнеме да се цениме, кога ќе почнеме реално да поимаме што сме и какви сме. Сè додека се замислуваме дека сме некаква божја најстара цивилизација или пак да се потценуваме како сме најлоши без никаква надеж, ќе останеме вакви како што сме. Кога ќе сфатиме дека сме шака народ на грутка земја, без некоја голема релевантност во светот поради својата историја или географско, религиозно, штотизнам значење, и дека може да се покажеме само со нешто што ќе направиме за нас а не за другите - тогаш ќе знаеме да се цениме. Биди горд тоа што ќе направиш а не тоа што си. Тоа што си се родил во една земја не е постигнување некакво, туку само место на раѓање. Додека тоа не се смени - џабе е.
 
А како народот да ја избере државата кога партиите се клеветат и кодошат меѓу себе, си ги истакнуваат негативните работи пред цел свет, видно ја ослабнуваат државата само со цел да се дограбаат до позиција на власт? Повеќето луѓе не гласаат, го искористуваат правото на глас со тоа што цртаат бетмени, пречкртуваат бројки и тн. пошто го немаат изборот кој го сакаат. Единство не постои помеѓу Македонците. Јас многу би сакал да постои, со тоа ќе можеме да бидеме многу моќна држава, али не постои. И пак ќе се вратам на тоа што го кажав. Ако има некој некаков предлог како да го поправиме тоа, повелете. Многу би сакал тоа да се случи.

Сигурно тој проблем нема да се реши тука на кајгана...
Кој и да дојде на власт ќе игра како што ќе му кажат од ЕУ и од САД, ваљда на сите тоа ни е јасно...
 
Сигурно тој проблем нема да се реши тука на кајгана...
А за тоа со партиите, кој и да дојде на власт ќе игра како што ќе му кажат од ЕУ и од САД.
Токму така, тоа е вистината, џабе лаеме ние тука. Како што спомнав, презаглавени сме, и одглавување тешко. Можеме само да се образуваме колку што можеме повеќе и ако тоа ни е желбата на интелектуално ниво пред светот да ја браниме и подобруваме државата. Али колку што ќе напредуваме ние, толку ќе напредуваат и другите. Оние земји кои веќе се унапредени имаат и поддршка од државните органи, а ние ја немаме таа поддршка. И така све во круг :)
 
Зашто мислиш дека не вредиме како народ?

Зошто самиот на себе си е непријател. Никој неможе повеќе да ти наштети како најблискиот што може. Не се лажи и не живеј во заблуда, албанците се криви, САД се криви, Грците се криви... Никој не ни е крив...

Дали знаеш како се задушени македонските востанија? Дали знаеш од кого се убиени македонските револуционери? После ова мислиш дека вредиме?

Сега во 21 век кажи дали како народ се држиме меѓу себе? Како вредиме, на форум? На зборови вредиме?

Кој им даде права на албанците? Кој ја угушува економијата постепено, кој ги прави сите буцкања меѓу нас македонците СДСМ бил , ВМРО бил, Курле од Кина?

Имавме држава на тацна и таа успеавме да ја заебеме како што сме го заебале и Илинденското Востание. Себични сме како народ само 5 % се прави националисти и идеалисти кои се знае каде завршуваат на крајот. Кажими кој ги памти борците од 2001? Било поминало, ќе појде некој заменик политичар почит да одаде и тоа ќе биде тоа..

Знаеш САД како дава почит? Знаеш на 11 септеври кога ги срушија кулите близначки што се случи потоа? Филмови,споменици,настани,говори,масовни собири - ете така се жали за минатото.

Него што зборам пушти сител друже ќе видиш економски раст и развој на Македонија секој ден, како и отварање нови фабрики 365 дена во годината...
 
Зошто самиот на себе си е непријател. Никој неможе повеќе да ти наштети како најблискиот што може. Не се лажи и не живеј во заблуда, албанците се криви, САД се криви, Грците се криви... Никој не ни е крив...

Дали знаеш како се задушени македонските востанија? Дали знаеш од кого се убиени македонските револуционери? После ова мислиш дека вредиме?

Сега во 21 век кажи дали како народ се држиме меѓу себе? Како вредиме, на форум? На зборови вредиме?

Кој им даде права на албанците? Кој ја угушува економијата постепено, кој ги прави сите буцкања меѓу нас македонците СДСМ бил , ВМРО бил, Курле од Кина?

Имавме држава на тацна и таа успеавме да ја заебеме како што сме го заебале и Илинденското Востание. Себични сме како народ само 5 % се прави националисти и идеалисти кои се знае каде завршуваат на крајот. Кажими кој ги памти борците од 2001? Било поминало, ќе појде некој заменик политичар почит да одаде и тоа ќе биде тоа..

Знаеш САД како дава почит? Знаеш на 11 септеври кога ги срушија кулите близначки што се случи потоа? Филмови,споменици,настани,говори,масовни собири - ете така се жали за минатото.

Кој изврши притисок Македонија да прими над 200 000 бегалци од Косово?
Кој го предизвика конфликтот во 2001?
Кој изврши притисок да бидат извадени инструкторите на КФОР од Арачиново?
Кој изврши притисок да се потпише рамковен договор?

И више бла бла бла цело време истите срања...
 
А како албанците се избориле за тоа знаеш? Со крв, мака и работа на црно? Америка го пика носот таму каде што има интерес и пари. Што сме и дале ние на Америка па за да биде во наша корист?

Доста со тој менталитет дека другите нас не уништуваат а ние сме цвеќето за мирисање. Кажими не постојат тајни организации, рекетари, криминал да се избалансира сето тоа? Во познатите Европски земји знаеш како азилантите се протеруваат? Читни малку повеќе за да видиш како таму има организации кои што прават крвишта се живо и диво што не е нивно а се финансирани од врвните политичари.

Само подобро е да се жалиме нели? А кога ќе треба избори кај нас да има одма затворите се отвараат за лични интереси, дај те молам...
 
Па тие познати европски земји прават и уништуваат мали држави...
BTW, албанците само имаат среќа што нив ги избрале за да си ги остварат нивните интереси...
 
Па тие познати европски земји прават и уништуваат мали држави...
BTW, албанците само имаат среќа што нив ги избрале за да си ги остварат нивните интереси...

Верувај во тоа дека се избрани без причина (y)

Албанската мафија е во голем број во Америка, башка мешаат прсти и во муслиманството кое исто така има гоолеми приходи од дрогата. Не се секирај знаат што прават, ништо не е така како што ние мислиме. Тешки договори се вршат позади секоја акција, ние како народ ако не сме успеале да си направиме свои тактики никој не ни е крив.
 
Друже, немам потреба за што да се бранам. Одамна имам сфатено дека од ова држава не бидува.
А за тоа дека тешки договори се вршат позади секоја акција си во право, речиси сите балкански држави се создадени поради взаемни интереси помеѓу нив и големите сили...
 
Али брат тие работи не можеш толку лесно да ги одвоиш, све е тоа поврзано. Едното произлегува од другото, така се врти кругот. Каков народ - таква држава кажа колегата погоре. Не знам каков бил народот кој ја избрал ваквата држава, али сега државата е таа што го прави народот каков што е. Еве уште нешто да додадам.

Тоа е многу тешко, да застанеш пред светот и гордо да речеш "Јас сум Македонец". Ја кога на едно место на интернетот пишав дека сум од Македонија, едни од Данска ме прашаа дали имаме интернет тука (приказ на туѓото, секојдневното гледиште од странците за Македонците). Мои другари еднаш беа истепани од навивачи од Комити пошто мислеа дека биле Албанци, а сите беа наши (приказ на слогата меѓу етничките Македонци). Пред година дена преовладуваше страв од луѓето да се возат по автобуси пошто се плашеа да не бидат истепани од Албанци (приказ на слогата помеѓу етничките групи во Македонија). Мои пријатели се присилени да глумат припадници на одредена политичка партија, бидејќи е единствениот начин да ја добијат и повеќе од заслужената работа (приказ на работните можности во Македонија).

И во кој од овие случаи ја би застанал гордо и би се ценел со тоа што сум, кога можеби токму за тоа што ќе го кажам би бил нападнат, наклеветен или исмејуван? Не ја гледам причината да се ценам. Горд сум на тоа што се случувало пред мене и пред моите родители, баби и дедовци и останати потомци. Али со ова што се дешава сега, јас немам гордост да застанам и да кажувам дека сум Македонец.
Читам по странски форуми се жалат Американци Германци Холанѓани итн колку не им чинеле државите... ако ги читаш нив ќе се уплашиш мислиш секој ден со стапови ги тепаат и нокти им вадат страв да те фати да одиш таму...тцтц ама ова ти е типичен Македонски феномен Ако била побогата државата ќе биле поголеми патриоти/националисти. Јас сум барем искраен дури и Македонија да направи БДП на Швајцарија или Норвешка Јас не стануваат поголем патриото-националист. За пари не се продавам...колку само ова последново убаво звучи од најголемиот капиталисто-фил на формов.
Колку е тоа интересно некој кое е толку заинтересиран за пари и финансии а толку малку да му менуваат во животот и да не му се важни...пари се само бизнис и страст а не живот и цел на постоењето.
Ај да не забегувам во филозофија и смислата на животот.
На темава @Кублај Хан советува да бидеме поголеми патриото-националисти народов вика дај ми пари па ќе бидам поголем патриот од Гоце Делчев. Јас незнам која корист од идејава на Кублај Хан а уште помалку контам зошто некој би го правел тоа за пари...Ништо не ми јасно овде...ко од Марс да сум паднат...се ми е Шпанско село.
 
Сиве овие пропаганди што ги прави светов против Македонија е доказ дека ние македонците вредиме како народ со огромно минато, само ние тоа никако да сфатиме. Секогаш кога ќе помислиме на некој што не е македонец го ставаме над нас. Зашто? Ние сме дел од најстарите цивилизации ако не и најстара во Европа. Додека ние живеевме во општество тие (ЕУ и пошироко) се уште беа номади без никаква култура. Тие се тие што треба да не гледаат од доле а не ние. Ние сме првите што создале цивилизација, своја култура, не тие. Ние вредиме, народе македонски, почни да се цениш!

Ај погледај ја малку сегашноста, премногу му давате значење на минатото (мртвите работи). Дали сега во овој момент толку вредиме, а ако има нешто што вреди кај нас освен некаква недоволно дефинирана историја кажете?
Кога збориме за народ, тогаш збориме за една целина, немојте сега да ми вадите некои поединци од типот, Тоше Проевски, Трпчевски, Марко, и др демек овој што направил оној што направил. Што е тоа што Македонците како целина ги вреднува повеќе него некои други народи ?
Која целина од нашиот систем е врвно развиена, рамо до рамо со некои врвни системи? Здравство, економија, политика, индустрија, земјоделство....или можда сме познати по патриотизмот или па по трчање по државна работа, клати врата зимај плата?
Па што ако сме најстар народ? Тоа да не е случајно предуслов за поголеми права над другите народи?Демек еве ние први стапнавме и сега вие сте нешто под нас као да не бевме ние немаше да постоите вие....ама ете постојат и се подобри од нас во секој поглед. Ете номадите (Западњаците) испаднаа дека се попаметни од нас, едноставно можат што сакаат да прават со нас од што се паметни што имаат создадено многу повеќе од нас и се во голема предност пред нас, во секое поле, како народ. Ние сме си останале затуцани, они се развивале, и кога некој измислувал нуклеарна бомба, ние сме измислувале црешево топче. Ете ти го степенот на развој и паметот наш. Причини секако дека има зошто сме останале затуцани, но факт е дека сеуште трпиме поради тој застој во интелектуалниот развој на народов, во минатото, и сеуште сме затуцан народ, во споредба со многу други народи. Не сме најзатуцан, има и од нас полоши, но па не сме и нешто посебни. Кога би дал една оценка на нашиот степен на развој од 1 до 10, мојата оцена би била 4.
Во минатото можеби сме биле народ кој можел да се гордее со себе, но важно е СЕГА што сме и како се снаоѓаме?
Ние денес сме сиромашен народ, кој полека се развива но тешко да ги стигне најсовремените народи ако се движиме со ова темпо на развој.
 
Mentalniot sklop ni e takov,mislime deka sme podobri od ona sto sme i toa sekogas ni sve vraka so loso.
--- надополнето: 23 октомври 2013 во 10:21 ---
Kako mal seuste se sekavam na Filmskiot Maraton kade davaa filmovi po cela vecer na MTV,eden od najomileni togas mi bea

i edna od moite najomileni serii na A1

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom